Охриѓанец одржа предавање на Школата за млади лидери

Под покровителство на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов веќе седум години се одржува интензивен тренинг за млади лидери од Р.Македонија и регионот кој што несебично е поддржан и од целиот бизнис сектор на РМ. Предавач на осмата меѓународна обука за лидери на претседателот Иванов која се одржува во Охрид беше охриѓанецот м-р Фисник Доко, сертифициран мајкрософт тренер и софтвер архитект, кој одржа предавање на тема: „Зголемување на продуктивноста со ИТ вештини“. На годинешната школа ќе присуствуваат вкупно 22 реномирани предавачи од врвни образовни и професионални институции од Македонија, ЕУ, САД…

повеќе...

Почнува осмата по ред Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Вкупно 40 учесници и 22 предавачи од Македонија, Европската унија, САД и Кина, ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, годинава по осми пат ќе се одржи во Охрид, од 21 до 31 август. Целта на школата е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот. И годинава школата…

повеќе...

Во тек е конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов за 2017

Во тек е конкурсот за осмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 20 август до 1 септември во Охрид. Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство,…

повеќе...

Предвремени избори на 11 декември, привремена влада в петок

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино вечерва се договорија на 11 декември да се одржат предвремените парламентарни избори. Четворицата лидери, задоволни од постигнатото, кажаа дека се исполнети сите услови за фер и демократски избори. Задоволни од договореното се и двајцата претставници на меѓународната заедница, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и претставникот на Европската Унија, Лукаш Холуб. Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи ги ставија своите потписи на заедничката изјава за датумот на одржување на изборите, како и за решенијата за уредник…

повеќе...

Ќе има ли лидерска в среда: Роковите делумно пробиени, неизвесноста целосно присутна

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино не ги исполнија сите рокови предвидени со договорот што го постигнаа на 20 јули, пред одржувањето на лидерската средба на која треба да се одреди датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Договорот заглави кај формирањето на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, чие комплетирање требаше да заврши пред три дена, односно на 24 август. Четворицата претставници на двете партии веќе неколку дена не можат да постигнат консензус за избор на петтиот член, кој треба да биде Албанец. Слаѓана…

повеќе...

Претседателот Иванов ги додели сертификатите на учесниците на седмата по ред Школа за млади лидери

„Никој неможе да ве спречи да се воздигнувате и да бидете подобри, поуспешни и поквалитетни. Секој од вас треба својот дом, своето семејство и својата држава да ги гради во височина. Ако се воздигнувате кон височината, никој нема да може да ви постави граници и лимити “, им порача вчеравечер претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на учесниците на седмата по ред Школа за млади лидери што се одржа во Охрид. На доделувањето на сертификатите за учество на оваа интензивна лидерска обука, македонскиот претседател посочи дека оваа Школа која…

повеќе...

Солунскиот градоначалник Бутарис денес во Охрид, во школата на Иванов

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис денеска ќе одржи говор на Школата за млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов во Охрид. Предвидено е тој да има и посебна средба со Иванов, како и да присуствува на свечената вечера што ја организира македонскиот претседател. Солунскиот градоначалник под своја палка има една од најуспешните грчки винарници, како и резерватот за мечки и за диви животни „Арктурос“, во кој е сместено и закрепнува и македонското мече Ушко, кое беше најдено повредено кај Тетово. Солунскиот градоначалник, покрај иницијативата на грчката влада, во комуникација со Иванов, самостојно…

повеќе...

Иванов: Потребни ни се лидери за во иднината, но и во сегашноста

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов денеска ја отвори Школата за млади лидери што на негова иницијатива по седми пат се одржува во Охрид, како проект што ги обединува младите и талентираните луѓе од земјата на едно место каде ќе ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, својата креативност, менаџерските способности. „Оваа Школа е наменета пред се на лидерите на иднината, но и лидерите на сегашноста, уште повеќе што живееме во време на големи промени, предизвици, кризи. Но секоја криза е можност за нови решенија, шанса за нови концепти и…

повеќе...

45 учесници на годинешната Школа за млади лидери на претседателот Иванов

На седмата по ред Школа за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид, ќе учествуваат вкупно 45 учесници и 21предавач. Меѓу предавачите на Школата, информираат од претседателскиот кабинет, оваа година се поранешните претседатели на Латвија и на Бугарија, Вајра Вике-Фрајберга и Петар Стојанов, директорот на Александриската библиотека во Египет, Исмаил Серагелдин, како и еминентни професори, бизнисмени, претставници на врвни институции од Република Македонија и од странство. 45-темина учесници на Школата доаѓаат од различни академски…

повеќе...

Објавен конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов

Објавен е конкурсот за седмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14 до 26 август во Охрид. Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата…

повеќе...