Објавен списокот на примени кандидати за спортска академија – фудбал во прва година за учебната 2016/17

Фудбалската федерација на Македонија го објави списокот на примени кандидати за спортска академија – фудбал во прва година за учебната 2016/17 година. Резултати од селектирање за Спортска Академија – фудбал 2016-17 За примените кандидати во сите градови важи истиот уписен рок како за сите средни училишта. На 28 и 29 јуни 2016 година од 8:00 до 15:00 часот во просториите на ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје. Сите примени кандидати од сите градови се запишуваат во Скопје. Потребни документи: – ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ – СВЕДИТЕЛСТВО ОД…

повеќе...

Македонија ќе игра против Австрија во полуфиналето од Европската одбојкарска лига

Македонската репрезентација повторно успеа да се пласира во Ф4 од Европската одбојкарска лига. Оваа година натпреварите од Ф4 ќе се играат во Варна, Бугарија. Во полуфиналето на 1 јули (петок) Македонија ќе игра против Австрија со почеток од 14:00 часот. Од 17:00 часот е другиот полуфинален натпревар Естонија-Бугарија. Следниот ден со почеток во 14:00 часот поразените ќе играат за бронза, додека пак финалето ќе се игра во 17:00 часот. WebOhrid

повеќе...

Голем успех на македонската триатлон кадетска репрезентација

Триатлон Федерацијата на Македонија со македонската репрезентација во состав Давид Мијалов, Бојана Ѓорѓиеска и Иво Јован Димовски, настапи на Европското Првенство во Бургас, Бугарија. На трката учествуваа сите европски земји во 6 категории. Радовишанецот Давид Мијалов со своите 13 години го освои првото место во категорија кадети и остави голем белег и најдобар резултат на Македонската Триатлон Федерација до сега. Натпреварувачите Бојана Ѓорѓиеска и Иво Јован Димовски ги освоија четвртите места во кадетските категории кои се исто така големи достигнувања за нас.

повеќе...

Шкендија, Работнички и Силекс ги добија противниците во квалификациите за Лигата Европа

Шкендија, Работнички и Силекс ги добија противниците во квалификациите за Лигата Европа. Шкендија ќе игра против Краковија од Полска, Силекс против Вадуз од Лихтенштајн, а Работнички против Будуќност од Подгорица, Црна Гора. Првите натпревари треба да се одиграат на 30 јуни, додека пак повратните дуели на 7 јули. Шкендија и Работнички ќе започнат на свој терен, а Силекс ќе гостува. Дополнително ќе се утврди времето на одигрување. WebOhrid

повеќе...

Вардар ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони

Екипата на Вардар ќе игра против Динамо Загреб во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони. Термините за одигрување на натпреварите ќе бидат дополнително утврдени, каде што првиот натпревар треба да се одигра во Скопје на 12 или 13 јули, додека пак повратниот дуел треба да се игра една недела подоцна во Загреб на 19 или 20 јули. WebOhrid

повеќе...

Кирил Лазаров: Треба да се верува во она што се сака и соновите ќе се остварат

Македонската ракометна репрезентација успеа повторно да се пласира на Светско првенство. Градот Охрид, поточно хотелот „Аквалина“ деновиве е домаќин на вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. WebOhrid го интервјуираше најдобриот македонски ракометар и актуелен капитен на македонската репрезентација, Кирил Лазаров. WebOhrid: Кирил, најпрво честитки за пласманот на нашата репрезентација на Светското првенство во ракомет 2017 кое ќе се игра во Франција. Дали Македонија ќе има сили да се прикаже на достојно ниво на претстојното Светско првенство? Лазаров: Мислам дека ова е многу важен момент општо за македонскиот спорт и посебно за македонскиот ракомет,…

повеќе...

Стартуваше ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во Охрид

Започна вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″ на кој учествуваат околу 250 деца од Македонија и странство, во две смени и тоа од 17-23 и 24-30 јуни. И оваа година кампот се одржува во хотелот „Аквалина“ во Охрид. „Презадоволни сме од самиот старт и од тоа како течеа подготовките за кампот. Околу оние работи за кои што сум задолжен, се однесува на тоа како е овде се средено инфраструктурно, за хотелот и за терените, можам да кажам дека навистина од хотелот „Аквалина“ прават максимални напори за да се обезбедат врвни услови, не…

повеќе...

Ракометарите ја совладаа Чешка и се пласираа на СП 2017

Сениорската машка репрезентација на Македонија го обезбеди своето петто учество на Светските Првенства, откако синоќа во фантастичен натпревар во Скопје ја совлада Чешка со 34-27. Пред преполните трибини на ВИП Арената „Борис Трајковски“, нашите репрезентативци одиграа одличен меч кој го контролираа од самиот почеток и успеаја да ја анулираат негативата од шест гола од првиот натпревар од баражот што се одигра во Злин. Натпреварот кој поради важноста, но и поради тоа што беше означен како последен на долгогодишните предводници на репрезентацијата – Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски, изобилуваше со емоции,…

повеќе...

Прием за најдобрите таеквандо борачи во АМС по успешниот настап на Солун Опен

Директорот на Агенцијата за млади спорт Марјан Спасески организираше прием за македонските таеквандо натпреварувачи, освојувачи на медали на турнирот од Г-1 категорија одржан во Солун. Имено ова е прв настап на Македонска репрезентација на турнир од ваков ранг, каде учесниците имаат можност да се запознаат со мега звезди, олимписки и светски прваци во таеквандо спортот. Висината на квалитетот на борачите ја обезбедува причината што на вакви турнири се собираат бодови за настап на олимписки игри. Македонските претставници го завршија настапот со четири медали што е одличен успех особено ако се…

повеќе...

Македонија поразена од Чешка 28-22

Сениорската машка репрезентација на Македонија, со шест гола негатива ќе го дочека реваншот во Скопје за пласман на СП 2017 што ќе се игра во Франција. На дебито на Лино Червар на селекторската позиција, Македонија загуби од Чешка во Злин со 28-22. И покрај тоа што нашите репрезентативци добро го почнаа натпреварот и одржуваа водство во поголемиот дел од првото полувреме, Чешка знаеше да го искористи периодот на деконцентрација во играта пред крајот на полувремето и до паузата стигна до предност од 14-10. Чесите ја одржуваа позитивата и во текот…

повеќе...