Александар Костоски и Нена Трајчевска – најдобри македонски кошаркари за 2016 година

Македонската кошаркарска федерација ја продолжи традицијата на доделување на признанија на најдобрите поединци и екипи во македонската кошарка. Годинава манифестацијата „Избор на најдобрите во македонската кошарка за 2016“ се одржа во „Сквер 21“ во присуство на многу спортисти, спортски работници, легенди, медиуми и гости на куќата на кошарката. МКФ додели награди во 14 категории, за изборот на најдобрите во македонската кошарка годинава одлучија новинарите од повеќе од дваесет медиуми во Македонија. Наградата најдобар кошаркар на Македонија за 2016 година заслужено претседателот на МКФ, Петар Наумоски му ја врачи на првиот…

повеќе...

Светски реномираната компанија „Лимак Холдинг“ ја доби организацијата на кошаркарскиот Куп на Македонија

Светски реномираната компанија со седиште во Турција, Лимак Холдинг ја доби организацијата на годинешниот Кошаркарски Куп на Македонија 2017. За организација на финалниот турнир од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција на денешната лицитација во просториите на МКФ, Лимак Холдинг како единствен учесник ги откупи правата за организација на натпреварите во националниот Куп, кој годинава ќе го носи името Лимак Куп на Македонија 2017. На лицитацијата во куќата на кошарката претседателот на МКФ Петар Наумоски официјално на генералниот директор Лимак Скопје, Мурат Јурдал му се заблагодари за тоа…

повеќе...

Ќе се врши наддавање за организатор на финалниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија

Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува заинтересираните правни и физички лица на јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп на Македонија, што ќе се одржи на 18.01.2017 година во 12 часот во просториите на МКФ. Почетната сума за организација на Купот изнесува 500 000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на жиро сметката на Здружението на Сениорски лиги. На Купот ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дела…

повеќе...

АВ Охрид стартуваше со победа во Првата лига

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид дебитираше со победа на стартот од новата сезона во Првата Македонската кошаркарска лига. Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, охридскиот тим ја имаше контролата врз играта и убедлива предност во текот на целиот натпревар. На крајот тимот на АВ Охрид триумфираше против Пелистер со резултат 73-61.  WebOhrid

повеќе...

Објавен јавен повик за изградба на 150 типизирани игралишта за баскет

Согласно донесената одлука на седница на Владата на Република Македонија на 12 Октомври оваа година, Агенцијата за млади и спорт вчера го објави Повикот за избор на изведувач за изградба на 150 игралишта за street basket. Согласно проектот, Агенцијата за млади и спорт во наредниот период ќе започне со изградба на 150 типизирани игралишта за баскет на територија на Република Македонија. Терените за баскет игралиштата ќе бидат со правоаголна форма со димензии 18,10 метри / 19,10 метри. Подлогата на терените ќе биде од еколошки материјал со висока отпорност на абење…

повеќе...

Минимален пораз на Македонија на гостувањето во Унгарија

Четврти пораз на македонската кошаркарска репрезентација во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На гостувањето во Солнок во поседното 6 коло од групата Г, нашата селекција претрпе минимален пораз од најдобрата репрезентација во групата Унгарија од 63-61 ( 18-25,14-12,14-9,17-15). Во натпревар во кој во нашиот тим недостасуваше натурализираниот Македонец Ромео Тревис, а во редовите на домаќините лидерите на тимот Ханга и Војвода, македонските кошаркари ја одиграа најдобрата четвртина во квалификациите. Црвено жолтите ја добија воведната четвртина со 25-18, но на полувината од првиот период избраниците на Раца водеа…

повеќе...

Македонија поразена од Британија и на домашен терен

Убедлив пораз на македонската кошаркарска репрезентација во 5 коло од групата Г во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. На домашен терен во салата Јасмин во Кавадарци нашата најдобра репрезентација загуби од Велика Британија со 89-62 (21:14; 23:16; 23:23 и 22:9). По поразот од Британија црвено жолтите ги загубија и теоретските шанси за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година. Тимот на Британија од почетокот до крајот на мечот беше подобрата екипа на дуелот во Кавадарци и ја имаше контролата на играта и резулатот во соте 40 минути.…

повеќе...

Македонија го победи Луксембург на стартот од квалификациите за Евробаскетот 2017

Успешна премиера на новиот национален тим на Македонија во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година. Нашата најдобра селекција во 1 коло од Групата Г славеше лесна победа над Луксембург од 89:75 (30-13, 18-15, 21-26, 20-21). Фантастичното прва делница и маестралниот капитен Војдан Стојановски уште по првите десет минути на дуелот во салата Јасмин во Кавадарци кој ги добивме со 30-13 ни обезбедија мирен и убедлив триумф над Луксембург. Само во воведните минути од мечот кошаркарите на Луксембург беа рамноправен противник на црвено жолтите. По израмнувањето на 9-9…

повеќе...

Македонската кошаркарска репрезентација на четвртото место на „Трофејот на Македонија“

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на силниот меѓународен „Трофеј на Македонија“ кој во изминатите три дена се играше во СЦ Јане Сандански. Нашиот национален тим во последниот меч на турнирот загуби од селекцијата на Босна и Херцеговина со 75-69, (26-20,14-13,17-27,18-9).Црвено жолтите со скор од една победа и два порази Трофејот на Македонија го завршија на четвртата позиција зад победникот Белгија(2-1), Црна Гора(2-1) и БиХ(1-2). Во првите две четвртини нашите најдобри кошаркари беа далеку од игрите и изданијата од претходните две кола. Но по паузата избраниците на Раца…

повеќе...

Кошаркарската репрезентација ги започнува подготовките

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација денес со премиерниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ја започнува акцијата за пласман на уште едно големо натпреварување Еуробаскетот во 2017 година. Селекторот Драган Раца првата прозивка на репрезентативците ќе ја направи денес во 19 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со што ќе биде означен официјалниот почеток на подготовките за евроквалификациите. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ кошаркарите ќе имаат по два тренинга на ден. Првите тест натпревари нашите најдобри кошаркари ќе ги имаат од 5 до 7 август против…

повеќе...