Се асфалтираат улици во Косел

Со забрзано темпо  Општина Охрид го реализира  проектите  за асфалтирање на улици  во селото Косел  што   започна  пред десет дена. За овој краток временски период во селото Косел од вкупно 8 предвидени улички со должина од 1 000 метри и површина 3 000 метри веќе целосно асфалтирани се три улици. На почетокот од проектот на терен беше и градоначалникот Никола Бакрачески, кој истакна дека рокот за изведување на работите во село Косел е еден месец. Активностите   за асфалтирање на уличките во Село Косел и за асфалтирање на патот…

повеќе...

Започна асфалтирањето на улиците во Косел

Градоначалникот Никола Бакрачески денес присуствуваше на почетокот на асфалтирањето на улици во село Косел. Станува збор за еден од двата проекти кои општина Охрид ги изработи по претходно објавен оглас од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и рурарлниот развој. „Асфалтирањето  на уличките во Косел  зазема осум краци  со вкупна должина од 1 000 метри и вкупна површина од  3 000 метри квадратни.  Рок на изведување на работите е еден  месец“, истакна  градоначалникот Бакрачески, кој го најави и вториот проект со кој Општината аплицирала и добила зелено светло од Агенцијата…

повеќе...

Утре отпочнува асфалтирањето на улиците во Косел

Утре отпочнува асфалтирањето на улиците во село Косел, како дел од Програмата за поддршка руралниот развој. Средствата за оваа активност се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој.

повеќе...

Пријателски натпревар на ФК Вулкан

Фудбалскиот клуб Вулкан од село Косел вчера на градскиот стадион „Билјанини Извори“ одигра пријателски натпревар против екипата на ФК Борац од Чачак. Натпреварот заврши со резултат 4 : 0 за гостите од Србија.

повеќе...

Акција за чистење на потегот Косел-Вапила-Сирула

Согласно Оперативната програма за 2014 год. Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до селата Вапила и Сирула. Детално се расчисти расфрланиот отпад  на овој потег (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад).

повеќе...

Светиот крст од Коселска Река го извади осмоодделенецот Кирил Симоновски

И оваа година  коселчани, традиционално, го фрлаа светиот крст во водите на Коселска Река. Меѓу бројните и многу повозрасни верници, највешт и најсреќен беше најмалиот меѓу нив – тринаесетгодишниот осмооделенец Кирил Симоновски. Тој секако беше и највозбуден затоа што ова беше и за него светол и свет чин. Му посакуваме да му биде среќна цела оваа 2014 година и да му донесе многу успех нему и на неговото семејство.

повеќе...

Сојуз за иднината: Ќе ги искористиме сите демократски средства за борба доколку не им се обезбедат соодветни услови за работа на службениците во Косел

Советничката група на Сојузот за иднината остро реагира на последното изживување и притискање на десетина вработени во Локалната самоуправа. Најавите во предизборната кампања дека нема да има никаков политички реваншизам паднаа во вода. Напротив, ваков реваншизам не е забележан откако Република Македонија е независна држава. Откако тие државни службеници беа префрлени без никаков основ во општинаската зграда во с. Косел таму се соочија со мизерни услови. Во зградата во која треба ги извршуваат работните обврски нема вода, нема греење, ѕидовите на канцелариите се со влага што сериозно може да влијае…

повеќе...

Административната зграда во Косел се става во функција

Од наредната недела, општинската зграда во Косел се става во функција, со цел поблизок контакт со граѓаните од тој регион. „На средбите со граѓани кои што ги имавме во изминатите 7 месеци многу често од страна на жителите на поранешната Општина Косел, до нас стигнуваше барање за одржување на средби токму во општинската зграда во Косел, затоа што тие имаат финансиски потешкотии да стигнат до Општина Охрид. Целта на сегашното префрлање на дел од администрацијата во општинската зграда во Косел е да се доближиме до тие граѓани, секојдневно да имаат…

повеќе...

Колку сме, толку сме – малку сме

„Малку првачиња оваа година во охридските и во македонските училишта. Не  е баш најдобар податок за нас Mакедонците, но што е тоа е. Kолку сме толку сме, да сме здрави и живи и да  имаме сила  и знаење за да бидеме успешни. Да ги почитуваме корените, предците и нивните аманети за  да си го сочуваме  родот, народот и породот“.  Вакви беа зборовите на проф.Димче Донески, наставникот по македонски јазик, по одржаната  пригодна  свеченост  за  приемот на првачињата во детската организација. А овој настан се одржа  во подрачното училиште во Косел,…

повеќе...

Заврши шестата фаза од конзервацијата и реставрацијата на црквата „Свети Никола“ во село Косел

Со поддршка од Министерството за култура, реализирана  е шестата фаза од проектот за конзервација и реставрација на  архитектурата и на фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во село Косел. Во текот на работата, во изминатите фази од проектот е извршена конзервација на архитектурата на овој сакрален објект, а етапно се работеше и на конзервацијата на вредниот фрескоживопис. Црквата, која  беше целосно распадната и за која постоеше опасност од рушење, е статички зајакната, направено е целосно препокривање, фугирање на отпадните делови, расчистен е околниот простор, а старите  врати на западната и на…

повеќе...