Успех на основци од „Григор Прличев“ на Регионалниот натпревар по физика

На 08.04.2017 година се одржа Регионалниот натпревар по физика. Учениците од ОУ „Григор Прличев “ ги постигнаа следните резултати: Ана Димоска I награда Јана Петреска I награда Петар Мишов III награда Стефан Каланоски пофалница Сите ученици обезбедија пласман на Државниот натпревар по физика. Заслуга за нивниот успех има и менторот Славица Јолакоска Таштаноска.

повеќе...

ОУ „Христо Узунов“ со одлични резултати на регионалниот натпревар по математика

Регионалниот натпревар по математика кој е во соработка со Сојузот на математичари на Македонија и Здружението на математичари – Охрид од регионот Охрид и Дебрца се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Домаќин на натпреварот беше основното училиште „Ванчо Николески“ – Лескоец каде се прегледуваа задачите и се објавија првичните неофицијални резултати. На натпреварот учествуваа претставници и екипи од IV – IX одделение од 9 училишта. Учениците од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид постигнаа одлични резултати: Ученик Одделение Ментор Награда   Христина Митреска                IX Виолета Китеска I…

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ постигнаа голем успех на Регионалниот натпревар по математика

Викендов на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа XXXVI Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование во учебната 2016/2017 година. На овој натпревар учествуваа ученици од IV до IX одделение од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. На натпреварот учениците од ОУ „Живко Чинго” – Велгошти постигнаа голем успех.  1.Ангела Китрозоска IV одд.– ментор – Љубица Ангелоска Кркачоска – I награда 2. Марио Велкоски IV одд.– ментор – Елена Јорданов – II награда 3. Стефанија Речкоска IV одд.– ментор – Љубица Ангелоска Кркачоска – Пофалница…

повеќе...

Голем успех на учениците од ОУ „Живко Чинго” Велгошти на Општинскиот натпревар по биологија

Во организација на Друштвото на биолози на Р. Македонија на 4ти март се одржа Општински натпревар по Биологија. Натпреварот се одржа во просториите на ОУ „Христо Узунов”, под менторство на наставничката Маја Попоска, при што учениците од ОУ „Живко Чинго” освоија многу награди. Освоена ВТОРА НАГРАДА за учениците: Николина Каралиева VII одд.,  Екатерина Бочвароска VIII одд., Евгенија Пулеска VIII одд., Јонатан Милески IX одд., Јован Плевнароски IX одделение. Освоена ТРЕТА НАГРАДА за учениците: Инес Достиноска VII одд., Мартина Митреака VII одд., Елена Шенгулоска VII одд., Симона Кркачоска VIII одд., Ангела Јовческа VIII одд., Емилија Трпеска IX одд., Ивана Коческа IX одд., Ангела…

повеќе...

Второ место и награди за учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ на CodeCUP 2017

На 11.03.2017 година во Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, се одржа вториот CodeCUP 2017 натпревар, на кој учествуваа учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Со свои проекти се претставија учениците: Александар Дукадиноски, Филип Јосифоски, Шиме Тадиќ, Стефан Трајаноски, Бојан Трајкоски и Михаил Ангелески, под менторство на професорките Јулијана Петреска и Сања Јованоска. За успешно завршените проекти се доделени следните награди: • Таблети на првонаградениот тим и нивниот ментор; • Android TV BOX на второнаградениот тим и нивниот ментор; • Ранец и маус за третонаградените тимови и нивните ментори. 1.…

повеќе...

Прво и четврто место за основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по германски јазик

На Државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 10.03.2017 год. во Гете институтот во Скопје ученичката Сара Ристова од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 99 бодови, додека ученикот Валентин Винченџи Маркулевски го освои четвртото место со 94 бодови. За овој успех е заслужна менторката Билјана Атанасовска.

повеќе...

Успех на основците од „Христо Узунов“ на Регионалниот натпревар по математика и физика

На 4ти март годинава, ОУ „Христо Узунов“-Охрид со 6 ученика под менторство на наставниците Виолета Китеска-математика и Вера Зороска-физика, учествуваше на Регионалниот натпревар по математика и физика, во организација на приватното средно училиште „Јахја Кемал“. Ученикот Савески Виктор освои трето место во натпреварувачкиот дел по физика, Христина Митреска беше четврта во вкупниот пласман, односно освои 50% партиципација за школување во училиштето „Јахја Кемал“, додека пак Ивана Ванкоска и Анастасија Мојсовска се стекнаа со можност за запишување во истото без полагање на приемен испит. „За пофалба е и тоа што истите…

повеќе...

Прво и второ место за основци од „Григор Прличев“ на регионалниот натпревар по германски јазик

На регионалниот натпревар по германски јазик кој се одржа во Гостивар на 4.3.2017. година учениците од ОУ „Григор Прличев“ покажаа врвни резултати. Ученичката Сара Ристова IX одд го освои првото место, додека ученикот Валентин Маркулевски IX одд го освои второто место. За поздравување е и нивната менторка, професорката по германски јазик Билјана Атанасовска.

повеќе...

Четврто место за ученичка од ОУ „Живко Чинго“ на Регионалниот натпревар по германски јазик

На 04.03 2017 година, во Основното Училиште „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, се одржа Регионален натпревар по германски јазик. На овој натпревар учествуваше и ученичката Стефанија Вељаноска од ОУ „Живко Чинго”од Велгошти. Ученичката Стефанија го освои четвртото место и продолжува на Државниот натпревар, кој ќе се одржи на 10.03.2017 година.

повеќе...

Одлични резултати на основците од „Григор Прличев“ на натпреварите по математика и физика

На 4.3.2017 во ПСУ „Јахја Кемал“ по осми пат се одржа натпревар по математика и физика на кој учествуваа ученици од „Григор Прличев“ и постигнаа одлични резултати. Ученичката Ана Димоска, IX одделение го освои второто место со што доби стипендија за запишување во ПСУ „Јахја Кемал“, додека учениците: Анастасија Маленкова, Огнен Секулоски, Стефан Каланоски, Радица Јанкулоска, Марино Јакимоски, Франческа В. Маркулеска, Мила Коруновска и Никола Здравески се меѓу првите 25 на листа со што имаат право да се запишат во училиштето без да полагаат приемен испит. Ментори на учениците се:…

повеќе...