Трета награда за средношколци од охридската гимназија на Државниот наптревар по информатика

На 26-тиот Државен натпревар по информатика за учениците од средните и основните училишта кој се одржа на 28-ми март во Скопје, учениците Марија Цветаноска и Владо Војдановски од прва година од ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид, во конкуренција од повеќе од 90 ученици, двајцата освоија трета награда. На натпреварот учествуваа ученици од сите четири години на средното образование, но исто така и ученици од основните училишта ширум државата. Тие меѓусебно се натпреваруваа со своите програмерски вештини во програмскиот јазик С++ и решаваа задачи кои по својата природа се алгоритамски.…

повеќе...

„Спомен-домот на Тоше Проески“ награден со балканската награда за архитектура „Милан Злоковиќ“

Идејното решение за „Спомен-домот на Тоше Проески“ во Крушево ја доби архитектонската награда „Милан Злоковиќ“ за најдобро архитектонско дело во регионот. Признанието за капиталната инвестиција на Владата и на Министерството за култура ќе биде доделено в петок во Белград, во рамките на годишната изложба на Асоцијацијата на српски архитекти, од меѓународно жири составено од претседателите на сите балкански асоцијации на архитекти. Проектантското биро „Синдикат студио“, кое е автор на идејното решение на „Спомен-домот на Тоше Проески“, наградата ја дели со романските колеги кои се автори на проектот за „Станбен комплекс…

повеќе...

Врачена наградата за најдобра поема

Во рамките на годинашните „Прличеви беседи“, денеска во Центарот за култура, на свечена академија, на охридскиот писател Славе Банар му беше врачена Повелбата за најдобра поема за 2014 година. На анонимниот конкурс на кој учествуваа петнаесет автори, жири комисијата, за најдобра ја прогласи неговата поема „ Амбар“ . „Почестен сум што успеав преку оваа награда да ја продолжам жестоката традиција воспоставена од Прличев како еден од најголемите интелектуалци, автори, преродбеници, луѓе на кои се потпира Охрид и луѓе врз кои се гради се она духовно, креативно, едукативно во градот“- рече…

повеќе...

Избрани најдобрите спортисти во Охрид за 2014 година

Во зградата на општина Охрид денес се одржа манифестацијата „Спортист на годината за 2014-та година.“ Тринаесетте спортисти добитници на награди и доените на охридскиот спорт на случувањето ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески. „Сите ние сме победнички тим, сите заедно преку манифестацијата за избор на најуспешен спортист за 2014 година на Охрид, прославуваме за успесите на 13 охриѓани кои со покажаните резултати се искачија на спортскиот пиедестал и станаа наша гордост. Јован, Мартин, Диел, Стефан, повторно Мартин, Владимир, Јана, Анастазија, Иван, Елвис, Марија, и секако спортските доени Димче Стојкоски –Лепиот и…

повеќе...

Врачена благодарница на словачкиот амбасадор во Македонија

На пригодна свеченост, вечерва претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев на Амбасадорот на Република Словачка Н.Е. Мартин Безак и на Стојан Лекоски им врачија благодарници за нивната заложба за изложувањето на иконите кои општина Охрид и ги подари на градот Терхова. За време на културната манифестација „Денови на св. Кирил и Методиј“ која се одржува во Терхова, подарените икони од Св. Климент и Св. Наум беа поставени на олтарот на црквата во Терхова која е посветена на светите Кирил и Методиј.  Пријателските односи…

повеќе...

Врачена светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол

Градоначалникот Никола Бакрачески, на свеченоста што се одржа синоќа, во Куќата на Уранија, куќата на МАНУ, во рамките на празнувањето на „ Богојавление- Водици“ на Џон Ралстон Сол, едно од водечките имиња на светската литература и есеистика и претседател на Интернационалниот ПЕН, му ја врачи Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам, во духот на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам во Европа. „Најискрено Ви го честитам добивањето на Светската награда за хуманизам и Ви посакувам добро здравје,творечка енергија и добра мисла.Почестени сме од Вашето присуство…

повеќе...

Доделување на Светската награда за хуманизам на Џон Ралстон Сол

Вечерва, во Куќата на Уранија, куќата на МАНУ, со почеток во 19 часот, во рамките на празнувањето на „ Богојавление- Водици“ на Џон Ралстон Сол, едноод водечките имиња на светската литература и есеистика и претседател на Интернационалниот ПЕН, ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам, во духот на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам во Европа. Во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи духовните визии на Св. Кирил и Методиј, заштитиниците на Европа и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум,…

повеќе...

Ставрески го додели станот, наградната со фискалните продолжува и во 2015

Битолчанецот Трајан Ивановски, кој е добитник на станот на наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ од 13. извлекување на 29 декември 2014 година, денеска го доби клучот. Официјално му го предаде вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој најави дека наградната игра продолжува и годинава. Ставрески искажа големо задоволство од досегашното спроведување на наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ и му честиташе на среќниот добитник. – Би сакал на него и на неговото семејство, на сите ќерки, зетовци, внуци и правнуци да им посакам да…

повеќе...

Претседателот Иванов ја додели Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2014 година

Спортскиот центар „Јане Сандански” на архитектонското студио „Радо Инжинеринг” и проектантите Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ е најуспешното реализирано архитектонско дело за 2014 година. Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата. „Квалитетот на архитектурата се постигнува преку натпревар на идеи, концепти и визии за тоа каков треба да биде просторот во кој луѓето можат да живеат, да работат, да спортуваат, да творат. Поттикнувајќи го развојот на архитектурата и архитектонското творење, како и афирмацијата на…

повеќе...

Продолжува акцијата за најубаво украсен новогодишен двор

Традицијата да се избира најубаво украсен новогодишен двор, продолжува и оваа година. Конкурсот за пријавување на граѓаните започнува со денешниот ден, а завршува заклучно со 25 декември. Посебна комисија од локалната самоуправа, во периодот од 26 до 30 декември, ќе ги посети сите граѓани кои ќе учествуваат во акцијата. Резултатите и наградите за најубавите празнично украсени дворови, ќе бидат објавени по новогодишните празници. Повеќе информации за акцијата – тука: Конкурс Пријава

повеќе...