400 Полициски службеници потпишаа договор за вработување

Мисија на Министерството останува унапредување на полициската служба која ја ужива довербата на сите граѓани во земјата и која ги гарантира, штити и ги почитува основните права и слободи, без дискриминација по било која основа. Дел од мисијата е развој и зајакнување на проактивен модел на полициско работење кој ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на животот, имотот и личната безбедност на граѓаните, како и брз и ефикасен одговор на полицијата на сите можни предизвици“ ова го истакна министерот Чавков во Центарот за обука во Идризово, каде денес се одржа…

повеќе...

Новиот министер Митко Чавков го презеде кабинетот од Оливер Спасовски

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија беше извршено примопредавање на должноста Министер за внатрешни работи. Новиот министер за внатрешни работи м-р Митко Чавков го презеде кабинетот од претходниот министер Оливер Спасовски.

повеќе...

Министерот Спасовски присуствуваше на дипломатски брифинг за активностите на МАРРИ

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со директорката на МАРРИ Регионалниот Центар, Амбасадорот Тамара Мугоша, присуствуваa на дипломатски брифинг за активностите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – МАРРИ. Во своето обраќање, министерот Спасовски потенцираше дека МАРРИ Регионалниот центар беше и сé уште е основа на која што елаборирајќи ги сите активности што се однесуваат на легалната миграција, продолжува заедничката борба против илегалната миграција, како и отворањето на низа прашања од особена важност за сите земји во регионот…

повеќе...

Приведени 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија

Изминатите 24 часа, македонските безбедносни сили привеле 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија. Мигрантите се сместени во претприемниот шатор на Прифатно-транзитниот центар Гевгелија (ПТЦ). Откако од Министерството за внатрешни работи ќе завршат со проверките, мигрантите ќе бидат вратени на грчка територија. Во ПТЦ Гевгелија сè уште престојуваат стотина мигранти кои останаа заглавени откако за нив се затвори балканскиот коридор. Извор: meta.mk

повеќе...

Заменик министерот Нухиу на состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на земјите на Југоисточна Европа

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу ја предводеше делегацијата на МВР на 15. Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на земјите на Југоисточна Европа одржан на 11 мај во Виена, Австрија. На состанокот г. Нухиу дискутираше за процесот на имплементација на Виенската Конвенција, оценувајќи го нејзиниот придонес во унапредување на регионалната прекуграничната соработка на органите за спроведување на законот, меѓу другото, потенцирајќи ја примената на посебни истражни мерки во Македонија, формирање на заеднички истражни тимови за конкретни случаи реализирани во периодoт од 2010 до…

повеќе...

Кривична пријава за „Убиство на дете при пораѓање“

СВР Куманово поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово против Т.И.(23) од Скопје, поради основано сомнение дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“. Пријавената која што веќе била во 7/8 месец од бременоста и за која што бременост не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија. На 29.03.2016 година околу 11,30 часот на граничен премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола пријавената почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа додека била во…

повеќе...

Исчезнато 13 годишно девојче од Прилеп

На 10ти мај во 23:15 часот во ПС-Прилеп, вработен во Центарот за социјални работи-Прилеп, пријавил дека тринаесетгодишно девојче, кое со Барање на Министерот за труд и социјална работа е доделена на семејство во Прилеп, излегло од дома и истиот ден во 22:00 часот се јавила на мајка и дека со воз ќе оди во Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Средба на министерот Спасовски со преставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со преставници на мисијата на Јапонската агенција за меѓународна соработка. На средбата министерот Спасовски ги посочи предизвиците со кои се соочува Министерството за внатрешни работи во справувањето со мигрантската криза, како и потребата од финансиска поддршка и поддршка во опрема. Претставниците на Јапонската агенција за меѓународна соработка најавија помош за Министерството за внатрешни работи и за општините кои се најпогодени од мигрантската криза.

повеќе...

Пријава за насилникот кој нападна граѓанин на скопскиот маратон

Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава за физички напад против С.С.(32) кој во неделата, 8 мај, за време на одржувањето на скопскиот маратон нападнал граѓанин кој држел транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“. Извршен е разговор со С.С. во присуство на адвокат и против него е поднесена прекршочна пријава.

повеќе...