МЗТ Скопје по петти пат шампион на Македонија

МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува својата доминација во мак баскетот и вечерва со третата победа во финалната серија над Куманово од 90-88 (26-22, 16-19, 27-24, 19-24). ја освоија петтата последователна титула во Првата лига. Наместо како празник на кошарката четвртиот натпревар од финалето на Плеј офот меѓу Куманово и МЗТ Скопје ќе се памети по тешкиот инцидент на навивачите на домашниот тим на 4 минути и 27 секунди пред крајот на третата четвртина при водство на Куманово од 54-50. По приговорот на Бојан Трајковски кон судиите и досудената техничка грешка…

повеќе...

Меѓународен кошаркарски турнир за јуниори

Екипата на Игокеа, триумфираше на премиерното издание на Меѓународниот кошаркарски турнир за јуниори кој викендов го организираше кошаркарскиот клуб АВ Охрид 2016, во спортската арена „Билјанини Извори“. Второто место го освоија јуниорите на Партизан од Белград, третото место и припадна на Слобода од Тузла, а четвртото на домаќинот АВ Охрид.На турнирот учествуваа и екипите на Работнички и МЗТ од Скопје и Црвена Звезда од Белград. ЈП Билјанини Извори, во соработка со Општина Охрид и КК АВ Охрид, уште еднаш покажа дека го оправдува приматот на најдобар домаќин на големи спортски…

повеќе...

Охрид домаќин на квалификациски турнир од Јуниорското првенство во баскет 3х3

Велес, Охрид и Скопје во мај ќе бидат домаќини на најдобрите млади баскетџии од Македонија учесници на квалификациските турнири за пласман на завршницата од Јуниорското првенство (за играчи до 18 години) на Македонија во 3×3. Велес на 8 мај годинава ќе биде домаќин на првиот квалификациски турнир. Најдобрите две екипи од турнирот во Велес обезбедуваат пласман на завршниот турнир на осумте најдобри екипи во јуниорска конкуренција во 3×3. Организатор на вториот квалификациски турнир на 14 мај ќе биде Охрид. И од овој турнир најдобрите две екипи обезбедуваат виза за популарниот…

повеќе...

Се реконструираат кошаркарските терени во СРЦ „Билјанини извори“

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ согласно пролетната програма за обнова и реконструкција, започна со активности на отворените кошаркарски спортски терени во СРЦ „Билјанини Извори“. „Овие активности веруваме дека ќе овозможат подобри услови за рекреирање на сите наши кошаркарски корисници. Активностите кои се извршуваат деновиве се во насока на замена на старите кошаркарски табли, замена на кош обрачите, комплетно бележење на кошаркарските отворени терени како и оспособување на системот за осветлување кое е поставено се со цел рекреативците да можат да ги користат нашите услуги и во доцните вечерни часови. “ – велат од претпријатието.…

повеќе...

АВ Охрид и официјално нов прволигаш

Синоќа во Спортската сала „Билјанини извори“, екипата на АВ Охрид го совлада Радовиш со резултат 85-76.  По завршувањето на натпреварите од Втората македонска кошаркарска лига, АВ Охрид го освои првото место. Наредната сезона АВ Охрид ќе настапува во Првата македонска кошаркарска лига. Честитки! WebOhrid

повеќе...

Убедлив пораз на МЗТ од Цедевита во последниот меч од АБА лигата оваа сезона

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром со убедлив пораз од Цедевита во Загреб од 89:64 (22:10; 25:17; 24:19 и 18:18) сезонава го заврши настапот во силната регионална АБА лига. Евролигашот Цедевита ја оправда улогата на фаворит и без поголеми проблеми славеше лесна победа над МЗТ Скопје Аеродром во последното 26 коло од регуларната сезона во АБА. Во редовите на победникот Цедевита најрасположени за постигнување на поени беа Миро Билан и Хенри Вокер со по 16 поени, кај МЗТ најпрецизен беше Ѓорѓе Дреновац со 21 поен. Табела: Будуќност 22-3 (победи-порази), Цедевита 19-7,…

повеќе...

МЗТ подобар од Тајфун, победа за опстанок во АБА лигата

Македонија и следната сезона ќе има свој претставник во силната регионална кошаркарка АБА лига. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во клучниот натпревар за опстаник во лигата славеа победа на словенечниот прволигаш Тајфун со 77-70. Во воведниот натпревар од 25 коло во АБА , нашиот шампион ја избори десетата сезонска победа, во Јане Сандански со одлична игра посебно во второто полувреме МЗТ Скопје го порази Тајфун со 77:70,со овој триумф аеродромци ќе ги избегнат последните две позиции на табелата, но за настап во АБА лигата и следната сезона ќе мора да…

повеќе...

Пораз на МЗТ на гостувањето против Црвена Звезда

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го запишаа 13-тиот пораз во регионалната АБА лигата. Вечерва на гостувањето во Пионир во Белград кај бранителот на титулата Црвена Звезда нашиот првак е поразен со 92:79 (29:18; 19:22; 30:13; 14:26). Во текот на целиот натпревар, фаворитот Црвена Звезда ја имаше резултатската иницијатива. По првите 20 минути црвено белите имаа позитива од 48-40, во третата делница следуваше голем пад во играта на МЗТ Скопје, домаќините го решија прашањето на победникот со одличното издание во третите десет минути кои ги добија со 30-13 (78:53). Во…

повеќе...

Триумф на МЗТ против Крка

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа во СЦ „Јане Сандански“ во неизвесен и израмнет меч го совладаа словенечкиот прволигаш Крка со 69:67. Клучна за победата на МЗТ беша последната четвртина која ја решија во своја полза со 15:8. За тимот од Аеродром ова беше деветта победа оваа сезона наспроти 12 порази во регионалната балканска АБА лига по што се зацврсти во средината на табелата. Најефикасни во победничкиот состав беа Ѓорѓе Дреновац со 23 и Марко Луковиќ со 13 поени.

повеќе...

Македонија ќе игра против Унгарија, В.Британија и Луксембург во квалификациите за Евробаскетот 2017

Најдобрата кошаркарска репрезетација на Македонија попладнево на ждрепката во седиштетот на ФИБА Европа во Минхен ги доби противниците во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. Македонија која беше ждребувана од првиот шешир во групата на носители ќе игра во Групата Г против репрезентациите на Унгарија, Велика Британија и Луксембург. Црвено жолтите дефинитивно имаа среќна ждрепка бидејќи во квалификациите се избегнати силните и квалитетни селекции посебно од вториот квалитативен шешир како, Црна Гора, Босна и Херцеговина , Украина и Естонија. Составите на другите шест групи се: А – Група:…

повеќе...