Притворени сторители на тешки кражби и напад врз службено лице

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид против К.А.(19) од Скопје поднесе кривична пријава. Од страна на истражен судија при основниот суд во Охрид, на К.А.  одреден му е притвор во траење 30 дена. Против него како и против С.Г.(21) од Скопје пријава е поднесена и по основ на сомнение дека заедно сториле пет тешки кражби и едно казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 30-ти минатиот месец, при…

повеќе...

Притворен охриѓанец за неовластено поседување на пиштол и вршење на кражба

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“ Секторот за внатрешни работи Охрид против Д.Ј.(25) од Охрид поднесе кривична пријава. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење до 30 дена. На 27-ми овој месец при извршен претрес во домот на пријавениот, пронајдено е огнено оружје-пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,62 милиметри кое Д.Ј. неовластено го поседувал. Пиштолот кој имал вграден продолжеток на предниот дел, полициските службеници го пронајдоа во плакар во ходникот од куќата завиткан во…

повеќе...

Кривична пријава за противправна сеча на дрва во струшко

Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дел „Шумска кражба“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.А.(42) од селото Богојци З.Т.(30) од селото Долно Татеши М.А.(34) од селото Богојци како и против албанските државјани В.Ќ.(20) А.Н.(33) и Ф.Ќ(22). Пријавените, на 21-ви овој месец во 22 часот и 30 минути се затекнати при транспорт на вкупно 37 метри просторни огревно дабово дрво наменето за понатамошна продажба. Пријавените претходно извршиле противправна сеча во местото „Рабини дупки“ атар на струшкото село Брчево по што 21 метро дабовото дрво натовариле…

повеќе...

Со фалсификувана банкнота од 500 евра пазариле јагниња и сирење

На 21.06.2013 година, околу 10:10 часот, во с.Облавце – општина Старо Нагоричане во семејната куќа на В.К., дошле две непознати машки лица на возраст од околу 50 и 60 години со ПМВ и побарале да купат јагниња и сирење за износ од 200 евра. Откако за тоа платиле со банкнота од 500 евра, а В.К. им вратил кусур од 50 евра и 15.000 денари, истите се договориле дека јагнињата и сирењето ќе ги земат подоцна и заминале со возилото. Бидејќи В.К. и неговиот син Д.К. се посомневале дека банкнотата од…

повеќе...

Кривична пријава за лажно пријавување кражба на 35 илјади евра

По преземени мерки за реализација, Секторот за внатрешни работи Охрид расветли пријавен настан што како казненото дело „Разбојништво“ беше пријавено на 18-ти овој месец. Следниот ден, СВР Охрид од слобода го лиши Т.М.(31) од Охрид по што против него ќе биде поднесена кривична пријава за лажно пријавување на кривично дело. На 18-ти овој месец, околу 12 часот телефонски во СВР Охрид е пријавено забележано неподвижно тело пред куќен број на улицата „Славеј Планина“ во Охрид. По извршениот увид на лице место, полициските службеници утврдиле дека се работи за лицето Т.М.…

повеќе...

Кривична пријава против албански државјанин поради поседување пиштол без дозвола

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ секторот за внатрешни работи Охрид, против албанскиот државјанин А.П. (51) поднесе кривична пријава. На 19-ти овој месец при преглед на патничко моторно возило „Митцубиши“ со албански регистарски ознаки сопственост на пријавениот пронајден е пиштол „Специјал-38“ со пет куршуми во истиот. Дополнително во  платнената ташна пронајдени се 7 куршуми и два ножа во футроли.  Пиштолот бил ставен во платнена црна мини ташна во фиока помеѓу двете предни седишта. Оружјето, пријавениот нелегално го…

повеќе...

Осумдневен притвор за лице кое индиректно упатувало закани кон градоначалникот

Секторот за внатрешни работи Охрид, против С.Д.(46) од Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување на сигурноста“. Истражен судија при основниот суд во Охрид му одреди мерка притвор во траење од осум дена. Пријавениот, на 17-ти овој месец  преку возач вработен во локалната самоуправа, упатил сериозни заканителни и навредливи зборови кон актуелниот градоначалник на Охрид. Заканите С.Д. ги упатил откако на мобилен телефон му се јавил на вработен возач во локалната самоуправа при што од него добил одговор дека со заканите ќе го…

повеќе...

Кривична пријава против три лица од Кичево за извршени „тешки кражби“

Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 3 казнени дела „Тешка кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ј.Д.(24) Б.С.(25) и С.С. (26) од Кичево. Нив истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.  Пријавените, кражбите ги извршиле кон крајот на Мај и почетокот на Јуни оваа година со што се стекнале со противправна имотна корист од 770.000,оо денари. По претходен меѓусебен договор ноќта помеѓу 30 и 31 Мај, Ј.Д. и Б.С. со употреба на тврд предмет и физичка сила насилно отвориле прозорец…

повеќе...

СВР Охрид презеде низа интензивни мерки изминатиот викенд

Секторот за внатрешни работи Охрид, викендов по низа законски основи презеде интензивни мерки во насока на зголемување на степенот на безбедноста на целото подрачје. Активностите пред се имаа превентивен карактер, а целта беше елиминирање на можностите за нарушувања на јавниот ред и мир, вршење кражби, откривање лица со непријавен престој и питачење и теренски увид на сообраќајот на повеќе сообракајници низ градот. Планските мерки за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење резултираа со затекнување на 31 полнолетни и 27…

повеќе...

117 кг марихуана откриени во албански автобус на Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце открија обид за пренесување на 117 кг високо квалитетна марихуана, во автобус со албански регистарски таблички. Имено, на 14.06.2013, околу 20:30 часот) за излез од Република Македонија се пријави автобус марка NEOPLAN со албански  регистарски таблички, сопственост и управуван од албански државјанин со инцијали Е.Б. од Тирана. Како втор возач на автобусот е лице – албански државјанин со иницијали К.Б.  Во автобусот патувaле околу 20-тина патници. Според изјавата на возачите, крајната дестинација на автобусот бил Белград, Србија. Иако и патниците и возачите изјавиле дека…

повеќе...