Голем успех на охридските гимназијалци на Регионалниот натпревар по хемија

На регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 9ти април во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“-Струга, учениците од Охридската гимназија „Св.Климент Охридски“ ги освоија првите места. I-категорија (ментор Билјна Стевоска) Филип Николовски II-категорија (ментор Вера Гушевска Војнеска) Марија Лазареска Александар Ламбевски Андријана Настеска III-категорија(ментор Билјана Стевоска) Ана Бојаџиева Поликсена Тунтева Сите ученици се пласираа на државниот натпревар по хемија кој ќе се одржи на 14ти мај на Природно Математичкиот Факултет, Скопје.

повеќе...

Ученик од ОУ „Живко Чинго“ се пласира за Државен натпревар по географија

Под организација на Македонското Географско Друшто на Република Македонија, денес во просториите на ОУ „Христо Узунов“ Охрид се одржа Регионалниот натпревар по Географија. Ученикот од деветто одделение Димитар Балески од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои второто место по ранг листа на натпреварот. Неговото достигнување е постигнато под менторство на наставникот по географија м – р Живко Богојески. Со постигнатото ученикот се пласира на државен натпревар по географија на 6-ти мај. „Честитки за ученикот кој го освои второто место на натпреварот по географија. Му посакувам многу успех на Државниот натпревар. Упатувам…

повеќе...

Основците од „Христо Узунов“ со низа успеси на Регионалниот натпревар по математика

На 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година, кој денес се одржа на УИНТ „Свети Апостол Павле“ во Охрид, учествуваа и 20 ученици од ОУ „Христо Узунов“ и го постигнаа следниот успех: Прва награда освоија учениците: Христина Митреска VIII одделение со освоени 100 поени, под менторство на наставничката Виолета Китеска, Борче Исакоски V одд. (100 поени), под менторство на наставничката Елена Китески, ученичкот Горазд Блажески V одд (86 поени), под менторство на наставничката Наташа Ѓорѓиеска и Виктор Шишкоски VI одд. (86 поени), под менторство на…

повеќе...

Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“ освои прво место на Регионалниот натпревар по математика

Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, се одржа 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот беше ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот, седмоодделенката Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои првото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Таа ќе учествува на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи во месец мај, во Скопје. Ученичката Николина Каралиева VI одделение го освои третото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Седмоодделенката Евгенија Пулеска го освои…

повеќе...

Ученик од ОУ „Кочо Рацин“ освои трето место на Ликовен конкурс во Бугарија

Третооделенецот Филип Ставрески од ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид освои трето место на ликовниот конкурс од галеријата „Гала АРТ“ од Стара Загора, Бугарија, кој беше отворен од 10-ти јануари до 29-ти февруари годинава. Како што информираат од училиштето, од организаторите Филип освен диполома, добил и комплет сликарски материјали. На овој конкурс учествуваа и ученичките Анабела Стефаноска и Стефанија Алачкоска од ОУ „Кочо Рацин“ кои добија благодарници за одлично претставување. Основците на конкурсот учествувале под менторство на наставничката Виолета Петковска.

повеќе...

ОУ „Кочо Рацин“ домаќин на Регионалниот натпревар по биологија

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид вчера беше домаќин на третиот Регионален натпревар по биологија. Натпреварите по биологија се во организација на Друштвото на биолози на Република Македонија. Оваа година натпреварот за нашиот регион се одржуваше во два подрегиони, а во Охрид се натпреваруваа ученици од сите основни училишта од општината и ученици од општината Дебрца. Учествуваа вкупно 172 ученици: 64 од шесто, 48 од седмо, 45 од осмо и 15 ученици од деветто одделение. Според прелиминарните резултати, најголем број на освоени бодови имаа учениците: Петар Алчески, ОУ „Св. Климент…

повеќе...

Голем успех за основци од „Св.Климент Охридски“ на Регионалниот натпревар по природни науки

Учениците од ОУ„Св.Климент Охридски“ со најголем успех на Регионалниот натпревар по природни науки. Основците Петар Алчески ( прво рангиран), Ѓорги Чинго (второ рангиран) и Ангела Србиноска (трето рангирана) од вкупно 65 учесници од регионот си обезбедија учество на Државниот натпревар, каде што ќе имаат можност повторно да ги докажат своите знаења. Овие ученици беа под менторство на наставникот Галина Малезанова. „Честитки за учениците и менторот Галина Малезанова и им посакувам уште поголеми резултати на Државниот натпревар.“– вели директорот на ОУ „Св.Климент Охридски“, Јордан Пуроски. WebOhrid

повеќе...

Голем успех на основци од „Христо Узунов“ на општинскиот натпревар по англиски јазик

Продолжуваат успесите на учениците од „Христо Узунов“. Денес во Струга се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик за петто и деветто одделение, на кое ОУ„Христо Узунов“ учествуваше со четири ученици. Учениците од петто одделение Борче Исакоски и Антониј Трпески, го делеа првото место. Ученичката од деветто одделение Надица Наумоска го освои третото место, а  ученикот Стефан Алексоски освои петто место на натпреварот. WebOhrid

повеќе...

Основци од „Живко Чинго“ ги освоија првите три места на Регионалниот натпревар по Биологија

Под организација на Друштвото на Биолози на Република Македонија, денес во просториите на ОУ „Кочо Рацин“ Охрид се одржа Регионалниот натпревар по Биологија. Седмооделенци од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти ги освоија првото и второто место по ранг листа натпреварот. Првото место и припадна на ученичката Евгенија Пулеска, додека второ место освои ученичката Екатерина Бочвароска. Во деветто одделение, ученикот Дамјан Митрески го освои третото место по ранг листа на натпреварот. Сето ова е постигато под менторство на наставничката по биологија и хемија, Маја Попоска. „Сакам да им честитам на учениците за постигнатите…

повеќе...

На 2ри април ќе се одржи Регионалниот натпревар по математика

На 2-ри април (сабота), со почеток во 09:30, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, ќе се одржи XXXIV Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот е ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот ќе учествуваат 118 ученици од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. WebOhrid

повеќе...