Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, вчера 07.08.2014 година, до Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Г.В. викан “Вампир“ (1976) и Љ.Н. викан “Бели“ (1974)-вработен во МВР на РМ како полициски службеник, двајцата од Скопје, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-б став 2 вв став 1 од КЗ на Р.Македонија. Имено, од страна на полициски службеници при Секторот за трговија со луѓе и илегална миграција, во координација…
повеќе...Tag: криминал
Безживотно тело пронајдено во џип со англиски национални ознаки
Едно возило-џип марка „Range Rover“ со англиски национални ознаки и безживотно машко тело на задното седиште, синоќа пронајдоа полициските службеници работејќи на реализација на казненото дело „Разбојништво“ извршено на 29-ти минатиот месец во две златари во Дебар. Возило е пронајдено во 19 часот и 45 минути на место викано „Мирешки ливади“ во близина на државната граница со Република Албанија. Двете задни врати од џипот биле отворени, задното ветробранско стакло било скршено, а на задното седиште во лежечка положба е забележан машкиот леш. На лице место, во тек е криминалистичко-технички увид…
повеќе...Кривични пријави за лица од Струга поради продажба на хероин
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против А.С. (25) од струшкото село Велешта и С.У.(28) од струшката населба Теферич, поднесе кривична пријава. На 29-ти овој месец, при преглед на ташна сопственост на второпријавената С.У. пронајдени се вкупно шеснаесет опаковки со опојна дрога хероин завиткани во жолта најлонска фолија а наменети за натамошна продажба на наркозависници од Струга и Охрид. Прегледот е извршен околу 18 часот по претходни оперативни сознанија дека…
повеќе...Ограбена црквата „Св.Антонија“ во струшко Глобочица
Црквата „Св.Антонија“ во струшкото село Глобочица беше мета на засега непознат сторител, кој според кажување на член на црковниот одбор извршил тешка кражба и одзел околу 200,оо денари. Тешката кражба во црквата е извршена во периодот од 20-ти до 23-ти јули оваа година. Во црквата „Св.Антонија“, сторителот влегол откако го скршил прозорецот од источната страна а потоа се упатил во внатрешноста на црквата каде извршил пребарување низ црковните простории. Во близина на црковниот олтар ги забележал парите оставени од верниците, ги одзел по што избегал. Се преземаат мерки за пронаоѓање…
повеќе...Кривични пријави за двајца охриѓани поради тешки кражби и прикривање
Секторот за внатрешни работи Охрид, против Г.С.(35) од охридското село Долно Лакочереј и В.Т.(39) од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Тешка кражба“ и „Прикривање“. Пријавениот Г.С. кон крајот на март оваа година, со употреба на физичка сила насилно отворил прозорецот од приземје на куќа на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид и по извршеното пребарување, одзел два лап-топ компјутери од марките „Асус“ и „Ацер“, околу 10.000,оо денари, 200 евра, сребрен и „Сваровски“ накит. Еден од одземените лап-топ компјутери, подоцна бил…
повеќе...Организирана 10 члена група успеале “онлајн“ да украдат 95.609 долари и 99.000 евра
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал при МВР по претходно спроведена истрага, ја реализираше оперативната акција “Компас“ во којашто е разбиена десетчлена организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности поврзани со изработка на лажни веб страници – фишинг и кражба на податоци од платежни картички и банкарски податоци со цел вршење на нелегални трансакции. Притоа, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против десет лица за сторени кривични дела „Злосторничко здружување„ по…
повеќе...Скопјанец фатен како кради во повеќе хотели во Охрид
Поради постоење основи на сомнение дека е извршител на повеќе кражби, вчера СВР Охрид го приведе и од слобода го лиши Ш.Н.(66) од Скопје. Приведениот, кражбите ги сторил во периодот од јануари до мај оваа година во повеќе хотели во Охрид при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 1500,оо евра. Серијата кражби ги започнал во јануари оваа година во хотелот „Милениум“ каде извесно време го следел движењето на гостите по што искористил згодна прилика и одзел една ташна со околу 6500,оо денари, мобилен телефон „Самсунг-галакси“ и повеќе…
повеќе...Кривична пријава поради пронајдена дрога кај лице од Велешта
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Н.К. (39) од струшкото село Велешта како и против албанскиот државјанин Г.Х.(18) поднесе кривична пријава. На 21-ви овој месец, при извршен преглед, кај пријавениот Г.Х. жител на албанскиот град Либражд, пронајдени се две паковки со опојна дрога марихуана. Дрогата е пронајдена во џеб од неговата јакна завиткана во најлонска фолија, а била наменета за понатамошна продажба. Албанскиот државјанин, марихуаната ја добил…
повеќе...Кривична пријава за лице од Радолишта поради „Разбојништво“
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Разбојништво“, полициската станица од Струга против П.Д. (37) од струшкото село Радолишта поднесе кривична пријава. Него основниот суд во Струга му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Со кривичната пријава опфатени се и други четири, засега непознати лица. Пријавените, на 3о-ти минатиот месец во 18 часот и 30 минути, го извршиле казненото дело при што од златарата „Циркон“ лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Струга, одзеле поголема количина на злато и златен накит во вредност, според кажување на сопственикот…
повеќе...Со „фалс“ известување сакал да се стекне со право на користење на деловен простор
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.И. (55) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – “фалсификување исправа“ по чл. 378 од КЗ на РМ. Пријавениот иако знаел дека за стекнување на право на користење на деловен простор кој е во сопственост на Р.Македонија е потребно да се достават документи издадени од соодветни државни институции, со намера на незаконит начин да се стекне со право на користење на деловен простор КО ЦЕНТАР 1, а коj е во сопственост на Р.Македонија, направил и употребил…
повеќе...