Организирани математички и научни активности во „Јахја Кемал“

Приватното основно училиште „Јахја Кемал“, денес организираше активност за учениците од V одделение, тестирање по предметот Математика и активност од Наука. На најуспешните ученици им беа доделени сертификати и награди. WebOhrid

повеќе...

Бројни награди за охридските основци на Државниот натпревар по математика

На 41от Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование кој се одржа на 07.05.2016 година во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ – Скопје, охридските основци освоија бројни награди. Ученичката Христина Митреска од VIII одделение од ОУ„Христо Узунов“ од Охрид под менторство на наставничката Виолета Китеска освои трета награда и се здоби со право за учество на Јуниорската македонска математичка олимпијада. Освоени места и право на учество на Јуниорската македонска математичка олимпијада имаа и учениците од ОУ„Григор Прличев“: Петар Мишов VII…

повеќе...

Основците од „Христо Узунов“ со низа успеси на Регионалниот натпревар по математика

На 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година, кој денес се одржа на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид, учествуваа и 20 ученици од ОУ „Христо Узунов“ и го постигнаа следниот успех: Прва награда освоија учениците: Христина Митреска VIII одделение со освоени 100 поени, под менторство на наставничката Виолета Китеска, Борче Исакоски V одд. (100 поени), под менторство на наставничката Елена Китески, ученичкот Горазд Блажески V одд (86 поени), под менторство на наставничката Наташа Ѓорѓиеска и Виктор Шишкоски VI одд. (86 поени), под менторство на…

повеќе...

Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“ освои прво место на Регионалниот натпревар по математика

Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, се одржа 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот беше ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот, седмоодделенката Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои првото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Таа ќе учествува на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи во месец мај, во Скопје. Ученичката Николина Каралиева VI одделение го освои третото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Седмоодделенката Евгенија Пулеска го освои…

повеќе...

На 2ри април ќе се одржи Регионалниот натпревар по математика

На 2-ри април (сабота), со почеток во 09:30, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, ќе се одржи XXXIV Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот е ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот ќе учествуваат 118 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. WebOhrid

повеќе...

Голем успех на учениците од ОУ „Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика

Денес во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии Свети апостол Павле – Охрид, а во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа III Oпштински натпревар по математика. Во улога на домаќин беше ОУ„Живко Чинго“ – Велгошти. Меѓу другите, учениците од ова училиште, на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати: – Втора награда освоија учениците: • Александар Трпески од 5 одд. под менторство на наставничката Гордана Цановска; • Екатерина Бочвароска од 7 одд. под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска и • Елена Кецкароска од 9…

повеќе...

Продолжуваат успесите на учениците од „Јахја Кемал“

Учениците од Колеџот „Јахја Кемал“ од Струга продолжуваат да нижат успеси. Софија Димоска (физика), Сања Симоновиќ (математика) и Никола Грунчевски (математика) беа избрани за Државниот тим на Светската олимпијада. Ученикот Никола Грунчевски доби бронза, додека пак Сања Симоновиќ доби признание од Балканската математичка олимпијада. WebOhrid

повеќе...

Средношколците од охридската гимназија со бројни успеси на државни натпревари

На државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 14-ти март, во основното училиште „Коле Неделковски“ – Скопје, ученичката Тијана Костовска од клас II-5 го освои третото место. Ментор на ученичката е проф. Ирена Ѓурчиноска Талевска. На 58-от Државен натпревар по математика кој се одржа ито така на 14-ти март во Скопје, Виктор Домазетоски ученик од IV година во ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид го освои третото место, а 5 други ученици добија пофалници. Според постигнатите резултати Виктор Домазетоски и Теодора Бујароска се пласираа на Математичката олимпијада која ќе се одржи на 4-ти…

повеќе...

Основците од „Григор Прличев“ дел од Меѓународниот натпревар „Кенгур“ 2015

Денес со почеток во 11:30 часот во ОУ „Григор Прличев“, Охрид започна Меѓународниот натпревар „Кенгур“ 2015. На натпреварот учествуваа вкупно 213 ученици од ова училиште од I до IX одделение. Натпреварот офаќа решавање на тест кој трае 1 час и 15 минути. „Кај нашите ученици традиционално има многу голем интерес за натпреварот, а на денешниот натпревар заинтересираноста беше најголема кај најмладите, учениците од одделенска настава.“–  велат од ОУ „Григор Прличев“. WebOhrid

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ учествуваа на општински натпревар по математика

Како и секоја учебна година, така и оваа 2014/15, ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, учествува на повеќе натпревари во знаење и спорт. Во саботата, ученици од IV до VIII одд. од ОУ „Живко Чинго“ учествуваа на општинскиот натпревар по математика на ниво на општина Охрид, што се одржа во просториите на ФТУ – Охрид, при што постигнаа солидни резултати. Ученикот Јован Маркоски од IVб одделение, под менторство на наставничката Гордана Цановска, освои второ место, а ученичката Анастасија Кецкароска од IVа одделение, под менторство на наставничката Билјана Пулеска, освои трето место.…

повеќе...