Повторен Конкурс за идејно архитектонско решение за административен деловен објект со музеј и одделен клуб-ресторан за МОК

Македонскиот олимписки комитет денес (21.7.2016) распиша повторен конкурс за идејно архитектонско решение за административно деловен објект со музеј и одделен клуб-ресторан за Македонскиот олимписки комитет, со следниот текст: 1. Набавувач на Конкурсот е Македонскиот Олимписки Комитет 2. Предмет на Конкурсот е Изработка на идејно архитектонско решение за посебен административно деловен објект со музеј и посебен клуб-ресторан за Македонскиот олимписки комитет (МОК) 3. Опис на проектот: Учесниците на Конкурсот потребно е да достават идејно архитектонско решение за објектите со следната содржина: Ситуација со поширока околина 1:500 Силуети 1:500 Решение на партер со…

повеќе...

Објавен новиот конкурс за пилоти

Министерството за одбрана на Република Македонија денес го објави новиот конкурс за идни пилоти во Армијата на Република Македонија. „Ги повикуваме сите млади лица до 27 годишна возраст, кои ги исполнуваат општите и посебните критериуми и кои имаат силна мотивираност да бидат дел од воздухопловните сили на Армијата на Република Македонија, да се пријават на Конкурсот.“- велат од Министерството. Идните потенцијални пилоти ќе имаат можност да се обучуваат во Центарот за обука на пилоти од високо квалификувани професионалци од Израел и Македонија. Сите подетални информации во однос на Конкурсот може…

повеќе...

Објавен е конкурсот за упис на јавните универзитети за академската 2016/2017 година

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на конференција за медиумите информираше дека е објавен конкурсот за уписи на јавните високоборазовни установи во Република Македонија за академската 2016/17 година. Конкурсот предвидува вкупно 24.356 слободни места на петте јавни високообразовни установи во државата. 13.536 места се наменети за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни студенти. Ристовски апелираше до сите идни студенти изборот на областа во која ќе студираат да го направат врз основа на сопствените убедувања, афинитети и предиспозиции,…

повеќе...

Конкурс за избор на сувенир на град Охрид

Согласно Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2016-2018 година, општина Охрид на ден 13.06.2016 година ОБЈАВУВА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА СУВЕНИР НА ГРАД ОХРИД Препознатливоста на туристичката дестинација е клучна за идентификување на туристичката понуда. Создавањето на уникатна слика за понудата и урбаниот имиџ кој ќе соодветствува со побарувачката треба да бидат додадени во делот на афирмирањето на туризмот во општина Охрид. Токму затоа, во насока на збогатување на туристичката понуда по теркот на современите туристички трендови, општина Охрид вложува во мотивирањето и збогатувањето…

повеќе...

Објавен конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов

Објавен е конкурсот за седмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид. Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата…

повеќе...

Основци од „Кочо Рацин“ учествуваа на ликовен конкурс „Народни носии“ во Бугарија

Учениците од трето 2 одделение, од ОУ „Кочо Рацин“, Охрид, Анабела Шокароска и Мартин Ристевски учествуваа на ликовен конкурс од Стара Загора Бугарија на тема „Народни носии“. Основците кои беа под менторство на наставничката Виолета Петковска добија благодарници и беа наградени со книги од детската писателка од Бугарија, Нуса Рајнова.

повеќе...

Продолжен рокот за пријавување на бесплатните обуки од електро и машинска струка

Рокот на конкурсот за невработени лица за обуки од машинската и електро сфера е продолжен. Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите своите пријави можат да ги поднесат најдоцна до 10 јуни. „Минатата година Секторот за туризам и локален економски развој, во рамки на програмата за 2015 година веќе спроведе една серија на вакви обуки при што минатата година беа обучени 15 лица и тоа во три струки, заварувачи, машинисти и бравари, а оваа година веќе во тек е пријавувањето на сите заинтересирани лица кои што сакаат да ги искористат овие…

повеќе...

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Централноевропска програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS-Central European Exchange Program for University Studies) објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Република Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUSIII- Central European Exchange Program…

повеќе...

Објавен Конкурс за избор на селектор на машката ракометна репрезентација

Врз основа на одлуката на Управниот Одбор на РФМ донесена на 23.04.2016 година и врз основа на Член 27, 28 и 29 од Законот за спорт, Ракометната Федерација на Македонија распишува: КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА СЕЛЕКТОР НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

повеќе...