Кривична пријава за закана против раководител на Сектор за јавни дејности во Општина Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“ Секторот за внатрешни работи Охрид, против Г.С.(49) од Охрид раководител на Сектор за јавни дејности во Охридската Локална самоуправа поднесе кривична пријава. На 29-ти овој месец, во 15 часот и 20 минути, пријавениот започнал вербална расправија со секретарот во Локалната самоуправа упатувајќи му повеќе груби навредливи како и следниве заканителни зборови: „ќе видиш што ќе ти направам, ќе ти се осветам тебе и на твоето семејство, ако не успеам јас ќе оставам аманет да ти се осветат“. Во еден момент…

повеќе...

Пет нови случаи на оштетување возила или кражба на македонски регистарски таблички во Грција

Трендот на крадење на македонски регистарски таблички од возила или оштетување на возила на наши државјани во соседна Грција продолжува и понатаму. Само во текот на завчерашниот и вчерашниот ден (28/29.07) од страна на граничната полиција евидентирани се пет нови случаи – две оштетувања и три кражби на регистарски таблички. Притоа, во едниот случај во местото Фурка возило марка “шкода фабија“ сопственост на Р.Т. од Скопје“ е оштетено со гребење при што на левата страна од возилото на грчки јазик била испишана паролата “Македонија е Грчка“, а во вториот случај…

повеќе...

Два нови случаи на кражби на македонски регистарски таблички во Грција

Изминатава недела, поточно на 24 и 25 овој месец, граничната полиција евидентираше два нови случаи на кражби на македонски регистарски таблички од возила на наши државјани (во првиот случај кумановски а вториот – струмички регистарски таблички) кои биле на летување во соседна Грција, и притоа локацијата на двата настана повторно е грчкото летувалиште Ханиоти. Практично, појавата на кражби или оштетувања на македонски регистарски таблички во Грција што зачести со почетокот на туристичката сезона продолжува. Во изминатиот период заклучно со овие два случаи вкупно од страна на нашата гранична полиција евидентирани…

повеќе...

„Превенција од кражби“ на охридските плажи

За време на туристичката сезона (Јули и Август) 2012 година, во Охрид и околните туристички локалитети имаше зголемено присуство и раздвиженост  на поголем број домашни и странски туристи како и зголемена фрекфенција во сообраќајот. Оттука, во СВР Охрид  во текот на Јули и Август 2012 година беа регистрирани зголемен број на казнени дела односно вкупно 150 што претставува зголемување за 34 проценти во однос на истиот период во 2011 година кога СВР Охрид евидентира 112 казнени дела.  Посебно е значајно што истовремено се зголеми откривачката функција на СВР Охрид што…

повеќе...

Притворено лице поради извршени тешки кражби

Поради постоење на основи на сомнение за сторени шест казнени дела „Тешка кражба“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.К.(38) од Охрид. Истражен судија на А.К. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.   Пријавениот, кражбите ги извршил во почетокот на месецов во неколку ветеринарни амбуланти, продавници, сервиси како и во една нотарска канцеларија притоа одземајќи пари и други поситни предмети. Тој употребувал штрафцигери и друг подесен алат за разбивање на сигурносните брави и кинење на катинарите од вратите а потоа и физичка сила по што вешто влегувал…

повеќе...

Пронајдена дрога сокриена во звучник

Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето И.В.(36) од Охрид поднесе кривична пријава.  При претрес во неговиот дом, криминалистичката полиција пронајде околу еден килограм опојна дрога Марихуана што била сокриена во звучник во дневната соба спакувана во неколку помали најлонски кеси но и во тегли. Марихуаната, пријавениот И.В. ја купил пред еден месец од лице од Скопје по цена од 500 евра. При купо-продажбата, дрогата била спакувана во…

повеќе...

Проширување на акцијата „Фаланга“, МВР поднесе посебен извештај против 4 лица, меѓу кои и Паско Кузман

Министерството за внатрешни работи поднесе посебен извештај против П.К.(65) од Охрид, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, И.Б.(59) од Скопје за кривично дело „Потикнување“ во врска со истото кривично дело, З.Н.(56) од Куманово и М.П.(49), од Скопје, тројцата вработени во истата управа, за „помагање“ во врска со злоупотребата. Пријавените со пречекорување на овластувањата и постапувајќи надвор од нивната законска надлежност преку издавање на противзаконска документација преку која барале дополнително и полициска асистенција, со издавање на платни налози и преку други патни…

повеќе...

Нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов

На 03.07.2013 година во 05:10 часот од страна на УПС од ПС за ГН „Охридско Езеро“, при вршење патролна дејност долж водената граница на Охридското езеро, бил затекнат пловен објект „Томос 4“ управуван од А.Д.(65) од Р.Албанија, кој нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов. Од страна на УПС, со потврда за привремено одземени предмети одземени се пловниот објект, две дрвени весла, едно кепче, една пластична канта за гориво и 21 жила со по 6 блинкери.

повеќе...

Прибавиле податоци за 829 платежни картички и успеале да „извадат“ околу 2 милиони денари

Министерството за внатрешни работи вчера ја реализираше оперативната обработка „Винкор“ со која беше откриена меѓународна криминална група која подолг период наназад се занимавала со криминал со кредитни картички. Сите оштетени кои биле жртви на оваа група, а за кои досега поседуваме докази се македонски државјани, а нивните сметки, осомничените се обиделе да ги олеснат за сума од над 4,5 милиони денари. Денеска (04.07.) до Основното јавно обвинителство во Прилеп е поднесена кривична пријава против пет македонски и еден бугарски државјанин. Сите македонски државјани се од Прилеп на  возраст од 22…

повеќе...

Како да препознаете сомнителни „зделки“ и трансакции при прометот на недвижности

Со цел подигнување на јавната свест и превентивно делување за спречување на перење на пари кај прометот на недвижности, Управата за јавни приходи изготви Упатство наменето за сите правни и физички лица кои вршат услуги на промет на недвижности и кои имаат законска обврска да ги преземат сите мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Покрај надлежните институции, агенциите за недвижности имаат значајна улога во раното препознавање и спречување на перење на пари, бидејќи прометот со недвижности е еден од преферираните начини за прикривање на…

повеќе...