МОН објавува Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови

Министерството за образование и наука информира дека утре ќе биде објавен Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2016/2017 година. Согласно Конкурсот, предвидени се вкупно 2.550 слободни места, и тоа: во ученичкиот дом „Мирка Гинова” во Битола, вкупно за 273 ученици; „Лазар Лазаревски”, Велес – 221, во „Бранко Станоевиќ”, Гостивар -200 слободни места; „Крсте П. Мисирков”, Кавадарци-100, во ученичкиот дом „Проф. Мијалковиќ” во Куманово за 120 ученици; „Митко Пенџуклиски”, Кратово-45; „Боро Менков”, Крива Паланка – 84; во „Св.Наум Охридски”, Македонски Брод-70; „Ванчо Питошески”,…

повеќе...

Конкурс за доделување стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Хрватска за академската 2016/2017

Врз основа на Програмата за соработка од областа на науката, технологијата и образованието помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, потпишана на 23 февруари 2015 година во Скопје, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува КОНКУРС за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Република Хрватска за академската 2016/2017 година 1. Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература, 2. До осум (8) месеци стипендии за…

повеќе...

Конкурс за стипендирање магистерски и докторски студии за наставниците во државните училишта

Министерството за образование и наука првпат објави Конкурс за доделување стипендии на наставници од државните основни и средни училишта кои ќе запишат магистерски или докторски студии на некој од најдобрите 200 универзитети во светот од областа на образованието, кои се на ранг-листата на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет или на листата на Quacquarelli Symonds (QS) од Велика Британија. За новата мерка која неодамна ја најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска информираше дека огласот е веќе објавен на веб-страницата на МОН и заинтересираните наставници…

повеќе...

МОН објави конкурс за стипендии за студии по старотурски јазик

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 20 целосни стипендии за додипломски и за постидипломски студии за изучување на старотурски јазик на некој од светските универзитети на кои има катедри за отомански студии. МОН трета година по ред го објавува конкурсот преку кој во изминатите две години биле стипендирани девет кандидати – четири на додипломски и пет на постдипломски студии. Рокот за пријавување на новиот конкурс, за академската 2016/2017 година, ќе трае до 30 септември. Стипендијата е целосна и ги покрива сите трошоци на студирањето и за престојот…

повеќе...

Распишан конкурс за субвенционирање на трошоците за користење на спортски терени на ЈП „Билјанини извори“

Општина Охрид распиша Конкурс за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид. Целта на оваа одлука е поттикнување на масовниот спорт и спортот воопшто, поттикнување на здравјето на граѓаните, комуникацијата, соработката и тимската работа како и создавање услови за живеење на младите кои претставуваат движечка сила и промотор на новите вредности. На конкурсот можат да аплицираат Здруженија на граѓани и Акционерски друштва или друг облик согласно законската регулатива. Условите кои…

повеќе...

Конкурс за стипендии за постдипломски студии во Унгарија

Програмата за магистерски студии (Master of Science – MSc Fellowship Programme) на Министерството за рурален развој на Унгарија, поддржана од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (FАО), за академската 2016-2017 година нуди можности за доделување на стипендии за кандидати од Република Македонија за постдипломски студии на Kaposvar University и Szent Istvan University (Faculty of Agricultural and Environmental Sciences, Faculty of Horticultural Sciences) во Унгарија, за следните програми: 1. Земјоделски науки (Agricultural Sciences 2) 2. Земјоделска биотехнологија (Agricultural biotechnology) 3. Исхрана на животни и безбедна исхрана (Animal nutrition and feed…

повеќе...

Заокружен процесот за прием на 250 професионални војници во 2015 година

Денеска, Министерството за одбрана го објави Решението за прием на кандидати за професионални војници во служба на АРМ. Од Министерството истакнуваат дека кандидатите поминале низ ригорозен процес на селекција, која и овој пат вклучувула 24-дневен селективен курс, организиран и воден од Полкот за специјални операции. Со заокружувањето на приемот на втората група од 125 професионални војници целосно се реализираше најавениот процес за прием на 250 професионални војници во Армијата на Република Македонија. Со приемот на професионалните војници, Армијата на Република Македонија продолжува со пополната на своите редови и тоа со…

повеќе...

Резултати од конкурсите за ученички стипендии за 2015/2016 година

Резултати од конкурсите за ученички стипендии за 2015/2016 година Резултати: 50 (педесет) стипендии за талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици – спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година Сите кандидати – добитници на стипендија потребно е да пополнат 3 примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно…

повеќе...

Ема Николоска и Сергеј Костовски се добитници на наградите од литературниот конкурс

Литературните творби „Охрид во чест на Свети Климента“ од Сергеј Костовски ученик во прва година во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ и „ Ѕвездата кон Бога“ од Ема Николоска ученичка во четврто одделение во ОУ „Григор Прличев“ се добитници на наградите на Литературниот конкурс, кој по повод 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, за учениците од охридските основни и средни училишта, го распиша градоначалникот Никола Бакрачески. На добитниците, наградите во вредност од 3.000 денари, ќе им бидат врачени денеска, на 7.12.2015 година (понеделник) во 13 часот во…

повеќе...

Јолевски: Сите млади лица да се пријават на конкурсот за пилоти

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во рамките на денешниот „Отворен ден“ во Центарот за обука на пилоти во касарната во Петровец ги повика сите млади лица до 27 години кои се мотивирани да станат идните пилоти во Армијата на Република Македонија, да се пријават на отворениот конкурс. Овој центар, кој е заеднички проект со израелската компанија „Елбит“ е еден од најквалитетните центри од овој тип во светски рамки, рече министерот Јолевски. Тој посочи дека процесот на селекција е целосно објективен и се темели единствено на покажаните способности преку серијата тестирања…

повеќе...