Косовската полиција го екстрадираше Метин Ислами, познат како „Командант Талибани“

После повеќе од една година, екстрадициската постапка на 33 годишниот Метин Ислами од Скопје, познат како „Командант Талибани“, заврши со негово предавање на Република Македонија. Со највисок степен на обезбедување, истиот беше преземен од Косовската полиција на ГП “Блаце“ и согласно процедурите спроведен во КПД Идризово. Метин Ислами минатото лето беше приведен на Косово во близина на Пеќ, откако претходно по него беше распишана меѓународна потерница преку Интерпол заради издржување на казна затвор. Имено, по основ на правосилна судска пресуда од 2008 година, изречена во отсуство, Метин Ислами беше осуден…

повеќе...

Косовски државјанин две години користел фалсификуван македонски пасош

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното Јавно Обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против македонскиот државјанин И.А. (27) за сторени кривични дела – “фалсификување на исправа“ чл.378 став 1 и “злоупотреба на службена положба и овластувања“ предвидено и казниво по чл.353 став 1 како и пторив косовскиот државјанин И.В. (51), за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“ чл.378 став 1. Пријавените делото го сториле на тој начин што, косовскиот државјанин И.В. стапил во контакт со НН лице кое му ветило дека за сума од 1.500 евра,…

повеќе...

Реализирана обука за македонски и косовски полицајци за работа во ЗКЦ

Во организација на ОБСЕ и Секторот за гранични работи и миграции Север, на граничниот премин со Република Косово – “Хани Елезит“, како и во заедничкиот контакт центар со Р.Бугарија на Граничниот премин “Деве Баир“ беше одржана дводневна обука на полициски службеници за работа во заеднички контакт центар. На обуката присуствуваа десет полициски службеници од РМ и четири полициски службеници од Р.Косово. Притоа, едукацијата беше посветена на теми во врска со Конвенција за спроведување на Шенген Договор од 19 јуни 1990 година, потоа Конвенција за полициска соработка во Југоисточна Европа; Протокол…

повеќе...

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во посета на Приштина

Денеска, кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски на покана на Универзитетот „ААБ“ од Приштина одржа предавање на тема „Надворешната политика на Република Македонија и односите со соседните земји”. По предавањето, Пендаровски одговараше на прашањата од студентите и останатите присутни. За време на посетата на Приштина, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски оствари кратка средба со косовскиот премиер Хашим Тачи. На средбата тие разговараа за односите помеѓу Македонија и Косово како и за прашања кои се во интерес на регионот вклучително и евро – интеграцискиот процес на двете земји.

повеќе...

Грција ќе го признае Косово?

Грчката позиција во однос на Косово е добро позната и таа не е променета, изјавил портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Константинос Кутрас. Неговата изјава следуваше како реакција на исказот на шефот на дипломатската мисија на Грција во Приштина, Димитрис Маскопулос, според кого ако Атина го поддржи членството на Косово во Еевропската унија, тоа значи дека ја признала неговата независност како држава, пишува „Блиц“. Според Кутрас, Маскопулос веќе го објавил соопштението во кое ги демантирал тврдењата дека Атина планира да го признае Косово. „Очигледно неговите зборови се погрешно интерпретирани“,…

повеќе...

Се уште нема договор за патување со лична карта на Косово од март

Министерството за внатрешни работи апелира медиумите да не ги доведуваат во заблуда граѓаните, објавувајќи непроверени информации дека – „Во Косово од март само со лична карта“. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија им стоело и им стои на располагање на граѓаните и медиумите за проверка на сите информации и прашања кои се од нивен интерес, а се во доменот на работа на министерството. Во моментот кога ќе биде постигнат договор МВР на РМ, ќе ја информира јавноста, како и вообичаено.

повеќе...

Џафери-Чеку: Продлабочување на соработката во сите полиња

Република Македонија и Министерството за одбрана продолжуваат да и даваат поддршка на Република Косово и безбедносните сили, во однос на изградбата на потребните капацитети и формација согласно планот на Марти Ахтисари. Ова го изјави министерот за одбрана Талат Џафери по денешната средба со неговиот косовски колега Агим Чеку, кој ја предводи делегацијата на Министерството на косовските безбедносни сили, која престојува во официјална посета на Македонија. Џафери и Чеку потпишаа протокол за воена соработка. Со него се продлабочува соработката во повеќе области, како што се одбраната, образованието, размената на искуства, заеднички…

повеќе...

Укинат надоместокот за граѓани и возила од Косово

 Започнувајќи од 00:00 часот синоќа (15 септември), повеќе не се наплаќа надомест при влез на територијата на Репблика Македонија на граѓани на Косово и за сите видови на возила регистрирани во Република Косово.  Министерството за трговија и индустрија на Република Косово донеесе Одлука за укинување на Одлуката за забрана на увоз на сите стоки со потекло од Република Македонија која влезе во сила на 15 септември 2013 година во 00:00 часот.  Со тоа престанува да се применува Одлуката на Владата на РМ за воведување на паричен надомест за влез на…

повеќе...

Договор за туристичка соработка меѓу Македонија и Косово

На средбата беа разгледани актуелните и идните проекти кои ќе придонесат за интензивирање на соработката меѓу Република Македонија и Република Косово, како еден од нашите најзначајни партнери. Имено, вредноста на трговската размена со Косово во првиот квартал во 2013 годината изнесува околу 96.202 милиони долари, со суфицит на македонска страна од 78 384 милиони долари, што претставува  доволен мотив за уште поголемо унапредување на соработката. „Во туристичката размена со Косово досега доминираат индивидуалните и деловните посети на граѓани и правни субјекти од двете земји, како и организирани аранќмани кон езерските…

повеќе...