Хуманитарна акција на основците од ОУ „Григор Прличев“ – „Од нашата рака до гладните усти“

По повод Кампањата за недела на борба против гладта, училиштето ОУ„ Григор Прличев“ – Охрид организира и започна хуманитарна акција „ОД  НАШАТА  РАКА – ДО ГЛАДНИТЕ УСТИ“. Секој ученик и вработен во училиштето кој сака да помогне во текот на оваа недела, поточно од  08. 10. 2013 (вторник) до 10.10.2013 (четврток), може да донесе прехрамбени продукти кои се оставаат на штандот пред влезот на училишната зграда, а се наменети за ранливата категорија. Акцијата успешно започна, а продуктите ќе се достават во општинскиот Црвен Крст.

повеќе...

Општинарите се едуцираа како да се заштитат од туберкулоза

Претпладнево во големата сала на Општина Охрид  а по повод неделата на борба против туберкулоза што беше од 14-ти до 21 септември, екипа на Црвен Крст, одржа едукативно предавање за оваа болест. Целта на случувањето беше да се укаже на погрешното мислење кое го негуваат луѓето, дека туберкулозата е одамна изумрена  болест. Таа е карактеристична и за 21 век  но за разлика од некогаш  истата денес  100 процентно  се  лекува. Министерството за здравство на РМ ги покрива сите трошоци за лекувањето, односно  терапијата е бесплатна. Инаку Општина Охрид е една…

повеќе...

Реализирана големата крводарителска акција „Охрид спасува животи“

Со 62 собрани единици крв, успешно заврши денешната крводарителска акција, под мотото „Охрид спасува животи“. Акцијата која се реализира на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, а по повод Светскиот ден на Првата помош, беше во организација на Општина Охрид и Црвениот Крст од Охрид. Голем број крводарители од Охрид уште еднаш ја искажаа својата хуманост и спремност да ја даруваат својата крв за да им помогнат на оние на кои им е неопходна. Акцијата беше поздравена од Градоначалникот Никола Бакрачески, кој лично им се заблагодари на крводарителите за нивниот хуман геста, а Секретарот…

повеќе...

Во сабота голема крводарителска акција под мотото „Охрид спасува животи“

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со Општина Охрид организира голема крводарителска акција, која под мотото „ОХРИД СПАСУВА ЖИВОТИ“ ќе се реализира на 14 септември (сабота) од 10 до 17 часот на Градскиот плоштад во Охрид. Ги покануваме нашите хумани сограѓани да ја покажат својата хуманост и даруваат крв. На секој крводарител, организаторот на акцијата ќе му возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на…

повеќе...

Програмата на Градскиот плоштад добива и хуманитарен предзнак

Програмата која ќе се спроведува на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, во пресрет на настапите на нашата кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, добива и хуманитарен предзнак. Имено, средствата кои ќе се соберат од продажбата на пијалоците (пиво, безалкохолни пијалоци, вода…) ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на луѓе во општина Охрид. Волонтерите на Црвен крст Охрид ќе бидат препознатливи и достапни на посетителите на Градскиот плоштад за потребните информации и делење на пијалоците и плашица, а медицинските тимови на Црвен крст Охрид ќе се грижат…

повеќе...

Започнува нов есенски циклус „Час за приказни за деца“ на англиски јазик

Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов есенски циклус од едукативната програма „Children’s Story Hour“ – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.  Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во периодот од септември до декември 2013 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето…

повеќе...

Реализирана хуманитарна забава од страна на Црвен крст Охрид

По повод Светскиот ден на млади 12 август, Клубот на млади волонтери при Црвен крст Охрид истиот ден од 20 часот, организираше хуманитарна забава во кафе бар SHILLA, и на тој начин се одбележа истиот. Забавата со свој репертоар ја збогати бендот “Кј Данте”. Присутните покрај добрата забава имаа можност да донираат и бидат хумани. Сопствениците на кафе барот SHILLA ја покажаа својата хуманост и општествена одговорност донирајќи одредена сума финансиски средства кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

повеќе...

Голем одзив на крводарителската акција на Плаошник

Се чекаше ред, се бараше кревет повеќе за дарување на драгоцената течност на вчерашната крводарителска акција, која традиционално во организација на Црвен крст Охрид, на 8 и 9 август се одржува на Плаошник. Хуманоста на охриѓани, но и на многу гости од други градови во Македонија предизвика полни раце работа за трансфузиолошките екипи, кои вчера од 18-24 часот наполнија 126 кеси со дарувана крв. Акцијата продолжи и денес, каде на платото пред црквата Св.Климент на Плаошник, од 9-14 часот хуманите крводарители даруваа крв и учествуваа во поставување на нов рекорд…

повеќе...

Традиционална крводарителска акција „Плаошник 2013“ на 8 и 9 август

И оваа година, Црвен крст Охрид во соработка со трансфузиолошките служби на 8 и 9 август ја организира традиционалната крводарителска акција „ПЛАОШНИК 2013“. Акцијата ќе се одвива во два дела, започнува на 8 август (четврток) од 18:00-24:00 часот, а ќе продолжи наредниот ден 9 август (петок), од 9:00-14:00 часот. Се повикуваат нашите сограѓани и гости на платото пред црквата Св.Климент на Плаошник, да ја покажат својата хуманост и даруваат крв. На сите оние кои ќе дарувааат крв, организаторот на акцијата ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за…

повеќе...

Утре во Охрид ќе се одбележи Светскиот Ден за борба против хепатитис

Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, кој што стана официјален ден на СЗО во 2010 година. Датум за одбележување на  Светскиот Ден за Борба Против Хепатитис е 28 Јули кој што е избран во чест на Проф. Барух Блумберг кој ја доби нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот.   Оваа година знак на препознавање се трите мудри мајмунчиња со мото „See no evil, Hear no evil, Speak no evil“ Ова мото е симболично и претставува игнорирање на злото…

повеќе...