Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики во Скопје вчера (30.05.2013 г.) спречија обид за нелегално внесување на 54 илјади швајцарски франци. Околу 16 часот, на аеродромот Александар Велики со лет од Швајцарија пристигна македонски државјанин од с. Боговиње, тетовско. Патникот, иако помина на зелен канал каде што поминуваат патници кои што немаат ништо за пријавување, беше селектиран за детална контрола. Притоа, кај него се пронајдени 66 илјади швајцарски франци. Законот за девизно работење предвидува дека резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност на 10 илјади евра, па според…
повеќе...Tag: криминал
Извршена кражба на повеќе делови од железничката пруга Зајас-Тајмиште
Непознати сторители деновиве извршиле кражба на повеќе делови од железничката пруга Зајас-Тајмиште. Кражбата е извршена со демонтирање и одземање на 500 штрафови за шини, 160 плочки и 20 спојки за шини од помошната железничка пруга на челичниот мост кај селото Колари. Кривично дело е извршено помеѓу 24-ти и 27-ми овој месец најнапред со демонтирање на штрафовите, плочките и спојките, а потоа со насилно корнење и оттргнување од шините. Засега непознатите сторители успеале незабележани да ја извршат кражбата од железничката пруга која поминува низ планинскиот предел над селото Колари. Иако на…
повеќе...Приведени три лица кои што кршеле инвентар во кафе бар во Охрид
Синоќа, 24.05.2013 година, околу 22:00 часот, во Охрид на ул. „Партизанска“ во кафе-барот „План Б“, лицата А.П. (32), Н.Д. (30) и Ф.А. (20), сите од Охрид, влегле во објектот и без повод и причина почнале да го кршат инвентарот, при што присутните лица вознемирени го напуштиле објектот. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Охрид, а по преземени мерки сторителите се пронајдени и приведени во СВР Охрид и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.
повеќе...СВР Охрид поднесе кривична пријава против поранешни в.д. директори од Ј.П. „Градски гробишта“
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела “Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“ и „Примање награда за противзаконито влијание“, секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против Д.П.(58) од Охрид. Со пријавата е опфатено и лицето К.П.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службена положба и овластување.“ Пријавениот Д.П. во својство на в.д. директор на јавното претпријатие „Градски гробишта“ во Охрид, во текот на февруари 2011 година, во вршење на службеното дејствие кое морало да се изврши,…
повеќе...Акција на Преспанско езеро, пријавени 10 рибокрадци, запленети 280 рибарски мрежи и 200 килограми риба
Вчера (21.05.) во времето од 02.00 до 16.00 часот по претходно изготвен план, Министерството за внатрешни работи, во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе активности за откривање на сторители на к.д. „незаконит риболов“ по член 229 од КЗ на РМ. Акцијата беше реализирана на копно, но и во водите на Преспанското езеро на потегот помеѓу селата Долно Дупени и Наколец. Според сознанијата со кои што располагаше Министерството во услови кога езерото е без концесионер, лица од регионот на Преспа, спротивно на законот со различен…
повеќе...Кривична пријава против охриѓанец за напад врз службено лице
Секторот за внатрешни работи Охрид, против А.В.(32) од Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Пријавениот, на 18-ти овој месец, во болничка соба во болницата „Св.Еразмо“ упатил навредливи и заканителни зборови кон неколку полициски службеници по што се обидел да избега од собата кон ходникот. Во тој обид за бегство и скокање преку оградата од скалите тој бил спречен од тројца полициски службеници и бил доведен во друга болничка соба. Тука пријавениот А.В. превртел дел…
повеќе...Заедничка македонско-српска полициска вежба – „константно гонење“
Во изминативе неколку дена полициски службеници од различни организации при македонското и српското министерство за внатрешни работи реализираа заеднички вежбовни активности и на македонска и на српска територија под име “константно гонење“. Заедничката акција беше во согласност со Конвенцијата за полициска соработка во југоисточна Европа, а нејзина цел беше координирањето на оперативните активности на двете полицииските служби на двете министерства при бегство на извршители на кривични дела од едната на другата територија. Според сценариото на вежбата во ситуација на грабеж активностите беа насочени кон гонење на сторителите. Притоа во првиот…
повеќе...На Ќафасан запленети 12 килограми марихуана
Царинските службеници на граничниот премин Ќафасан спречија обид за влез на 12 кг марихуана. Вчера (10.05.2013 год.) околу 16:00 часот, за влез во државата се пријави автомобил Алфа Ромео со италијански регистарски таблички, управувано од италијански државјанин со иницијали Р.Н. (45) кој патувал заедно со уште еден италијански државјанин со иницијали В.М. (32). На прашање на царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават за царинење, лицата одговориле негативно додавајќи дека одат на одмор во Македонија, а потоа и во Бугарија. Царинскиот службеник одлучил да изврши рутинска контрола и во моментот…
повеќе...Кривична пријава за тепачка и напад со нож
Секторот за внатрешни работи Охрид, против А.А.(22) од Охрид поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка телесна повреда“. Со кривичната пријава, опфатени се и Н.Б. (23) Д.Н. (22) Ѓ.Б. (20) и А.Л. (25) сите од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Учество во тепачка“. Нив, истражен судија при основниот суд во Охрид им одреди мерка притвор во траење до 30 дена. На 6-ти овој месец, првопријавениот А.А. со нож му нанел повреда во стомакот на М.Р. од Охрид по што…
повеќе...Спречен обид за криумчарење на 37 мигранти од Авганистан и Пакистан
По предходно добиени оперативни сознанија, денеска (07.05.2013) во раните утрински часови во сели Слупчане, кумановско од страна на полициските службеници од СВР Куманово сопрено е ТМВ управувано од Ф.А. (39) од Куманово и при извршен преглед во приколката се пронајдени 37 државјани на Авганистан и Пакистан, сите од машки пол на возраст од 18 до 30 години. Имено, Ф.А. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, за неутврдена парична надокнада ги превзел мигрантите од Куманово со цел да ги превезе во Слупчане каде што требало да ги засолни…
повеќе...