Поднесени кривични пријави против лица од Велешта за повеќе казнени дела

Поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела „Лихварство“, „Грабнување“, „Предизвикување општа опасност“ и „Недозволено изработување,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга, против Б.К.(48) и неговите синови У.К.(25), А.К.(21) и Ј.К.(19) сите од струшкото село Велешта поднесе кривична пријава. Истражен судија, на Б.К. и У.К. им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 28-ми минатиот месец во телефонски разговор, пријавениот Б.К. од лицето А.Г. (39) од Струга побарал да му исплати паричен долг од 8000,оо евра притоа упатувајќи му сериозни закани…

повеќе...

Приведени 7 лица во полициската акција „Отпад“

Министерството за внатрешни работи ја реализираше Оперативната обработка „Отпад“ со која е откриена и разбиена криминална група која подолг период наназад и нанесуваше двојна штета на државата и тоа од финансиски аспект преку затајување на даноци и од аспект на стимулирање на незаконската трговија со железо и метални производи, односно поттикнување на зачестените кражби на метал. До ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против 14 физички лица: А.Н.(34), поранешен основач и управител во друштвата „НИКОЛЧЕВ КОМПАНИ“ ДООЕЛ и „НИКОЛЧЕВ ГРУП“ ДООЕЛ, Д.С.(29), поранешен содружник…

повеќе...

Го нападнале со нож додека вадел пари од банкомат, при што му одзеле 200 евра

Вчера околу 18:30 часот, во Скопје на  булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“, во близина на железничката станица, две лица извршиле разбојништво над М.С.(23) од Охрид, откако истиот од банкомат извадил пари, на тој начин што физички го нападнале и со нож му нанеле убод во левата рака, му го одзеле паричникот во кој имал 12.500 денари и се дале во бегство. Полициската станцица од Аеродром презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

повеќе...

Фалсификувал уверенија и дипломи од ДУТ и ги праќал во странство

Секторот за внатрешни работи Тетово  откри мини-работилница за изработување и дистрибуција на фалсификувани дипломи и уверенија од Државниот тетовски унивезитет, наменети за лица од Италија, а вчера (05.11) поднесе и кривична пријава против 30-годишниот М.О од тетовско Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело – “фалсификување исправа“. Пријавениот се сомничи дека фалсификувал повеќе уверенија и дипломи од Факултетот за медицински науки на име на лица-странски државјани и по преведувањето на истите  кај овластен преведувач, ги заверувал на нотар и им ги дистрибуирал на лицата од Италија. На тој…

повеќе...

Одземена опрема од кладилници без лиценца во Велешта и Радолишта

Телевизори, компјутери, печатари, уплатни ливчина и низа технички помагала за обавување на дејност се одземени во вчерашната акциска контрола во три спортски кладилници во струшките села Велешта и Радолишта.  Во акцијата што ја реализираа инспектори од криминалстичката полиција од Струга во содејство со УЈП беа опфатени спортски кладилници што извршуваат дејност без соодветна лиценца.  Одземените предмети се дадени во надлежност на управата за јавни приходи по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

повеќе...

Кражба во црквата „Св.Атанасиј“ во село Вишни

Четиристотини денари се одземени во тешка кражба извршена во црквата „Св.Атанасиј“ во струшкото село Вишни. Засега непознат сторител, кон крајот на минатиот и почетокот на овој месец, со употреба на подесен алат ја оштетил бравата од влезната врата и со физичка сила успеал да ја отвори и да влезе во црквата. Тој започнал со пребарување по што противправно ги одзел парите во разни апоени оставени пред иконите.   Сторителот на вандалскиот чин веднаш избегал од местото.  Полициската станица од Струга, по увидот што го изврши на лице место презема мерки…

повеќе...

Вандали го уништија уредениот влез на Охрид

Во делот на се она што се презема од Локалната самоуправа за разубавување на градот, патната инфраструктура, комуналната уреденост и изградбата на инфраструктурни објекти секако дека големо внимание се посветува на планот на јавното осветлување. После неколку децении Охрид доби уреден и осветлен влез кој не остана незабележан од многубројните секојдневни посетители. За жал, за не повеќе од 24 часа вандали го уништија осветлувањето и украдоа дел од светликите. Во најголем дел оштетена е макетата на охридската куќа.  Случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи од Охрид, каде екипите…

повеќе...

Спречен обид за шверц на лекови

На 1 ноември 2013 година (петок), царинските инспектори од специјалната оперативна единица на граничниот премин Блаце при извршена контрола на товарно моторнo возило-комбе спречија обид за шверц на лекови. Царинските инспектори при вршење на контрола на обиколницата околу Скопје во правец кон Тетово, на 01.11.2013 година околу 16:45 часот сопреа товарно возило-комбе со косовски регистарски ознаки управувано од косовски државјанин со иницијали А.Ѓ. Лицето започнало транзитна постапка за лекови наменети за фирма увозник од Косово, низ Република Македонија во 15:34 часот од граничниот премин Богородица кон граничниот премин Блаце. Првична…

повеќе...

Охридската полиција заплени 113 опаковки со хероин и две кеси со марихуана

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, секторот за внатрешни работи Охрид, против З.Р.(29) од Охрид и А.А. (32) од Струга поднесе кривична пријава.  Акцијата што СВР Охрид ја реализира на просторот на Самоиловите тврдини во Охрид, резултираше со  пронаоѓање и одземање на  113 опаковки со опојна дрога хероин и две најлон кеси марихуана наменети за натамошна продажба на наркопазарот во Охрид и Струга. Дел од опаковките се пронајдени кај првопријавениот З.Р. кој близу 30…

повеќе...

Разбојништво над лице од Лескоец, при што му биле одземени 150 евра и 730 денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(39) од Струга, за сторено кривично дело „разбојништво“. На 12.10.2013 година, во Охрид на ул. „Јане Сандански“ пред влез на маркет пријавениот со употреба на физичка сила извршил разбојништво над Р.Т. (55) од с.Лескоец, при што му одзел 150 евра и 730 денари.

повеќе...