Одржан 46-от Општински натпревар по прва помош

На 46-от Општински натпревар по прва помош кој во организација на Црвен крст Охрид, денес се одржа во Охрид, во конкуренција од 13 екипи во категорија подмладок и младина, најуспешна во категорија подмладок беше екипата од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид. Во категоријата младина првото место и право на учество на Државниот натпревар по прва помош, го освои екипата на ОСУ „Св.Климент Охридски“-Гимназија. Од Црвен Крст Охрид изразуваат благодарност до сите кои ја помогнаа реализацијата на оваа активност.

повеќе...

Успеси на ученички од ОУ „Григор Прличев“ на Регионалниот натпревар по хемија

На 22.4.2017 год. во просториите на гимназијата „7 –ми Март“ во Тетово се одржа Регионалниот натпревар по хемија каде ученичките од ОУ „Григор Прличев“ Охрид ги освоија следните награди: – Сара Коваческа VIII одд III награда – Сара Мандовска IX одд III награда – Ана Попоска IX одд пофалница, под менторство на наставничката Милица Петковска. Со тоа ученичките обезбедија пласман на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 14.5.2017 на Природно математичкиот факултет во Скопје.

повеќе...

Одржан натпревар во шах и пинг-понг во рамки на училишната спортска лига

Денес во ОУ „Христо Узунов“ во рамките на училишната спортска лига се одржа натпревар во шах и пинг-понг. Покрај редовните натпревари се официјализира соработката со Здружението за лица со оштетен вид и ученици со посебни потреби кои учат во ОУ „Св.Климент Охридски“ и сите беа вклучени во денешните натпревари. Во наредниот период оваа соработка ќе се продлабочи и ќе се имплементираат и нивните програми во календарот за натпревари во Сојузот за училишен спорт Охрид. Резултати од натпреварите во пинг-понг: Во женска конкуренција: 1. Наталиа Наумоска ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани 2.…

повеќе...

Успех на основците од „Христо Узунов“ на Регионалниот натпревар по Биологија и Природни науки

Оваа учебна година во просториите на ОУ„ Христо Узунов“ на ден 08.04.2017 година, се одржа Регионалниот натпревар по предметите Биологија и Природни науки. Освен како добри домаќини учениците од ова училиште покажаа и одлични знаења и резултати. Голем број ученици обезбедија учество за Државниот натпревар. Под менторство на професорите Владо Андрески и Лиле Белева учениците кои учествуваа на регионалниот натпревар по предметите биологија и природни науки, ги прикажаа следните резултати. Во VI одделение по предметот природни науки: 1. Борче Исакоски- прва награда 2. Тамара Парулеска- прва награда 3. Софија Ническа-…

повеќе...

Голем успех на ученици од ОУ „Живко Чинго“ на регионалните натпревари по Биологија и Хемија

На 22.04.2017 година во просториите на Гимназијата „7-ми-Март” во Тетово се одржа регионалниот натпревар по Хемија, каде ученичките Симона Кркачоска VIII одд и Викторија Темелковска VIII одд, под менторство на наставничката Маја Попоска ја освоија 3-та награда. Со тоа ученичките обезбедија учество на државен натпревар кој што ќе се одржи на 14-ти Мај на Институтот за Хемија при Природно-математичкиот факултет. Исто така на 07.04.2017 година се одржа и регионалниот натпревар по Биологија во просториите на ОУ „Христо Узунов“ Охрид. На натпреварот ученичката Ангела Маркоска IX одд ја освои 1-та награда…

повеќе...

Успеси на учениците од ОУ „Григор Прличев“ на Регионалниот натпревар по природни науки

На Регионалниот натпревар по Природни науки кој се одржа на 8.4.2017 во Охрид, учениците од V одд од ОУ „Григор Прличев“ –Охрид под менторство на наставничката Наташа Драгичевиќ ги постигнаа следните резултати: Петар Крцоски V 2 I награда Софија Милевска V 1 II награда Ивана Веруш V 4 II награда Мила Петровиќ V5 II награда Јана Патчева V 4 II награда Овие ученици обезбедија учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 20.5. 2017. год. во Скопје. Останатите ученици ги постигнаа следните резултати: Ангелина Јолеска V3 III награда Митко…

повеќе...

Успех на извидниците од ИЕО „Пионер“ Охрид

Во рамките на активностите што се реализираат во склоп на Сојузот на извидници на Македонија, екипата од Извидничкиот Езерски Одред Пионер од Охрид на ПРВОТО КОЛО ОД ИЗВИДНИЧКАТА ЛИГА (44-ти меморијал Марко Граорковски, „Брезица 2017“) го освои високото ВТОРО место и се закити со СРЕБРЕН МЕДАЛ. Ова коло ги имаше следниве карактеристики: ТИП НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ: Ориентација (treasure hunt) , полигонски натпревари и игри НАТПРЕВАРУВАЧКИ ДИСЦИПЛИНИ: • Врзување на јазли • Извештај на дел од помината патека • Цртеж на движење под азимут во природа – итинерер • Морзе и/или семафор • Извинички…

повеќе...

Кристијан Клечкароски од ОУ „Григор Прличев“ освои прво место на Регионалниот натпревар по природни науки

На 08.04.2017 година се одржа Регионалниот натпревар по природни науки. Ученикот Кристијан Клечкароски IV 2 одделение од ОУ „Григор Прличев“ Охрид го освои прво место под менторство на наставничката Фанче Наумоска. WebOhrid

повеќе...

Софија Тренеска од ОУ „Христо Узунов“ се пласира во финалето на Интернационалниот натпревар по англиски јазик „HIPPO“

Додека течат последните подготовки околу патрониот празник и прославувањето на 40 годишнината од постоењето на ОУ „Христо Узунов”- Охрид, пристигна уште една одлична вест. Имено, Софија Тренеска, ученичка во IX одделение успеа да се пласира во финалето на Hippo интернационалниот натпревар по англиски јазик English Without Borders. Hippo натпреварот како единствен од таков вид, се одржува по петти пат и е наменет за ученици од 9-19 годишна возраст во јавните и приватни училишта од целиот свет. Примарна цел е да се промовира англискиот јазик и да се негува меѓусебната соработка…

повеќе...

Старите победија против младите на традиционалниот фудбалски нaтпревар во Велгошти

По повод најголемиот христијански празник Велигден, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти и Унијата на млади сили од Велгошти организираа фудбалски натпревар помеѓу стари и млади. Натпреварот се одигра во Спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти. Фудбалскиот натпревар заврши со победа на старите од 8:6, односно победа на МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти против УМС на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти. После фудбалскиот натпревар, МК на ВМРО-ДПМНЕ од Велгошти за сите присутни обезбеди богат велигденски коктел. WebOhrid

повеќе...