Вчера околу 16.15 часот на ГП-Табановце на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на Н.З. (50) од Р.Албанија истиот на увид покрај патната исправа приложил и шпанска дозвола за престој на негово име. УПС се посомневале дека патната исправа и дозволата за престој се фалсификувани, односно на патната исправа и била отстранета оргинална хартија на страница и била залепена оргинална хартија од друга патна исправа, додека дозволата за престој е целосно фалсификувана, односно изработена од несоодветна хартија. Истиот бил приведен и предаден на УПС од СВР Куманово за понатамошна постапка.
повеќе...Tag: мвр
Во Европол се одржа Конвенција на Шефови на полиции во Европа
Во периодот 14-15.9.2016 г. во Хаг, седиштето на Европол се одржа Конвенција на Шефови на полиции во Европа (European Police Chiefs Convention – EPCC). Настанот беше во организација на Европол и Словачкото претседавање со ЕУ. Повеќе од 450 Шефови на полиции, високи функционери од Европа и пошироко се сретнаа во седиштето на Европол. Оваа година забележан е рекорден број учесници од моментот кога за прв пат е организирана Конвенцијата во 2011 г. Делегацијата од МВР беше предводена од државниот советник Горанче Савовски. Настанот привлече и високи претставници од земјите-членки на…
повеќе...Средба на доц. Д-р Оливер Андонов со Амбасадорот на ОБСЕ во Р.М. Нина Суомалаинен
Денес во просториите на Министерството за внатрешни работи, Дополнителниот заменик министер, доц. Д-р Оливер Андонов оствари работна средба со Амбасадорот на ОБСЕ во Република Македонија, г-ѓа Нина Суомалаинен. На средбата се разговараше за воспоставување на соработка помеѓу Mисијата на ОБСЕ во Скопје и Кабинетот на Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи на Република Македонија. Во таа насока, од страна на доц. Д-р Андонов беа презентирани неговите надлежности согласно Законот за Влада, кои ги има во составот на привремената Влада за спроведување на предверемените парламентарни избори, за што Амбасадорката Суомалаинен беше…
повеќе...Министерот Оливер Спасовски присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за безбедност
Министерот Оливер Спасовски денеска присуствуваше на првиот академски час на Факултетот за безбедност во Скопје. Во своето обраќање до студентите и професорите Министерот Спасовски рече дека изучувањето на безбедносните научни дисциплини, подразбира свест за прифаќањето на правилата на светскиот и домашниот општествен поредок, свест за почитувањето на своите, но и на туѓите националните вредности, свест за потребата од заштита на човековите права и слободи, свест за вредноста на правниот систем, свест за значењето на заштита на животната околина, и на крајот свест за значењето на мирот како врвна цивилизациска и…
повеќе...МВР ја поддржа акцијата на Амбасадата на САД за дарување на крв и храна
Со донација од поголема количина на прехрамбени артикли Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја поддржа акцијата на Амбасадата на САД за дарување на крв и храна, што се одржа денеска во Амбасадата од 09.00 до 16.00 часот. Во име на министерството донацијата ја однесе министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Акцијата беше организирана и се одржа во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиологија. Со оваа акција Амбасадата на САД го одбележа 14-ти Септември, Националниот ден на служба и сеќавање на САД. Овој ден…
повеќе...Лишен од слобода албански државјанин поради фалсификувана патна исправа
На 11.09.2016 година во 12.25 часот на ГП Ќафасан за влез во Р.Македонија се пријавил странски државјанин, кој на увид покажал грчка патна исправа на име Л.С., која евидирала како украдена и била предмет на потрага. Од тие причини бил направен детален преглед на багажот и лицето и била пронајдена албанска патна исправа на име Ф.С. (22) од Корча, Р.Албанија, кој е точниот идентитет на лицето, како и возачка дозвола на име Л.С., која била фалсификувана во делот кај фотографијата. Поради ова Ф.С. бил лишен од слобода, а патната исправа…
повеќе...Кривична пријава за кичевчанец поради кражба
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.М. (20) од Кичево. Пријавениот, на 28 јули годинава, од џип со американски ознаки одзел една кожна женска ташна во која имало 9450 евра и 4720 американски долари во разни апоени, поголем број златни ланци и друг златен накит како и четири патни исправи. Кражбата се случила во ноќните часови на паркинг простор на улицата „Маршал Тито“ во близина на угостителски објект. Тогаш, пријавениот искористил згодна прилика и неовластено влеголол во патничкиот…
повеќе...ОА „Гора” – Поднесени шест кривични пријави
Во текот на минатиот месец во рамките на ОА Гора од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесени се шест кривични пријави против седум лица поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела од кои две „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, три кривични дела ,,кражба“ и по едно дело „помагање“ и ,,пустошење на шума“. Во првиот и вториот случај поднесена е кривична пријава против А.З.(40) и А.Г.(24) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „вршење на јавен превоз…
повеќе...Кривична пријава за „запуштање и малтретирање на малолетно дете“
СВР Скопје-Единица за имотни деликти – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција „Центар, Бит Пазар“ до надлежното Основно Јавно Обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Х.(30) од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ предвидено и казниво по член 201 ст.1 од КЗ на РМ. За стореното кривично дело од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од 30 дена. Имено пријавената А.Х. на 31.08.2016 година околу 18,00 часот на ул.,,Аминта Трети“ започнала вербална расправија со…
повеќе...Пронајден насад со марихуана
Денес по претходно обезбедена Наредба од надлежен судија, извршен е претрес во домот и помошни простории кај две лица од село Клуковец. При претресот пронајдено е и одземено едно огнено оружје- пиштол калибар 6,35мм за кое лицата немале одобрение за поседување. Во непосредна близина на објектот каде бил вршен претресот пронајден е насад од марихуана- вкупно 191 стебло со големина од еден до четири метри. Стеблата се откорнати и истите ќе бидат предадени за вештачење на Одделот за крим.техника при Министерството за внатрешни работи. Во врска со настанот, две лица…
повеќе...