Доделени 25 награди на првиот конкурс за класична музика за 2015-та

На првиот конкурсен рок за 2015 година за нарачка на дела од областа на класичната музика до Министерството за култура беа поднесени 41 апликација во 9 различни категории. Доделени се 25 награди во износ од 1.575.000 денари. Доделени се девет први награди во износ од 695 илјади денари, осум втори награди во износ од 515 илјади денари и осум трети награди во износ од 365 илјади денари. На денешната прес-конференција резултатите ги соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која посочи дека имало голем интерес за конкурсот. „Од техничката поткомисија од…

повеќе...

Уште четири дена до затворање на конкурсот за најдобар расказ

На 31-ви јули годинава се затвора конкурсот за најдобар расказ што по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ го распишува општина Охрид. Наградата за најдобар расказ се доделува за еден расказ, таа изнесува 30.000 денари и ќе биде врачена на културната манифестација која по традиција се одржува на 13-ти август. Жири комисијата треба да ги објави резултатите најдоцна до 8-ми август годинава. Повеќе…

повеќе...

Објавен конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови

Министерството за образование и наука информира дека Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2015/2016 година е објавен во печатените медиуми и на интернет страницата www.mon.gov.mk. Согласно Конкурсот, предвидени се вкупно 6.058 слободни места. Распределбата на леглата, ќе се врши согласно Законот за студентски стандард, според кој студентите се делат на три категории: Во првата, опфатени се студентите од ранливите категории, односно од семејства чиишто вкупни приходи не ја надминуваат нето минималната плата утврдена…

повеќе...

Конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за наградата за најдобар расказ. Услови за учество на Конкурсот: 1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 3. Авторското право се докажува со четвртиот примерок; 4. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2015…

повеќе...

Конкурс за ангажирање лица при организација на ЕП за кошаркари до 16 години во Охрид и Струга

Европското првенство за кошаркарки до 16 години во Охрид и Струга ќе се одржи од 13 до 23 август, а ќе настапуваат 20 репрезентации меѓу кои и Македонија. Ќе бидат избрани вкупно 57 лица, од кои 19 задолжени за гостинските репрезентации, 6 одговорни лица во хотелите на десковите за информации, а останатите лица ќе бидат ангажирани во спортските сали. Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со наслов „За конкурс за ЕП во Охрид и Струга“. При испраќањето, задолжително е да се избере позицијата…

повеќе...

Објавен е Kонкурсот за упис на јавните високо образовни установи во академската 2015/2016 година

Следењето на глобалните трендови и тенденции поврзани со стандардите за квалитет во високото образование, како и обезбедувањето на еднакви можности за академска едукација на сите заинтересирани граѓани е јасно дефиниран приоритет и суштинска одредба на политиките на Владата на Република Македонија насочени кон градењето на општество базирано на знаење. Во таа насока особено внимание се посветува на креирањето на нови, но и унапредување на постојните студиски насоки и програми во согласност со реалните потреби за остварување на државните економско – социјални интереси, но и на креирањето на стратегијата за насочување…

повеќе...

Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 годинa

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ја информира јавноста дека е во тек Конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2015 година. Конкурсот трае од 1 до 30 јуни 2015 година … Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува на поединци, групи творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда, според условите определени во Конкурсот,…

повеќе...

Министерот Јолевски на испраќање на припадници на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денес на аеродромот „Александар Велики“ кај Скопје присуствуваше на испраќањето на 2. Ротација на дел од македонскиот контингент во мисијата на НАТО, „Одлучна поддршка“ во Авганистан. „Ви пожелувам успешна мисија, достојно да ја претставите Република Македонија и здрави и живи да ни се вратите нам и на вашите семејства“, им порача министерот на 13-тмината припадници на Армијата на Република Македонија кои ќе бидат дел од турскиот контингент во рамките на Командата на главниот град, Кабул. Особено задоволство, додаде министерот, ми е што…

повеќе...

Продолжен рокот за аплицирање на конкурсот за беплатни курсеви од повеќе стручни профили

Рокот за аплицирање на КОНКУРС за доделување бесплатни курсеви од следниве стручни профили: заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини подесувачи на машини за невработени лица од Општина Охрид, се пролонгира до 06.06.2015 година (среда). Заинтересираните кандидати потребните документи треба да ги достават на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид, во затворен коверт со назнака „За комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви за стручни обуки, како и обуки за преквалификација и доквалификација, за невработени лица од општина Охрид, или во архивата на општина Охрид.

повеќе...