Наградата Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за ОМУ „Методи Патче“, а Повелбата за Нина Балабан

На денешната прес-конференција, што се одржа во Куќата на Уранија, беа соопштени добитниците на годинешните највисоки општински признанија. Добитник на наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ е Основното музичко училиште „Методи Патче“, а на повелбата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ добитник е Нина Балабан, учесник на на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на свечената академија, што по повод Денот на Свети Климент Охридски, ќе се одржи на 7 декември (среда) во Домот на културата „Григор Прличев“, со почеток во 19…

повеќе...

Ученик од ОУ „Христо Узунов“ ќе учествува на Олимпијада по природни науки во Холандија

По повод „Ноември – месецот на Науката“,  ОУ „Христо Узунов“ учествуваше со десет ученици од VII и VIII одделение на натпревари по биологија и физика по повеќе дисциплини, експериментирање, изработка на проекти и покажување на знаење преку тест натпревари. Во областа на Биологијата за покажување знаење за тест натпревар ученикот од VIII – 1 одд. Дамјан Велјаноски го освои второто место и со тоа се здоби со право да учествува во тимот на ученици кои се подготвуваат да учествуваат на Олимпијадата од областа на Природните Науки која за првпат ќе…

повеќе...

Основци од „Ванчо Николески“ дел од третиот Меѓународен фестивал за сценски минијатури во Лесковац

Група ученици од шесто одделение од ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец беа учесници на третиот меѓународен фестивал за сценски минијатури во Лесковац, Р. Србија. Вкупно 9 ученици под водство на менторите Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Александра Трпеска, на сцената се претставија со музичкиот перформанс „Оставете ни ги крилата“, со која на еден модернистички начин покажаа отпор кон гушењето на индивидуалноста на единката и испратија порака дека секому треба да се дозволи да ги „употреби своите крила“. Сценографијата и костимографијата беа креација на самите учесници и менторите. Настапот на учениците…

повеќе...

Продолжуваат успесите на ученик од ОУ„Христо Узунов“ на Меѓународната ликовна изложба „13ти Ноември“

Успесите на ученикот Филип Настовски од II3 одд. од ОУ „Христо Узунов“ и годинава продолжија со освојувањето на втора награда на Меѓународната детска ликовна изложба „13ти Ноември“ во Скопје. На оваа Меѓународна детска ликовна изложба поканети беа ученикот Филип Настовски и неговиот ментор Славица Настоска свечено да ја подигнат наградата на отворањето на изложбата, каде присуствуваа голем број наградени ученици од целата земја, а присутни беа и амбасадори од десет држави од ЕУ. Ученикот Филип Настовски и понатаму успешно продолжува со својата креативност и се надева на уште поголеми успеси.

повеќе...

Конкурс за доделување општинска награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“

Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Градоначалникот на Општина Охрид распишува: К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ Во чест на празникот „Св. Климент Охридски“- патронот на Охрид, за 2016 година се распишува Конкурс за доделување општинска Награда – патрон на градот „Св. Климент Охридски“. Со Наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот…

повеќе...

Сребрен медал и диплома за ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на Меѓународниот гастрономски натпревар

Сребрен медал и диплома за ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид кое ја имаше честа да учествува на Првиот меѓународен гастрономски натпревар-Македонија 2016 во Скопје. Натпреварот беше во организација на Здружението на готвачи – ГАСТРО МАК како национална организација на готвачи и членка на WACS (Светската асоцијација на шефови на кујни). Ученикот Ренато Талески се натпреваруваше во јуниорска конкуренција во категоријата: подготвување Јадење од паста-тестенини и го освои второто место. На натпреварот учествуваа натпреварувачи од 20 земји, а домашни и меѓународни судии ја оценуваа нивната работа, вештините и техниките…

повеќе...

Владата ќе ја награди со 4.200.000 денари младинската фудбалска репрезентација

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал. Премиерот Димитриев на присутните фудбалери и спортски работници им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбалско првенство. Тој истакна дека овој голем спортски резултат е од огромно значење за целото општество и за Република Македонија, и истовремено им заблагодари на фудбалерите и спортските работници за нивниот придонес во создавањето на позитивна атмосфера помеѓу сите граѓани. Димитриев истакна дека фудбалерите…

повеќе...

Стефани Донеска ја освои првата награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ 2016

Ученичката Стефани Донеска, 9-то одделение од ОУ „Григор Прличев“, годинава ја освои Првата награда на Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ кој се одржа во Библиотеката на 6-ти октомври. Донеска се стекнува со правото да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој годинава ќе се одржи во Велес. На Општинскиот натпревар учествуваа 13 ученици од основните училишта во градов.

повеќе...

ОУ „Св.Климент Охридски“ помеѓу најдобрите училишни веб страници

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ се пласира во најдобрите три училишта со учество на државен натпревар за најдобра училишна веб – страница.  На јавен повик од Министерството за образование и наука за избор на „Најдобра училишна веб – страница“ за учебната 2015/2016 година основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид учествуваше со проект изработен од учениците. Можност за учество имаа тимови на ученици од основни и средни училишта предводени од најмалку еден наставник ментор кои за своето училиште изработиле веб – страница без притоа да користат готов урнек. ОУ „Св. Климент…

повеќе...

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Македонија Бренд лидер во регионот за 2016 година

Во Белград  се одржа шеста по ред Бизнис конференција за Туризам на Југоисточна Европа-СЕЕТ 2016. Награди за достигнувања на полето на туризмот беа доделени на Туристички работници и компании од целиот регион. Наградите се базираат на пазарна анализа и стандардизирани критериуми, кои вклучуваат континуиран позитивен раст, висок степен на пазарна препознатливост, влијание и придонес кон унапредување и популаризација на потенцијалите и создавање на конкурентна слика на туристичката индустрија на Регионот на Југоисточна Европа. На Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија и беше доделена Наградата за Бренд лидер…

повеќе...