Во Скопје се одржа финалето на државниот кулинарски натпревар во подготовка на јадења од квалитетно живинско месо „МОЕ НАЈ МЕСО“. Тимот од учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид како првопласирана екипа на финалниот натпревар и победник на кулинарскиот натпревар ја доби првата награда: СТРУЧНО ТУРИСТИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА НА 3 ДЕНА! Резултати и пласман на екипите: 1 место: Ивана Петкоска, Ивана Николоска и Емилија Јовческа Пофалница: Дарко Трајкоски, Стефан Новакоски и Ненад Јовановиќ. Ментор на екипите проф. Блаже Јорданоски. На натпреварот учествуваа првопласираните и второпласираните натпреварувачки екипи од двата полифинални…
повеќе...Tag: натпревар
Викендов во Охрид – Куп на Македонија во атлетика и ревијален фудбалски натпревар
Викендов во Охрид ќе се одржи Купот на Македонија во атлетика во повеќе дисциплини и тоа во фрлање на ѓуле, диск и копје, скок во далечина и висина, трчање на 100, 200, 400 метри и штафетно трчање 4х100. Натпреварите ќе се одржат во сабота од 14 до 17 часот и недела од 10 до 14 часот. Исто така во сабота во 18 часот на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Охрид – ветерани и ФК Краков од Полска.
повеќе...Успех на ученичка од охридската Гимназија на Државниот натпревар по физика
На 49-от Државен натпревар по физика одржан на 7ми мај на Институтот за физика при ПМФ во Скопје, ученичката Марија Мојсовска од трета година од охридската Гимназија „Св.Климент Охридски“ освои трета награда под менторство на проф. Виолета Никовска. Со тоа ученичката обезбеди учество во тимот за селекција на ученици кои ќе ја претставуваат Република Македонија на Светската Олимпијада по физика во Швајцарија.
повеќе...Трето место за основка од „Христо Узунов“ на Републичкиот натпревар на Млади техничари и природници
На 53-от Републичкиот натпревар на Млади техничари и природници што се одржа на 9ти април во Куманиво, ученичката Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“ го освои третото место во областа Применета математика. Наградата ја доби врз основа на изработка и одбрана на проект на тема: „Пресметување на плоштина на многуаголници според Пикова теорема“.
повеќе...Трето место за основците од „Живко Чинго“ во категорија подмладок на Општинскиот натпревар по прва помош
На 45тиот по ред општински натпревар по прва помош, кој се одржа денеска, учениците од ОУ „Живко Чинг0“ од Велгошти, под менторство на наставничката Ивана Илиевска го освоија третото место во категоријата подмладок. Мотото на натпреварот беше „Знам да спасам живот“, а стекнатите знаења за укажување прва помош ги покажаа повеќе од 300 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебрца.
повеќе...Организирани математички и научни активности во „Јахја Кемал“
Приватното основно училиште „Јахја Кемал“, денес организираше активност за учениците од V одделение, тестирање по предметот Математика и активност од Наука. На најуспешните ученици им беа доделени сертификати и награди. WebOhrid
повеќе...Бројни награди за охридските основци на Државниот натпревар по математика
На 41от Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование кој се одржа на 07.05.2016 година во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ – Скопје, охридските основци освоија бројни награди. Ученичката Христина Митреска од VIII одделение од ОУ„Христо Узунов“ од Охрид под менторство на наставничката Виолета Китеска освои трета награда и се здоби со право за учество на Јуниорската македонска математичка олимпијада. Освоени места и право на учество на Јуниорската македонска математичка олимпијада имаа и учениците од ОУ„Григор Прличев“: Петар Мишов VII…
повеќе...Ученичка од „Јахја Кемал“ освои второ место на натпреварот по англиски јазик организиран од ELTAM
Учениците од приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга продолжуваат да нижат успеси. Овој пат, ученичката Софија Ставреска-III година, освои второ место на натпреварот по англиски јазик организиран од ELTAM (English Language Teaching Association Macedonia). Натпреварот се одржа во саботата ( 7ми мај) во Скопје. WebOhrid
повеќе...Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ освои трето место на Државниот натпревар за најдобар солист
Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти, во конкуренција за најдобар солист од 42 учесници го освои третото место, под диригентската палка на менторот Оливера Петковска. „Се надеваме дека оваа ученичка со својот извонреден глас ќе го најде местото помеѓу ѕвездите.“– вели директорот Ѓоко Чингоски. Државниот натпревар се одржа на 8ми мај во Кавадарци, во организација на Друштвото на музички педагози на РМ. WebOhrid
повеќе...Голем успех на охридски основци на Државниот натпревар по англиски јазик
Ученикот Борче Исакоски V одделение од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид под менторство на наставничката Јулија Ристевска и ученичката Емилија Николовска V одделение од ОУ „Григор Прличев“, под менторство на наставничката по англиски јазик Марина Колеска Наумова на Државниот натпревар по англиски јазик го освои првото место со максимални 100 поени и се здоби со можност да конкурира за парична награда од МОН. „Ова е голем успех за нашите училишта, но и за Општина Охрид“- изјавија од училиштата. Инаку натпреварот се одржа на 7ми мај во ОУ „Лазо Ангелоски“ -Скопје.
повеќе...