Кражба во црквата „Св.Атанасиј“ во село Вишни

Четиристотини денари се одземени во тешка кражба извршена во црквата „Св.Атанасиј“ во струшкото село Вишни. Засега непознат сторител, кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец, со употреба на подесен алат ја оштетил бравата од влезната врата и со физичка сила успеал да ја отвори и да влезе во црквата. Тој започнал со пребарување по што противправно ги одзел парите во разни апоени оставени пред иконите.   Сторителот на вандалскиот чин веднаш избегал од местото.  Полициската станица од Струга, по увидот што го изврши на лице место презема мерки…

повеќе...

Украден бронзен свешталник од црквата „Св.Димитрија“ во Октиси

Непознат сторител извршил кражба во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси и одзел еден  бронзен свешталник. Кражбата е извршена кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец по претходно насилно отворање на влезната двокрилна врата од црквата лоцирана во месноста „Браној“ атар на селото Октиси. Откако влегол во внатрешноста на црквата, засега непознатиот сторител извршил пребарување низ црковните простории по што противправно го одзел бронзениот свешталник. На лице место извршен е увид а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот на овој вандалски…

повеќе...

Разбојништво над лице од Лескоец, при што му биле одземени 150 евра и 730 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(39) од Струга, за сторено кривично дело „разбојништво“. На 12.10.2013 година, во Охрид на ул. „Јане Сандански“ пред влез на маркет пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво над Р.Т. (55) од с.Лескоец, при што му одзел 150 евра и 730 денари.

повеќе...

Кривична пријава за лице од Гостивар поради кражби во домови во повеќе градови

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно девет казнени дела од кои „Тешка кражба“ и една „Кражба“, секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против  Б.И.(23) од Гостивар. Се работи за лице кое кражбите ги извршило во текот на овој како и во месец декември минатата година. Негова цел биле куќи чии сопственици биле на привремена работа во странство. Во доцните вечерни часови, Б.И. со употреба на подесен алат ги кршел бравите и катинарите на влезните врати од каде по целосното пребарување одземал мобилни телефони, лап топ…

повеќе...

Непознати лица извршиле разбојништво во Кичево

Кривично дело разбојништво извршено е синоќа околу 21 часот во Кичево. Три засега непознати лица од кои еден имал маска на главата и бил вооружен со пиштол, а другите имале секири, влегле во домот на брачната двојка И.У.(66) и Е.У.(61) каде пребарувајќи низ спалната соба одзеле златни прстени и неколку други златни предмети. Потоа, во соседната соба ја сретнале брачната двојка при што под закана со оружјето, на Е.У. и го одзеле златниот ланец кој го имала на себе. Тројцата мошне брзо ја напуштиле куќата притоа заклучувајќи ја влезната врата…

повеќе...

Тешка кражба во стан во Охрид

На 22 октомври во Охрид на ул. „Дејан Војвода“ во стан сопственост на С.Р.(68), непознат сторител извршил тешка кражба. На непознат начин ја отворил блиндор вратата, влегол внатре, извршил пребарување по собите и одзел една ташна во која имало разновиден златен накит во вредност од околу 1.200.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

Идентификувани лицата кои при нелегално превезување огревно дрво нападнаа полициски службеник

Полициската станица од Струга ги идентификува лицата кои неодамна нападнаа и спречија полициски службеници при вршење на службените дејствија при што беше повреден еден припадник на граничната полиција од Охрид. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, полициската станица од Струга против П.В.(35) од струшкото село Велешта  поднесе кривична прија- ва по што истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 10 дена. Во пријавата поради спречување службено лице во вршење на службени дејствија опфатени се и лицата…

повеќе...

Притворени две лица од Кичево кои извршиле кражби на пари, накит и злато од куќи во кичевско

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно шест казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.Е.(18) и Г.К.(25) од Кичево. Нив истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.  Пријавените, во периодот од Април до Октомври оваа година, во Кичево и неколку околни населени места извршиле шест тешки кражби. По претходен меѓусебен договор, сега притворените со употреба на железна хебла и физичка сила насилно ги отворале вратите и прозорците од куќите во селата Србица, Туин и Аранѓел. Нивната цел биле…

повеќе...

Тешка кражба во просториите на УЈП во Струга

Во периодот од 10.10 до 12.10.2013 година во времето од 18:00 до 11:00 часот во Струга, на ул. „Боро Калајџиески“, во просториите на УЈП и УИПР лоцирани во барака 1 и 2, засега непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел ЛЦД монитор и две куќишта од компјутер, со што причинил материјална штета од околу 18.000 денари. Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со подесен предмет го скршил стаклото од прозорот на бараката, влегол внатре и од канцелариите ги одзел горенаведените предмети, по што го напуштил лице…

повеќе...

Украдени 3000 денари од црквата „Свети Пророк Илија“ во Лактиње

Во периодот од 27.09 до 05.10.2013 година, извршена е тешка кражба во црквата „Свети Пророк Илија“, лоцирана во с.Лактиње, општина Дебарца. Непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил вратата од црквата, влегол внатре и одзел околу 3.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...