Министерството за економија на Република Македонија, по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември, на хотелот „Аквалина“ – Охрид, му додели признание за најуспешен хотел за 2016 година во категоријата „Нова туристичка понуда во хотелиерството“. „Ова признание претставува не само награда за досегашниот труд, туку и дополнителен мотив за понатамошна работа и во иднина. Како хотелски комплекс секојдневно растеме, се надградуваме и усовршуваме.“ – вели Илче Димитриески, менаџер на продажба во Аквалина Охрид. Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец…
повеќе...Tag: награда
Атвуд: Значајно е што во Македонија се посветува многу внимание за поезијата
Струшките вечери на поезијата се одлична можност да се слушнат поети од целиот свет кои читаат поезија на својот јазик и таа поезија да се слушне со превод. Манифестацијата е преглед на поетите од светот и е многу охрабрувачки што посветувате многу време и внимание на поезијата која често е запоставена и е зад романите, забележа канадската поетеса романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд. На официјалната прес-конференција посветена на Атвуд, таа истакна дека е многу значајно што во Република Македонија се посветува многу внимание за поезијата и дека во…
повеќе...Емилија Карафилоска е авторот на првонаградениот расказ од конкурсот „Живко Чинго“
Охриѓанката Емилија Карафилоска е авторот на годинешниот најдобар расказ од конкурсот „Живко Чинго“. Емилија е студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од свои дванаесет години. Има учествувано на многу литературни конкурси на кои освоила неколку први места. Првонаградениот расказ со наслов „ Т.чка на агонија “ може да го прочитате тука.
повеќе...Наградата „Живко Чинго“ за расказот под шифра Аура
Расказот „Т.чка на агонија“ под шифра Аура, е годинешен добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Вака одлучи тричлента комисија во состав, проф. д-р Димитар Пандев – претседател и членовите, Мирко Томовски и Смиле Наумоски. По претходно распишаниот Конкурс од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, а по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, за наградата аплицирале 90 раскази. Комисијата со задоволство констатира дека повеќето од пристигнатите раскази имале високи уметнички вредности што укажува на подемот на македонскиот расказ во актуелниов миг поттикнат од овој конкурс. Расказот…
повеќе...Претседателот Иванов лауреат на меѓународната награда „Иса бег Исаковиќ“ за 2016
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса бег Исаковиќ, што Босна и Херцеговина секоја година ја доделува на европски државници. „Оваа награда ја примам како признание за Република Македонија и за македонските граѓани. Ова признание е особено значајно бидејќи е посветено на голем визионер кој зад себе оставил трајни материјални и духовни мостови на мир, соживот и соработка“, истакна претседателот претседателот Иванов по добивањето на наградата, што синоќа му беше врачена во Националниот театар во Сараево. Обраќајќи се пред присутните гости, меѓу кои и…
повеќе...ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ трети на Меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“
Ученици и наставници ментори од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваа на четвртиот по ред Меѓународен натпревар „Балкан Јуниор“, кој оваа година во периодот од 12ти до 15ти мај се одржа во Техничката Школа во Ваљево, Република Србија. На натпреварот учествуваа средни стручни училишта од Балканот – Србија, Словенија, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Учениците Филип Милошески – III година, електротехничар за компјутерска техника и автоматика и Јован Цветковски – III година, техничар за компјутерско управување под менторство на наставниците Владо Јанкулоски, Борис Стрезоски и Душко Савески го…
повеќе...Ученик од ОУ „Живко Чинго“ освои прва награда на Регионалниот натпревар по хемија
Во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Маједонија, на 14ти мај во просториите на ОУ „Св.Климент Охридски“, Охрид се одржа Регионалниот натпревар по хемија. Ученикот Дамјан Митрески од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ја освои првата награда под менторство на наставничката Маја Попоска. Со тоа ученикот Митрески се пласира на Државниот натпревар по хемија кој што ќе се одржи на 28ми мај(сабота) на Институтот за хемија. WebOhrid
повеќе...Ученик од ОУ „Св.Климент Охридски“ освои трето место на Државниот натпревар по слободно летечки модели
Ученикот Александар Цветановски од ОУ„Св.Климент Охридски“, Охрид го освои третото место на Државниот натпревар по слободно летечки модели од вкупно 50 учесници, кој се одржа во Прилеп на спортскиот аеродром. Со освојување на ова место ученикот се здоби со учество на Светско првенство, на кое ќе има учесници од 70 земји и над 200 судии.
повеќе...Два сребрени медали за „Александрија Куве“ и „Розе Класик“ на „Le Mondial Du Rose 2016“ во Кан
На престижниот светски натпревар на розе вина „Le Mondial du Rosé 2016“, што се одржа во Кан, Франција, винарската визба „Тиквеш“, членка на Стопанската комора на Македонија, освои два сребрени медали за „Александрија куве“ и „Розе Класик“ од бербата 2015-та. Во исклучително голема и остра конкуренција од над 1.200 вина од целиот свет, тие се единствените наградени вина од Македонија. Од регионот, наградено е само уште едно вино од Бугарија. „Задоволни сме од овој најнов успех на нашите две викококвалитетни розе вина. Значењето на освоените медали на светскиот натпревар на…
повеќе...Скопскиот аеродром ја доби ASQ наградата за најдобар аеродром во Европа
Скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ ја доби наградата ASQ (Airport Service Quality) за најдобар аеродром за 2015 година во Европа, во категоријата – аеродроми со помалку од 2 милиона патници, што е трет пат како го добива ова признание од страна на престижната авијациска организација ACI, по добивањето на наградата во истата категорија во 2012 и 2013 година. Водечката светскa бенчмарк програма на ACI (Airports Council International), која ги анализира услугите кои на патниците им ги нудат аеродромите, ги објави добитниците за квалитет на аеродромските услуги Airport Service Quality (ASQ) вчеравечер…
повеќе...