Одредени 17-те ракометари кои ќе патуваат за Чешка

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, ги соопшти имињата на 17-те ракометари што во петок ќе патуваат за Злин, за првиот натпревар од двомечот против Чешка за пласман на СП 2017 година. Од листата од 20 ракометари со кои Червар ги работеше последните тренинзи во СРЦ „Кале“, последни отпаднаа Златко Даскаловски, Никола Костески и Милорад Кукоски. По завршувањето на средбата во Злин, односно со продолжувањето на тренинзите за реванш-натпреварот во Скопје, овие тројца ракометари ќе продолжат со тренинзите и рамноправно со сите останати играчи ќе конкурираат за…

повеќе...

Ракометарките поразени од Хрватска за крај на Квалификациите за ЕП

Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија со пораз од 35-19 против Хрватска ги заврши Квалификациите за ЕП 2016 што ќе се игра во Шведска. Избраничките на Симе Симовски, на последното гостување во Риека, немаа сили да се спротивстават на фаворизираниот противник, кој водеше во текот на целата средба и заслужено славеше на крајот. Македонија на натпреварот настапи без капитенот Елена Ѓорѓиевска која се повреди на последната средба во Скопје во четвртокот, а Хрватска тоа знаеше на најдобар начин да го искористи и рано во натпреварот поведе со 8-1. Нашите ракометарки…

повеќе...

Ракометарките поразени од Црна Гора

Сениорската женска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора во Скопје од 27-21, во Квалификациите за ЕП 2016 година, но прикажаа добра игра во која имаа и водство против фаворизираниот противник до 45-та минута. Почетокот во „Кале“ донесе изедначен ракомет, а иако Црна Гора успеа да го преземе водството во првото полувреме, Македонија се одржуваше на достижна негатива и на пауза се замина со 13-12 за гостинот. Второто полувреме почна со одлична игра на избраничките на Симе Симовски и со серија од 4-0 за нашата репрезентација дојде до предност…

повеќе...

Македонија 1:3 Иран

Македонската А репрезентација загуби со 1:3 од Иран на пријателскиот натпревар на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Квалитетниот гостински состав заслужено се радуваше, користејќи ги грешките во нашата одбрана. Сердар Азмун постигна хет-трик, Александар Трајковски беше стрелец на голот за Македонија. Првата прилика ја имаше нашата репрезентација, веќе во втората минута капитенот Горан Пандев упати удар, но топката мина крај голот на Иран. Гостинскиот состав опасно се закани во седмата минута, но нашиот голман Столе Димитриевски „влезе во шутот“ на Езатолахи и спаси сигурен гол. Сепак, по корнерот на иранците…

повеќе...

Скок од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа

По победата од 3:1 во пријателскиот натпревар против Азербејџан, Македонија забележа скок од две места на најновата ФИФА рејтинг листа. Македонската фудбалска репрезентација моментално се наоѓа на 139 место. Македонија има шанса да напредува и на следната рејтинг листа, но тоа зависи пред се од исходот на денешниот пријателски натпревар против Иран, кој ќе се одигра во 19:00 часот на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. На врвот од ФИФА рејтинг листата останаа Аргентина и Белгија, додека пак на третото место се искачи репрезентацијата на Колумбија. Најголем скок изминатиот месец…

повеќе...

Македонија 3:1 Азербејџан

Македонија оствари победа со резултат 3:1 над Азербејџан на пријателскиот натпревар одигран во Виена во Австрија. Македонија со подмладен состав одигра одличен натпревар и најави подобрување на игрите и резултатите. Сенка на победата фрла повредата на Енис Барди кој заработи скршеница на носот. Македонија многу подобро го отвори натпреварот и се закани два пати преку Трајковски, а во 12. минута силниот шут на Барди не беше прецизен. Шансите беа предупредување за тоа што следуваше во 18. минута кога Радески доби добра топка во опасната зона, а неговиот удар заврши во…

повеќе...

МЗТ Скопје по петти пат шампион на Македонија

МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува својата доминација во мак баскетот и вечерва со третата победа во финалната серија над Куманово од 90-88 (26-22, 16-19, 27-24, 19-24). ја освоија петтата последователна титула во Првата лига. Наместо како празник на кошарката четвртиот натпревар од финалето на Плеј офот меѓу Куманово и МЗТ Скопје ќе се памети по тешкиот инцидент на навивачите на домашниот тим на 4 минути и 27 секунди пред крајот на третата четвртина при водство на Куманово од 54-50. По приговорот на Бојан Трајковски кон судиите и досудената техничка грешка…

повеќе...

Македонија У21 славеше во Киев

Македонија до 21 година ја победи Украина со 2-0 во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство. Марјан Радески и Бесир Демири беа стрелци на головите во Киев на славниот „Валери Лобановски“. Со големиот триумф, избраниците на Благоја Милевски се израмнија со Исланд и се само на два бода од лидерот Франција пред завршницата на циклусот квалификации за Евро 2017 во Полска. Брилијантната тактичка поставеност и максималната реализација на шансите на нашата репрезентација беа клучот на натпреварот во Киев. Украина имаше јалова иницијатива и напади без конкретни шанси и проблеми…

повеќе...

Македонската одбојкарска репрезентација во поход кон нови успеси

Македонската одбојкарска репрезентација која минатата година ја израдува целата македонска јавност со сребрениот медал освоен во финалето на CEV Европската лига тргнува во поход на нови успеси. Нашите репрезентативци веќе се во втората фаза од подготовките за предизвиците, најпрвин натпреварите од овогодинешното издание на Европска лига идниот месец, но и квалификациите за ЕП 2017 од 15 до 25 септември. Имено, најдобрите македонски одбојкари ќе патуваат за Бугарија каде од 10-ти до 12-ти јуни во Варна ќе го одиграат првиот турнир во групата А, каде се машките сениорски репрезентации на Бугарија,…

повеќе...

Одржан Олимписки ден во ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Христо Узунов“ во организација на Асоцијацијата за спортови, „Спорт за сите, сите за Спорт“ и сесрдна помош на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), денес одржа Олимписки ден на спортските терени и во дворот на училиштето. Учениците се натпреварува во девет спортски дисциплини, а манифестацијата беше збогатена и со инвентивна уметничко сценска програма. „Континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, во поединците веќе вродува со плод, за кое што лично можам да кажам дека сум многу горд. Охрид живее во духот на спортот. Инвестирањето во повеќенаменските игралишта низ целата територија во…

повеќе...