Министерот Спасовски ги отвори Синдикалните игри и средби во Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги прогласи за отворени 14-ти по ред Синдикални игри и средби што во организација на Македонскиот полициски синдикат се одржуваат во Охрид. Од денеска до недела над 200 вработени во МВР и гостите од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Кипар ќе се натпреваруваат во фудбал, одбојка, пикадо, стрелаштво, шах и атлетика. Во своето обраќање на отварањето на 14-ти по ред Синдикални игри и средби министерот Спасовски потенцира дека ваквите настани се многу корисни за воспоставување релации што…

повеќе...

Почина седуммесечно бебе во Струга

Вчера во 10:20 часот во ПС-Струга било пријавено дека истиот ден во 09:30 часот во Струга, во семејниот дом М.К. ја пронашол, без знаци за живот, својата седуммесечна ќерка. Истиот се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето во Детското одделение при Јавната Здравствена Установа-Струга, каде дежурните лекари констатирале смрт. Од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство. По наредба на Јавен Обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.

повеќе...

Повредено едно лице во сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум

На 17.06.2017 година во 17:40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со чешки регистарски ознаки, управувано од Н.П. (18) од Република Чешка и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И. (25) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Б.(34) од Република Албанија, сопатник од возилото „Фолксваген Голф“. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување. Увид на…

повеќе...

Припадник на ЕБР добил куршум и заканувачки пораки

На 20.05.2017 година во 00.10 часот во ПС од ОН Струга, вработен во Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи пријавил кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено, на 19.05.2017 година во периодот од 21.00 до 23.00 часот пред неговата семејна куќа, од страна на непознато лице на ПМВ „БМВ“, сопственост на неговата мајка, било оставено ливче со заканувачка порака и еден куршум калибар 9мм. Исто така, на 07.05.2017 година на неговото возило пронашол лист со заканувачка порака, но тој настан го пријавил само на неговото работно место. ПС…

повеќе...

Кичевчанец ја претепал невенчаната сопруга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, полициската станица од Кичево, поднесе кривична пријава против С.П. (36) од Кичево. Пријавениот, казненото дело го сторил на трети мај оваа година околу 23,00 часот при расправија со неговата невенчана сопруга. Жестоката караница се случила во нивниот дом на улицата „Прилепска“ во Кичево. Во еден момент од расправијата, сега пријавениот С.П. физички ја нападнал невенчаната сопруга нанесувајќи и повеќе удари по главата и целото тело. Притоа, оштетената се здобила со видливи повреди во вид на модринки и отоци по…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески до Македонската полиција

По повод 7 мај, Денот на Македонската полиција, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, до припадниците на Министерството за внатрешни работи, упати честитка во која стои: „Денес кога Македонската држава е исправена пред нови предизвици, Вие како припадници на Министерството за внатрешни работи, ја имате одговорноста како и многу пати во минатото, да бидете последната брана за зачувување на мирот, безбедноста и правниот поредок на Република Македонија. Верувам дека и овој пат ќе бидете на висината на задачата со која безбедноста и сигурноста на сите граѓани ќе биде гарантирана. Граѓаните на…

повеќе...

Честитка од министерот Нухиу до вработените во МВР и граѓаните

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Д-р Агим Нухиу по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден упати честитка до вработените во Министерството за внатрешни работи од православна и католичка вероисповед како и до сите граѓани на Република Македонија кои го празнуваат овој голем ден. Во честитката од министерот Нухиу се вели: „Честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Велигден го празнува животот од кој се раѓаат љубовта и надежта како симболи на победата над смртта. На вработените во министерството…

повеќе...

Кривична пријава за жител од струшко с.Биџево кој нелегално градел

ПС Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ. (57) од с. Биџево, струшко, и против правниот субјект ГТД „ТРИМ“ ДОО Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Пријавениот како управител на ГТД „ТРИМ“ увоз извоз Охрид ДОО, како инвеститор, без согласност од станарите и без решение, започнал со градба на настрешница-гаража во двор на колективна станбена зграда, која се состои од метална конструкција затворена од три страни. Од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение за отстранување на градбата.

повеќе...

Притворен албанскиот државјанин кој пустошеше шума кај Св.Наум

На 28.03.2017 година во 18:00 часот, од страна на полициски службеници од ГП-ГН „Св.Наум“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ кражба“ по чл.235 став 3 од Кривичниот законик на Р.Македонија, приведен е Ќ.Х. (49) од Р.Албанија. На 29.03.2016 година во 16:30 часот лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен суд-Охрид, каде му е одредена мерка притвор во траење од осум дена и е спроведено во Казнено-поправната установа Охрид.

повеќе...

Жител од кичевско неовластено навлегол во компјутерски систем

НК КР Кичево поднесе кривична пријава против А.М. (29) од с.Грешница, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”. Пријавениот во периодот од oктомври до декември 2016 година во 11 наврати неовластено навлегол во електронски систем на мастер кард на лице од Кичево, по што извршил трансфер на парични средства во износ од 137.000 денари.

повеќе...