Codefest 2014 – Програмерски маратон во Охрид по втор пат

И оваа година, како зачеток на една мала традиција, во Охрид по втор пат се организира маратонот за програмирање, Codefest 2014. Овој настан е единствен од својот тип, особено со тоа што е организиран од и за студенти, и опфаќа маратонско програмирање, кое минатата година траеше 24 часа, а за оваа година е најавено да трае 32 непрекинати часови. Овогодинешниот настан се организира под слоганот Celebrating Code (Го прославуваме кодот), и се очекува да биде поголем и уште поуспешен од оној минатата година. За таа цел, Организациското Тело на настанот,…

повеќе...

27 Интернационален Атлетски Маратон – Охрид 2013

По повод 8-ми Септември Денот на државноста, годинава по 27 пат ќе се организара традиционалниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид 2013. Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 (осумнаесет) години без прекин до 1993 година. Поради големата заинтересираност после првото одржување на маратонот од општински, републички прерасна и во меѓународен атлетски маратон. Од 1993 година до 2003 беше ставен во мурување па наредните години 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008 повторно беше успешно организиран. Маратонот важи за еден од најтешките маратони и се трча должкрајбрежјето…

повеќе...

Рејмонд Аксел од Франција победник на 27 Охридски пливачки маратон

Рејмонд Аксел од Франција е новиот победник на овогодинешниот 27 Охридски пливачки маратон. Французинот кој дебитираше на нашиот маратон, а е претпоследен од ФИНА Гранд при серијата за 2013 година, постави нов рекорд на патеката „Климе Савин“ долга 30 километри, со време од 5 часа, 9 минути и 54 секунди, што е за 10 минути подобро време од претходниот рекорд на Бугаринот Петар Стојчев. Второ место беше Италијанецот Едоардо Стокино, додека пак трет беше Русинот Иван Афоневич. Од нашите пливачи, Евгениј Поп Ацев заврши на четвртото место, додека пак Томи…

повеќе...

Македонија со 4 претставници на Охридскиот пливачки маратон

Како што веќе беше објавено од страна на FINA, овогодинешниот Охридски Маратон ќе се одржи во сабота на 24 август по 27 пат. Досега своето учество на маратонот го пријавија 30 натпреварувачи (19 во машка и 11 во женска конкуренција). Искусниот маратонец Томи Стефановски ќе ја предводи македонската „чета“ од четворица пливачи  на претстојниот Охридски маратон, заедно со Евгениј Поп Ацев, на кои ќе им се приклучат и помладите Александар Панчевски и Александар Илиевски. Ни оваа година, како и години претходно, нема да имаме претставничка во женска конкуренција. Дамјан Блаум…

повеќе...

Одржан Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“

Денес на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, Ј.П. „Билјанини Извори“ во соработка со Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а под покровителство на Општина Охрид го организираа Пливачкиот митинг „Св.Климент Охридски 2013“. Пливачкиот митинг се оддржува после апстиненција од 15 години. На митингот зедоа учество стотина пливачи од Охрид, Струга, Битола, Скопје и Прилеп. Натпреварувачите се натпреваруваа во 5 дисциплини. На настанот се обрати и Секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески кој истакна дека Општина Охрид и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите спортски настани. Проектот Спортско лето во организација…

повеќе...

Утре ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон

Во организација на пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 Охрид, традиционално, по 34 пат, утре, на 02.08.2013 год. (петок), на патеката Горица – Охрид во должина од 2,5 км. ќе се одржи Илинденскиот пливачки маратон. Своите пливачки способности и вештини ќе ги одмерат преку 30 пливачи од повеќе пливачки клубови од Македонија и странство, кои организирани во две возрасни групи (до 16 години и постари од 16 години) ќе стартуваат во 10 и 10:15 часот од плажата Горица 1 (поранешен хотел Парк). Пристигнувањето на пливачите на целта на Градското пристаниште во…

повеќе...