Основци од „Живко Чинго“ наградени на фестивалот на детски творби

Двајца ученици од ОУ „Живко Чинго Велгошти“ (Крстаноска Благица и Христијан Балоски од VII одд.) беа наградени на VI -от фестивал на детски творби и творби за деца „Беше еднаш еден неизбришлив лав“. „Ова е меѓународен конкурс кој е во организација на општина Медијана, Ниш. Овие награди беа во конкуренција од над 2000 творби што оваа година пристигнале на адресата на фестивалот Медијана. Наградените ликовни творби од нашите ученици беа „Девојка во носија“ и „Паун“.“– велат од училиштето. Наградите на учениците им беа врачени од страна на Градоначалникот на Ниш,…

повеќе...

Со свечена академија и концерт на Даутовски завршија чествувањата посветени на Св.Климент Охридски – Патронот на градот

Со свечена академија и концерт на Драган Даутовски, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ завршија годинешните чествувања посветени на Св. Климент Охридски, Патронот на Охрид. Пред присутните се обрати градоначалникот Никола Бакрачески, кој се осврна на универзалните и цивилизациски вредности на климентовото дело. „Божественото дело на Свети Климент Охридски е оној препознатлив и безвременски знак, кој ги исцрта историските контури на духовно и културно воздигнување на нашиот македонски народ. Повеќе од 11 века, низ премрежјата на минатото, преку неговите трајни свети пораки, зрачи неговото слово, го осветлува нашиот пат и…

повеќе...

Академскиот сликар Јордан Манасиевски е годинешниот добитник на Светиклиментовата награда

Ликовниот уметник со светско реноме кој преку своите уметнички дела ги афирмира охридските и македонски вредности пред Светот, академскиот сликар од Охрид, Јордан Манасиевски е добитник на највисокото општинско признание наградата Св. Климент Охридски патрон на Охрид за 2014 година. Градоначалникот Никола Бакрачески прогласувајќи го годинешниот добитник на оваа престижна награда истакна дека станува збор за уметник со брилијантна кариера. „Преку своите уметнички дела и ликовни излагања во Германија, Франција, САД, Јапонија , Англија и во многу други земји успеа да го постави Охрид и Македонија на светската културна мапа…

повеќе...

Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2014 година

Одборот за доделување на државната награда „Св.Климент Охридски“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на Р.М.“ бр.52/06,54/07 и 74/12) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница, одржана на 18.11.2014 година донесе … Одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2014 година

повеќе...

Прогласени најдобрите пет студентски бизнис планови

Со врачување парични награди и ваучери со кои се покриваат трошоците за регистрација на фирма во Централниот регистер денеска беа прогласени петте најдобри бизнис планови во рамки на проектот „Организирање бизнис натпревар – Биди перспективен започни свој бизнис“, чија цел е поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис. Првонаградениот бизнис план „Make your mobile happy with battery full“ на Бесарта Џони доби вредносен чек од 330.000 денари, второнаградениот преокет „Решенија за паметен дом“ на Никола Николовски е награден со…

повеќе...

Прва награда за ученичка од ОУ „Живко Чинго“ на ликовниот конкурс „13-ти Ноември“ во Скопје

Ученичката Ана Латковска од ОУ „Живко Чинго“ од село Велгошти, учествуваше на ликовниот конкурс кој беше објавен од страна на детскиот ликовен центар од Скопје на тема : „13-ти Ноември”, по повод одбележувањето на ослободувањето на градот Скопје. За своето учество со ликовна творба под менторство на наставникот по ликовно образование Љубен Цветкоски, ученичката беше наградена со прво место.

повеќе...

По петти пат избор на „Најдобар млад научник“ – поттик за младата научна и истражувачка мисла од претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на почетокот на следната година по петти пат ќе го додели признанието „Најдобар млад научник”. Јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник” за 2014 година е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато научни резултати што придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат. Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиена меѓународна награда, меѓународно или домашно признание за научно-истражувачка дејност, резултатите од научното истражување…

повеќе...

Објавен конкурс за доделување повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“

Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува :  К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“  1. Во чест на празникот „Св.Климент Охридски“ Патронот на Охрид за 2014 година, се распишува Конкурс за доделување на Повелбa – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ . 2. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од…

повеќе...

Ученик од ОУ „Кочо Рацин“ освои трета награда на меѓународен конкурс

На меѓународниот конкурс за компјутерско цртање на тема „Заедно растеме“, посветен на Денот на Бошњаците, ученикот Филип Ставрески од второ одделение од ОУ „Кочо Рацин“ – Охрид, освои трета награда. Ученикот се подготвуваше под менторство на наставничката Виолета Петковска.

повеќе...

Голем успех на ЈП „Охридски Комуналец“ на 21-та Комуналијада

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид се закити со бројни награди на одржаната 21-ва Комуналијада на јавни комунални претпријатија од Македонија, која се одржа изминатиот викенд во х.„Десарет„- Охрид. „На овие традиционални игри учествуваа претставници од 17 комунални претпријатиа од Македонија, а нашето претпријатие пријави свои вработени да се натпреваруваат во следните дисциплини: мал фудбал, шах, пикадо, миење на јавни површини, изнесување на смет, аранжирање на цвеќе и др.“– велат од претпријатието. Оттаму велат дека освоени се следните награди: 1-во место – мал фудбал, 2-ро место – изнесување на смет, 3-то место…

повеќе...