Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се натпреваруваа на четвртиот по ред традиционален меѓународен турнир во Олимписко Таеквондо „Скопје опен 2017“ во спортската сала на СРЦ Кале во Скопје. Турнирот го прогласи за отворен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој го искажа задоволството што градот Скопје и Република Македонија се наметнуваат на европската спортска мапа како одлични организатори и домаќини на реномирани меѓународни спортски натпреварувања. „Со рекордниот број натпреварувачи кои се пријавија, овој турнир дефинитивно е најголем, а верувам ќе биде и најквалитетен…
повеќе...Tag: македонски спорт
РК Охрид го освои првото место од регуларниот дел во Суперлигата
Тимот на РК Охрид и официјално го освои првото место од регуларниот дел во Македонската ВИП Суперлига. Вечерва во Радовиш, охридскиот тим успеа да го совлада домаќинот – тимот на РК Радовиш со резултат 25-33. По 18 одиграни рунди, РК Охрид и РК Пелистер освоија ист број бодови, иста гол-разлика, но тимот на РК Охрид има дадено 2 голови повеќе од Пелистер. Ова воедно е најдобар пласман и историски успех за РК Охрид. Ракометарите на РК Охрид ќе ги очекува далеку посериозна конкуренција во плеј-офот кој што следува, каде покрај првите…
повеќе...Лихтенштајн 0:3 Македонија
Најдобрата репрезентација на Македонија вечерва во Вадуц славеше со убедливи 0:3 над Лихтенштајн, во натпревар од петото коло од квалификациите за Светското Првенство кое во 2018 година ќе се одржи во Русија. Погодија Николов и два пати Несторовски. Македонија тргна офанзивно и првата закана дојде уште во 6-тата минута кога Пандев и Спировски убаво си проиграа во противничкиот казнен простор, а силниот шут на нашиот капитен го одбрани домашниот голман Јехле. Во 25-тата минута во шанса се најде Спировски, но биеше непрецизно покрај голот. Нашите репрезентативци продолжија да вршат притисок…
повеќе...Македонија У21 со сигурен триумф против Црна Гора У21
Новата генерација фудбалери на Македонија до 21 година ја победи Црна Гора со 2:0 на контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаа контролата во текот на целата пресметка, имаа подобри шанси, ги искористија најдобрите и заслужено запишаа победа. Првата полушанса на натпреварот ја имаше Македонија во 12. минута, Бабунски асистираше, но Петар Петковски шутираше покрај стативата од противничкиот гол. Во 23. минута Кукулиќиќ го упати единствениот сериозен удар кон нашиот гол, но Мујовиќ беше внимателен. Најубавата акција во првото полувреме…
повеќе...Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца
Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или…
повеќе...Македонската футсал репрезентација ќе одигра три контролни средби со Хрватска
Од 23 до 27 март македонската футсал репрезентација ќе одигра три контролни средби со репрезентацијата на Хрватска. Термините за нивното одигрување се 24 и 26 март во спортска сала „Гемиџии“ во Велес со почеток во 19:00 часот. Натреварот во Скопје е од затворен тип. Истиот ќе се одигра во спортскиот Центар „Форца“ на 25 март и ќе започне во 17:00 часот. Овие натпревари би требало да бидат искористени како „генерална проба“ пред квалификацискиот турнир во Алмати (Казахстан) од 4 до 11 април. Покрај една од најдобрите футсал репрезентации во Европа,…
повеќе...25 години Македонски олимписки комитет
Вечерва, на местото на своето создавање, во „Гранд Хотел“ (сегашен Холидеј Ин), се одбележаа 25-те години од постоењето на Македонскиот олимписки комитет. Голем број на Олимпијци, спортисти, тренери, спортски административци, претставници на Националните спортски федерации, стопанственици и други лица кои се дел од развојот и растењето на Македонскиот олимписки комитет беа присутни на свеченото одбележување, а плакети за својата успешната работа и големиот придонес во развојот на Македонскиот олимписки комитет добија Велко Андреев, Зоран Гапиќ и Михајло Михајловски. Честитки до претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски упати Претседателот…
повеќе...РК Охрид убедлив против РК Пролет
Во рамките од 17-то (претпоследно) коло од ВИП машката ракометна Супер лига, РК Охрид на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ убедливо со 34-22 го совлада тимот на РК Пролет. Охридските ракометари работата ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со резултат 21-10. Во второто полувреме остана само рутински да го доиграат натпреварот и да го добијат со конечни 34-22. РК Охрид и понатаму останува на врвот од табелата со 40 бодови исто колку што има и тимот на РК Пелистер. Следниот натпревар РК Охрид ќе го…
повеќе...Одиграно 23 коло од Првата МФЛ
Денес се одиграа натпреварите од 23 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Брегалница 1:3 Шкендија Македонија ЃП 0:5 Вардар Победа 1:1 Шкупи Работнички 2:0 Силекс Ренова 2:1 Пелистер На табелата Вардар останува на првото место со 53 бодови пред Шкендија на второто место со 47 бодови. WebOhrid
повеќе...РК Охрид утре ќе игра против РК Пролет
РК Охрид утре во 19:30 часот на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе го пречека тимот на Пролет, во рамките на 17-то, претпоследно коло од ракометната ВИП Супер лига. „Според табелата, мислам дека ние сме тимот кој е фаворит, а тоа утре и ќе го докажеме на терен. Се подготвувавме цела недела за овој натпревар, кој воедно може да се каже дека ќе биде и тренинг натпревар за плеј-офот кој следува.“ – изјави Лазар Адамовиќ. „Бев кратко во тимот на Пролет, која како млада екипа не е некое…
повеќе...