Трофејот за УЕФА Супер купот 2017 пристигна во Скопје

На 8 август 2017 година Скопје ќе биде домаќин на грандиозен фудбалски настан, Супер Куп на УЕФА. Натпревар на кој во нашиот главен град ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа, а ќе ги дочекаме сите во Македонија. „Изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот е уникатна шанса за јавноста во Македонија да застане блиску до трофејот и да се персонализира со големиот СУПЕР КУП трофеј на УЕФА. Ѕвездената моќ на УЕФА СУПЕР КУП трофејот веруваме дека ќе привлече страствени љубители на фудбалот и општата јавност каде и да се…

повеќе...

Отворен ден за дружење со младите фудбалски херои

В недела, 19 март, од 14:00 до 15:00 часот, Фудбалската федерација на Македонија организира отворен ден за дружење со македонската фудбалска репрезентација до 21 година на теренот во комплексот „Петар Милошевски“. Сите љубители на фудбалот, оние кои искрено го сакаат и кои имаат желба да се запознаат со младите херои кои ја однесоа Македонија на Европското првенство во Полска се добродојдени на терените во „Куќа на фудбалот“ и ќе можат да се запознаат, да се фотографиираат со фудбалерите, да разменат по некоја фудбалска „финта“ и секако да ја почувствуваат позитивната…

повеќе...

Селекторот Ангеловски го објави списокот со фудбалери за натпреварите против Лихтенштајн и Белорусија

Македонската А репрезентација на 24 март во Вадуз против Лихтенштајн ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот од 5 коло во Г групата од мундијалските квалификации и за контролниот дуел против Белорусија. Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со Лихтенштајн и пријателскиот со Белорусија на 28 март во Скопје се повикани 22 играчи. Селекторот Ангеловски за пресметката со Лихтенштајн не може да смета на…

повеќе...

Одиграно 22 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 22 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Пелистер  0:1  Работнички Шкендија  4:0  Победа Шкупи  3:2  Ренова Силекс  4:2  Македонија ЃП Вардар  2:0  Брегалница На врвот од табелата и понатаму е Вардар со 50 бодови, пред Шкендија на второто место со 44 бодови. WebOhrid

повеќе...

Упис за тренерски курсеви за добивање на УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца

Центарот за Едукација на Фудбалската Федерација на Македонија објавува упис за добивање на тренерски дипломи и лиценци, и тоа за следниве нивоа: УЕФА Б, УЕФА А и Национална Ц лиценца. Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барањето треба да ги достават и следниве документи: За УЕФА Б Курс: – Најмалку 22 години старост, копија од лична карта или пасош – Најмалку 4 години активно играње фудбал во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во било која сениорска лига, потврда од клуб или…

повеќе...

Македонија на 166 место на ФИФА рејтинг листата

Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија се наоѓа на 166 место, откако нашата фудбалска репрезентација забележа пад од -1 место. И повторно, ова претставува ново најниско место за нашата фудбалска репрезентација. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листата каде остануваат Аргентина, Бразил и Германија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Суринам од +9 места се искачи на 120 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Мијанмар од -13 места и се најде на 172 место. WebOhrid

повеќе...

МОК организира висока обука за напреден спортски менаџмент

Македонскиот олимписки комитет (МОК) во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) како и во координација со Националните спортски федерации (НСФ), високо образовните институции, централната и локалната власт како и во соработка со другите спортски институции и организации во Република Македонија, ја започнува процедурата за започнување на едукација на четвртата генерација на учесници на Високата обука за напреден спортски менаџмент на Олимписки спортски организации (ОСО) во Република Македонија. Станува збор за многу обемна едукативна спортска програма која претставува квалитетна теоретско-практична платформа за унапредување на работата на сите заинтересирани страни во спортот.…

повеќе...

ФФМ донираше комплет спортска опрема за женските младински клубови

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (дресови, копачки, маици, шорцеви, фудбалски топки) на женските клубови во млади категории. Во „Куќата на фудбалот“ донација примија вкупно дванаесет клубови кои се натпреваруваат во младинските женски лиги. АС Јунајтед, Кочани, Габер, Младост, Шар Планинка, Билјанини Извори, Кратово, Џиџи, Топ Гол, Порече, Атлетико и Тиверија. Сузана Трпеска од Шар Планинка во врска со оваа донација го потенцираше значењето на доделената опрема и дополни: „Ова е позитивно за развојот на женскиот фудбал. Благодарност до ФФМ што и на овој начин се обидува да влијае…

повеќе...

Одреден распоредот на натпреварите во кошаркарската Супер лига и во Плејаутот

Регуларниот дел од сезоната заврши со 14 одиграно коло изминатиот викенд со што се одреди и финалниот пласман на клубовите на табелата во Првата лига (Мажи). Фени индустри го заврши првиот дел од сезоната на првото место на табелата, со само два порази. Второпласиран е Работнички, вицешампионот Куманово е на третото место на табелата додека Кожув е последниот учесник во Супер лигата по пласман од првиот дел на сезоната. На овие четири екипи ќе им се приклучат бранителот на шампионската титула МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи, тимови кои се…

повеќе...

Медалистите од македонската таеквондо репрезентација на прием во АМС

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески денеска оствари средба со претставниците на Таеквондо репрезентацијата на Македонија, која постигна одлични резултати на неодамна завршениот Г-1 турнир, кој изминатиот викенд се одржа во Софија, Бугарија. Станува збор за турнир од највисок ранг во олимпиското таеквондо, турнир од кој се собираат бодови за ОИ во Токио 2020. Актуелниот Балкански јуниорски шампион Дејан Ѓорѓиевски дебитираше како сениор и со свои 17 години успеа со четири победи да освои златен медал. Тој победи борци од светските велесили во таеквондото како Аргентина,…

повеќе...