Вулканот „Дувало“ во Косел буди интерес кај туристите. Нашата екипа затекна група туристи од Холандија, кои што денес се одлучиле да го посетат ова место. Имено, оваа група холандски туристи, покрај вулканот во Косел покажа огромен интерес за руралниот туризам во Охрид и околината. Како што изјавија за WebOhrid, тие биле презадоволни од убавините кои ги поседува нашиот град. Претходно, туристите посетиле и некои од околните населби, а ги посетиле и винариите низ Македонија. WebOhrid
повеќе...Tag: косел
Целосно конзервирана црквата „Свети Никола“ во село Косел
Со поддршка на Министерството за култура, деновиве стручните екипи на Заводот и музеј Охрид ја завршија шестата, последна фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата„Свети Никола“ во охридското село Косел … Министерството за култура, во континуитет, од 2008 до 2014 година финансираше проекти кои се однесуваа на непосредната заштита на одделни секции од оваа црква која датира од 15 век. Во текот на шесте етапи беше извршена конзервација на архитектурата на црквата, која беше целосно распадната и за која постоеше опасност од уривање.…
повеќе...Продолжува конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Свети Никола“ во Косел
Со поддршка на Министерството за култура во тек е реализацијата на шестата фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во охридското село Косел. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид интензивно работат во внатрешноста на црквата на конзервацијата на вредниот фрескоживопис. Се конзервираат оштетените фрески од ѓакониконот ( стариот слој), а паралелно се врши опшивање на нестабилните делови од новооткриениот живопис и ињектирање. Во рамките на претходните фази беше извршена конзервација на архитектурата на црквата, која…
повеќе...И коселските ученици им се потсмеваат на “ексклузивните” вести за наводната ерупција
По таканаречените ексклузивни вести за вулканот во Косел и за неговата божемна ерупција, денес и учениците од коселското подрачно училиште со насмеани лица и со детска игра им се потсмеваа на “еруптивните” вести и новинарски шпекулации на некои наши македонски и други балкански новинарски препишувачи кои јавуваа за некаква опасност по околината на вулканот и локалното население. Вистинската слика за состојбата на вулканот е сосема вообичаена и без трошка опасност ниту потреба од паника. Екскурзијата која денес ја направија коселските ученици заедно со својот наставник проф. Димче Донески, покажува очигледна…
повеќе...Сулфарата – Дувало во Косел стана медиумска атракција
По информациите кои излегоа во јавноста за активација на Сулфарата – Дувало во с. Косел во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Никола Бакрачески денес го посети овој локалитет. Од таму се констатира дека не постои опасност и дека тоа е природна појава. „Ние во текот на вчерашниот ден после објавувањето на информации во медиумите, веднаш како Локална самоуправа ги контактиравме надлежните институции, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, а од утрово и Природно математичкиот факултет за да можеме да излеземе со информации околу актуелната состојба…
повеќе...Браво за коселските ученици: Сè што изработија – сè продадоа!
Денес, на пладне, во подрачното училиште во Косел се одржа добротворна продажна изложба на ученички ракотворби од пластика и дрво, изработени од вредните раце на коселските основци. Изложбата се одржа во холот на училиштето „Ванчо Николески“, а авторите на прекрасните и необични ракотворби, учениците беа во улога на понудувачи-продавачи на своите производи. Интересно е да се одбележи дека сè што изработија и понудија на продажба коселските ученици – сè беше распродадено за нецели три часа, а купувачи беа многубројните гости меѓу кои позабележителни беа родителите, наставниците, како и други…
повеќе...Се санира патот Вапила – Ливоишта
По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со жителите од селата Вапила и Ливоишта на која им беше ветено дека ќе се санира патот од селото Косел до селото Вапила и од Вапила до Ливоишта, денес се отпочна со негова санација и пополнување на ударните дупки. Секретарот Спасески на лице место утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за санација овај пат. Ова е само привремено решение додека Локалната самоуправа не отпочне со целосна негова реконструкција. Инаку патот од селото Вапила до селото Сирула кој од пред дваесетина…
повеќе...Жителите на Косел утре ќе можат да остварат средба со секретарот на Општина Охрид
Утре, Петок (7 март), секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески ќе има приемен ден во административната зграда во село Косел за жителите кои гравитираат на тој простор од општина Охрид ( територијата на поранешната општина Косел). Сите оние кои се заинтересирани да остварат средба со секретарот Спасески треба претходно да закажат средба на телефонот 046/ 262 – 469. Ваквите средби со граѓаните во Косел ќе продолжат во континуитет, информираат од локалната самоуправа.
повеќе...Рајска градина на почетокот на Косел
Колку близу бил рајот, барем оној за глетка во очите и за одмор на душата! Ако патувате, ако сте од Охрид, или ако сте во Охрид, тогаш ви недостасуваат само 7 (седум) километри за да стигнете во Косел. Застанете пред фабриката Мегасеф (пред Емо) и свртете десно. Само на 300 метри оттука, погледот ќе ве однесе до дворот на семејството Џулијано и Валентина Наумоски. А тука, веќе насетувате, илјадници цветови кои растат и цветаат во еден од ретките пластеници во Македонија – во оваа огромна и величествена цветна рајска градина…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на терен утврдуваше како се работи на патот Вапила-Сирула
Градоначалникот Никола Бакрачески денес на терен утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за асфалтирање на патот од селото Вапила до селото Сирула кое започна пред околу 10 дена. За овој краток временски период, патот речиси е целосно тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела. Проектот опфаќа реконструкција во должина од 1 700 метри и изработка на нов пат во должина од 2 700 метри. Рокот на изведба на работите ќе биде два месеци. Проектите за асфалтирање на патот од Вапила до Сирула и за асфалтирање…
повеќе...