Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност, наменети за предавања, истражувања, студиски или уметнички престој на словачките јавни универзитети во академската 2016/2017 година. Стипендиите ги обезбедува Владата на Словачката Република и истите во целост ги покриваат трошоците за живот на стипендистот за време на престојот. Додека, трошоците за меѓународен превоз ги покрива Министерството за образование и наука на Република Македонија. Пријавувањето трае до 31 октомври 2016 година, а повеќе информации за начинот, условите, критериумите, потребните…

повеќе...

Институтот за педагогија при УКИМ прослави 70 години од основањето

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, се обрати на меѓународна научна конференција насловена „Педагогијата во современото глобално општество“, организирана од Институтот за педагогија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, по повод одбележувањето на 70 годишнината од неговото основање. Честитајќи го јубилејот, Ристовски нагласи дека кадарот кој излегува од Институтот за педагогија има големо влијание врв едукацијата на децата уште од најраната возраст. „Кадарот што вие го создавате е дел од секоја воспитно-образовна установа и претставува клучна алка во процесот на едукација и правилно насочување на генерациите…

повеќе...

Дипломи за втората генерација магистри од подружницата на Универзитетот „Франклин“ во Македонија

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на свеченото доделување дипломи на втората генерација магистри на Франклин Универзитетот од Охајо, кој соработува со универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола. Ристовски посочи дека како резултат на меѓународната соработка, вложениот труд и пренесеното знаење од врвни професори и експерти, новите кадри се високо конкурентни на домашниот и глобалниот пазар. „Изминативе две години, под водство на врвни професори сте истражувале, сте се надградувале, сте учеле и бидете сигурни дека на долг рок оваа инвестиција ќе ви се исплати“, истакна Ристовски пред…

повеќе...

Средба на државните секретари со претставници од Европската заедница

Државните секретари имаа можност од предавачите од Хрватска и од Полска да слушнат за стратегискиот пристап, финансиите и приоритетите на секторите и искуствата … „ИПА-програмата и понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети во процесот на европската интеграција“ беше насловена средбата на државните секретари од сите министерства со претставници на Европската заедница организиран од Секретаријатот за европски прашања. Целта на состанокот, на кој присуствуваше и државниот сектетар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, беше запознавање на државните секретари со модалитетите на ИПА 1 и ИПА 2 фондовите, нивниот концепт и…

повеќе...

Техничка поддршка од Унгарија за македонското земјоделство

Посветеноста на квалитетот и искрената желба да им се понуди уникатност и нов вкус на потрошувачите постојано го надоградува имиџот на виното што придонесе овој производ да стане втор најважен во извозот на агропрехранбениот комплекс, а лозаро-винарскиот потсектор да остварува нето годишен прилив од над 65 милиони евра, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, отворајќи ја работилницата за европските субвенции и земјоделските статистики. Според него, лозарството, заедно со производството на вино, придонесува со околу 17 до 20 отсто во земјоделскиот БДП. „Виното е на прво место…

повеќе...

Хуманитарен вокално-инструментален концерт

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, во соработка со Драмскиот театар, на 20.9.2016 година со почеток во 20 часот во Драмскиот театар ќе одржи вокално-инструментален концерт. Концертот се организира по повод собирање средства наменети за поплавените подрачја во Скопје. Собраните средства ќе се донираат на сметката за помош на поплавените. Цената на билетот е 100 денари и може да се набави на билетарницата на Драмскиот театар.

повеќе...

Министерот Јолевски на Форумот за армиска поддршка на цивилните структури во државата

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски учествуваше во работата на Форумот „Правни аспекти на поддршката на цивилни институции и организации од страна на одбраната“ што во организација на Амбасадата на САД и Министерството за одбрана денеска се одржува во Охрид. Денешниот состанок се одржува како дел од проект започнат пред една години, во чии рамки припадници на националните државни институции што се задолжени за справување со кризи беа во посета на државни институции на САД, при што се запознаа со начинот како се координираат активностите на Армијата и Националната гарда на…

повеќе...

Големи успеси и промоција на македонската култура во светот

Во изминатиот период со поддршка од Министерството за култура се реализираа неколку значајни претставувања на македонските уметници на светските сцени со што уште еднаш е потврдено дека нашите автори се вистински македонски бренд и најголеми амбасадори на македонската култура во меѓународни рамки. Имено, младата и реномирана виолинистка Ева Богоевска од 12 до 14 септември настапи на Интернационалниот фестивал на класична уметност и култура „Jerusalem of gold“ во Ерусалим и го освои највисокото, гран-при признание со што ѝ донесе уште една победа на нашата земја. Пред две години, Ева освои Лауреат…

повеќе...

Ќе се набавуваат по 50 машини за перење и сушење за студентските домови

Педесет професионални машини за перење и исто толку машини за сушење со капацитет до 10 килограми, ќе се набават за потребите на студентите сместени во студентските домови во земјата. Машините ќе работат на систем на жетони. Машините за перење и за сушење се едно ветување што го дадовме во минатото. Информиран сум од страна на Министерството за образование и наука дека нивни тимови ги посетиле сите десет студенски домови во земјата за да направат проценка каде и колку треба да се набават вакви машини. После таа проценка се направени одредени…

повеќе...

Конференција „Развој на соработката помеѓу високо образовните институции, приватниот сектор и надлежните органи“

Одржана конференција по повод отворање на проектот „Развој на соработката помеѓу високо образовните институции, приватниот сектор и надлежните органи“ во организација на Министерството за образование и наука , Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Министерството за национално образование, високо образование и научно истражување на Република Франција и Одделот за вработување и учење (ДЕЛ), Северна Искра ,Велика Британија. На конференцијата присуствуваа претставници на делегацијата на Европската Унија, претставници на Министерство за образование и наука на Република Македонија, претставници на Службата за следење на ЦФЦД и Служба за следење и раководење на…

повеќе...