Отслужена литургија во манастирот Св. Атанасиј Велики (ман. Св. Наум Охридски)

Денес на денот кога го прославуваме празникот на светиот Атанасиј Велики (летен), во манастирот „Св. Атанасиј Велики“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Света архиерејска литургија за Св.Атанасиј Велики (летен)

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 мај 2017 година (понеделник), во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Од 1 август рурална амбуланта за Пештани, Трпејца и Љубаништа

Од 1 август стартува со работа руралниот лекар во Пештани, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на средби со жителите на туристичката населба Коњско при денешната посета на Охрид. „Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца и Љубаништа. Во тие три места живеат три илјади жители, тоа се исто толку потенцијални пациенти кои имаат свои потреби од лекар, така што на овојначин ќе им се излезе во пресрет при одредени медицински услуги и…

повеќе...

Во недела литургија по повод празникот „Пренос на моштите на св.Атанасиј Велики“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15ти мај (недела), во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Љубаништа доби мини плоштад

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска беше во охридското село Љубаништа каде Локалната самоуправа и охридските јавни претпријатија го уредија просторот околу спомен обележјето на Паднатите борци, со што жителите добија мини плоштад, односно уреден простор за одмор и дружење. „Во рамки на нашата востановена пракса за рамномерен развој на сите населени места во општина Охрид, градски и приградски средини како и села а препознавајќи ги приоритетите на мештаните на Љубаниша и одговарајќи на нивните барања, изминатиов период го уредивме простор околу спомен обележјето на Паднатите борци во ова село.…

повеќе...

Се уредува плоштадот во Љубаништа

Во селото Љубаништа, денес, градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ започна со уредување на плоштадот кој се наоѓа во непосредна близина на спомен обележјето на паднатите борци. Предвидено е просторот партерно да се уреди со поставување на околу 220 м2 бехатон плочки, коловозни ивичници, парковски ивичници и потпорни ѕидови. Плоштадот, дополнително, хортикултурно ќе биде оплеменет, ќе се постави фонтана и шест клупи. Активностите за уредување на плоштадот се очекуваа да завршат до крајот на наредната недела.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето во Љубаништа и Рача и на улиците „Ѓорче Петров“ и „Гоце Делчев“

Поради санација на дефект на водоводната линија, денеска до 14:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе има во селата, Љубаништа и Рача а без вода ќе бидат и жителите на улица „Ѓорче Петров“. Поради приклучок на новата водоводна линија до 14 часот прекин во водоснабдувањето ќе има и на улицата „Гоце Делцев“.

повеќе...

Утре градоначалникот Бакрачески во обиколка на неколку селски населби

Утре, со почеток во 14 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места. Агендата на посетата е следна: – 14 часот – с. Љубаништа – 15 часот – с. Трпејца – 16 часот – с. Пештани – 17 часот – с. Елшани Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...