Познати добитниците на наградите од литературниот конкурс

Литературните творби „Охрид во чест на Свети Климента“ под шифра „Триконхос“ и „ Ѕвездата кон Бога“ под шифра „АЕИ 321“ се добитници на наградите на Литературниот конкурс, кој по повод 8 Декември- Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, за учениците од охридските основни и средни училишта, го распиша градоначалникот Никола Бакрачески. Добитниците на наградите, авторството треба да го докажат со третиот примерок и потврда дека се редовни ученици во некое од основните и средните училишта во Охрид, кои најдоцна до утре, 4.12.2015 година ( петок) треба да ги…

повеќе...

Резултати од Конкурсот за стипендирање на ученици и студенти

По завршувањето на постапката по конкурсот за стипендирање на ученици и студенти, објавена е листата на избраните ученици и студенти. Учениците и студентите кои добиле право на користење на општинските стипендии во наредните пет дена во Одделението за образование во општина Охрид, треба да достават трансакциона сметка. ЛИСТА НА УЧЕНИЦИ СТИПЕНДИСТИ ЛИСТА НА СТУДЕНТИ СТИПЕНДИСТИ

повеќе...

Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06, 54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница, одржана на 23.11.2015 година донесе … ОДЛУКА за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија. 1.Во…

повеќе...

Избран најстариот жител и брачниот пар со најмногу години во брак во Охрид и Дебрца

Тмурното и врнежливо време во Охрид, не го попречи доживувањето на „Сончевата есен на животот“, саботен настан кој ги разгали срцата на старите лица, пензионерите и сите оние кои ја исполнија големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за да уживаат во програмата подготвена од Црвениот крст Охрид, во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица. Под модераторство на актерот Љупчо Тодоровски-Упа со рецитирање на стихови од поезијата на Блаже Конески, на сцената со својот настап блескаа КУД „Далги“ при Здружението на пензионери од…

повеќе...

Конкурс за доделување стипендии за ученици запишани во Спортската академија за учебната 2015/2016 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 12-а од Закон за Спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14, 129/15 и 146/15), а согласно Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија („Службен весник на Република Македонија” бр.191/15) и Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за учениците во Спортската академија во Република Македонија за учебната 2015/2016…

повеќе...

Конкурс за стипендии за студии на првите 100 најдобри универзитети во светот

Министерството за образование и наука на stipendii.mon.gov.mk објави Конкурс за доделување стипендии за студенти кои во академската 2016/2017 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на некој од 100-те најдобри универзитети во светот, според рангирањето на Центарот за универзитети од светска класа при Универзитетот Џио Тонг од Шангај. Ова е петта година откако МОН го објавува Конкурсот и досега можноста ја искористиле околу 150 македонски граѓани. Како и во изминатите години, кандидатот треба да е државјанин на РМ, да не е корисник на друга стипендија,…

повеќе...

„Кирил 1830 – Кирил 2001“ ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2015

Наградата за најдобра поема за 2015 година „Григор Прличев“ се додели на поемата „Кирил 1830- Кирил 2001“ под шифра „Кирил“. Наградата ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид. По разгледувањето и оценувањето на 12-те пристигнати ракописи во предвидениот рок на Конкурсот, членовите на Жирито едногласно констатираа дека одзивот во тековната натпреварувачка година за најдобра македонска поема не е масовен и е релативно задоволителен во квалитативна смисла. При тоа оценувачите се согласија дека голем дел од пристигнатите поетски ракописи не ги исполнуваат очекуваните литературни и уметнички стандарди. „Останатите ракописи…

повеќе...

Објавен конкурс за 2.905 студентски стипендии, износите повисоки за 10 отсто

Министерството за образование и наука објави нов конкурс за студентски стипендии за академската 2015/2016 година. Оваа година се доделуваат 2.905 студентски стипендии и согласно одлуката на Владата од мај износите на стипендиите се зголемени за 10 отсто, изјави заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, појаснувајќи дека стипендиите се поделени во четири категории. Првата категорија на стипендии се однесува за студенти од социјално загрозени семејства, односно семејства корисници на социјална парична помош или друг вид поддршка од државата, со што предност имаат децата на самохрани родители, децата без родители и…

повеќе...

Започна реализацијата на предвидените обуки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд

Реализацијата на серија стручни обуки за невработени лица, кои одделението за ЛЕР при општина Охрид ги предвиде во Годишната програма за 2015 година како „Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд” е во тек. По објавувањето на конкурсот се изврши селекција на кандидатите и се пристапи кон спроведувањето бесплатни курсеви од стручните профили заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини – подесувачи на машини. Обуките за готвачи се одржуваат два пати во неделата во просториите на Факултетот за туризам и угостителство под менторство на професори – лидери во едукацијата…

повеќе...

Во тек е Конкурсот за финансирање проекти од областа на креативните индустрии за 2016 година

Во тек  еГодишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии за 2016 година. Министерството за култура на Конкурсот, кој трае до 4.12.2015 година, ќе поддржи проекти кои се во функција на промоција, афирмација и развој на креативните индустрии, во следниве сектори: визуелни уметности (графички дизајн, мултимедијален дизајн); индустриски дизајн, дизајн на производ и моден дизајн; како и манифестации/фестивали и конференции/форуми од областа на креативните индустрии. На Конкурсот, право на учество имаат здруженија и други правни лица кои се регистрирани во Централниот регистар на…

повеќе...