Виолинистот Роман Симовиќ и пијанистот Ратимир Мартиновиќ вечерва на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето вечерва, со почеток во 21:00 часот во црквата „Света Софија“ ќе настапат црногорските уметници виолинистот Роман Симовиќ и пијанистот Ратимир Мартиновиќ. На програмата ќе бидат изведени дела од А. Парт, С. Прокофјев, Ф. Пуланк, М. Равел. Неговата брилијантна виртуозност и вродена музикалност, проследени со бескрајната имагинација го носат на најпрестижните музички сцени во светот. Во биографијата на виолинистот Роман Симовиќ впишани се настапи со водечките оркестри и со некои од најеминентните диригенти во светот на музиката. Големиот број награди кои ги добива на интернационалните…

повеќе...

Aлпски рог, бајан и хармоника вечерва на Охридско лето

Концерт на Карло Торлонтано (алпски рог, Италија), Масимилијано Питоко – (бајан, Франција), Јури Шишкин – (хармоника, Русија) ќе се одржи вечерва во црквата Света Софија со почеток од 21:00 часот, во рамки на програмата на Охридско лето. На програма ќе бидат изведени дела од Р. Бартеш, А. Дворжак, Л. Боелман, Џ. Дакила, Ф. Ангелис, Ф. Фаркаш, В. Глаиснер, В. Семионов, Л. Моцарт. Неговите изведувачки вештини ја воодушевуваат публиката и критиката во светот со години. Јури Шишкин го сметаат за еден од најдобрите хармоникаши на денешнинава. Неговата кариера започнува релативно доцна. На…

повеќе...

Концерт на Дино Мерлин на 23 јули во Охрид

Балканскиот пејач Дино Мерлин на 23ти јули ќе одржи голем концерт на градскиот стадион „Билјанини извори” во Охрид. На концертот, тој ќе ги отпее своите најголеми хитови, како и песните од својот последен албум „Хотел Национал”, кој лани го промовираше и во Скопје. Дино Мерлин во Охрид доаѓа после цели 7 години пауза. Доаѓа со желба и идеја охридскиот концерт да го сруши рекордот на посетеност во текот на целата оваа турнеја, и да биде единственото место што ќе собере повеќе од 25.000 публика.  

повеќе...

Аигета гитара квартет од Монте Карло вечерва на Охридско лето

Во црквата Св.Софија во Охрид, вечерва со почеток во 21:00 часот, концерт ќе одржи светски познатиот Аигета гитара квартет од Монте Карло. На програмата ќе бидат дела од Ф. Карули, Ф. Лоли, О. Фотрат, Ж. Бизе, Р. Деланоф, А. Дел Фа. Подемот на кариерата на квартетот „Аигета“ започнува во 1982 година, кога настапуваат со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло, и оттогаш постојано се присутни на светската музичка сцена. Ансамблот го сочинуваат четворица извонредни гитаристи – Франсоа Сони, Александре Дел Фа, Филипе Лоли и Оливер Фотрат, кои повеќе од 30 години…

повеќе...

Рускиот виолинист Максим Венгеров вечерва на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе настапи рускиот виолинист Максим Венгеров, заедно со „Менухин” (гудачки камерен оркестар, Швајцарија). На програмата ќе бидат дела од В. А. Моцарт, Д. Шостакович. За многумина тој е еден од современите светски исполнителски феномени на музичката уметност. Неверојатната музичка дарба на виолинистот Максим Венгеров заедно со одличното музичко образование овозможија тој да биде еден од највлијателните личности во музичката уметност на преминот на овој век. Венгеров е првиот уметник во класичната музика кој е назначаен за…

повеќе...

Камерното дуо Кировски вечерва на „Охридско лето“

Вечерва во црквата Св. Софија, во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, со почеток во 21:00 часот ќе настапи камерното дуо Кировски, виолинистот Љубиша Кировски и пијанистката Маја Шутевска, од Македонија. Камерното дуо „Кировски“ е основано во 1993 година и оттогаш има реализирано бројни настапи во Македонија, но и надвор од неа. Во 1997 година, дуото специјализира на Европската aкадемија во Варшава кај еминентни професори, а подоцна своите изведувачки вештини ги усовршува на Летната академија во Лозана. Како камерен состав, Кировски се добитници на повеќе национални и интернационални награди. Имаат…

повеќе...

Француска вечер на Охридско лето

На програмата на фестивалот Охридско лето, вечерва ќе се одржи традициолниот концерт наречен „Француска вечер на Охридско Лето“. На овој концерт ќе настапат едни од најистакнатите и најеминентни уметници од Франција, триото „Вандерер“ кои се појавиле на најпрестижните сцени во светот, а во својата концертна дејност впишуваат и соработка со големи истакнати музички имиња. На нивниот репертоар може да се најдат дела од времето на класицизмот, па сè до дела кои се компонирани во 20-тиот и премиерни изведби на дела од 21-виот век. Покрај многубројните компакт-дискови, ТВ и радиоснимки, во…

повеќе...

Полска вечер на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток 21:00 часот ќе се одржи Полска вечер, на која ќе настапат Македонскиот камерен оркестар – Македонски Виртуози заедно со солистите Маријан Собула на пијано и „Глас Дуо“, под диригентската палка на Јацек Рогала од Полска. На програмата ќе бидат дела на Е. Григ, К. Шимановски, Ј. С. Бах, П. И. Чајковски, А. Дворжак, А. Пјацола, Ф. Шопен, Стинг, А. Сафраниек. Јацек Рогала е полски диригент кој е заслужен за голем број премиерни изведби и радиоснимки на…

повеќе...

Концерт на групата Љубојна во Охрид

Групата Љубојна со концерт во Охрид, но во едно ново руво, во еден друг амбиент во “Кадмо Beach & Club“. Концертот ќе се одржи овој викенд на 15-ти Јули во Петок со почеток во 23 часот. Влезниците за престојниот концерт на Љубојна може да ги набавите во предпродажба по промотивна цена од 200 денари во “Кадмо Бар“, “Кадмо Beach & Club“ и на штандот на Кадмо на плоштадот во Охрид. Групата Љубојна ова лето ќе одржи и концерти на “Д-Фестивал“; “Струмица Опен Фест“; “Пробиштип Summer Fest“; Радовишка “Самун ем Татлија“,…

повеќе...

Со настап на оперската дива Елина Гаранча свечено отворено 56. издание на „Охридско лето“

Со концерт на светски познатата оперска певица Елина Гаранча во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентската управа на маестро Ион Марин од Романија, вечерва на сцената на Античкиот театар во Охрид свечено беше отворено 56. издание на најголемата музичко-сценска манифестација – Фестивалот „Охридско лето“. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. „Фестивалот „Охридско лето” се одржува во период кога стариот свет умира, а новиот сè уште не е роден. Период на длабоки кризи, крвави конфликти и милиони бегалци. Година, кога наместо…

повеќе...