ЈП „Нискоградба“ со активности кај музичкото училиште

Екипи на ЈП „Нискоградба“ задолжени за одржување на канализација и канализациони системи, денес врши чистење и профилактика на цевките за одведување на отпадни води на ул. Богомилска. Градежната оператива на јавното претпријатие работи на поплочување на тротоар на ул. „Никола Карев“ кај Музичкото училиште и работи на пуштање на нова линија за одведување на отпадни и атмосферски води на новата пешачка патека.

повеќе...

Кривични пријави против екс директор на ЈП „Нискоградба“ и раководител на Одделението за комунален развој

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ц.(52) поранешен директор на јавното претпријатие „Нискоградба“ и Е.С. (60) раководител на Одделението за комунален развој во општина Охрид. Во март 2011 година, В.Ц. без склучен писмен договор за изведување водоводни линии, без соодветна документација, како и без извршен надзор од порачувачот МЈП „Проаква“ – РЕ Водовод Охрид одобрил, ЈП „Нискоградба“ да изведе реконструкција на водоводната линија. По неговата смена од работната позиција, новиот директор ги прекинал реконструктивните работи.…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со активности на повеќе локации низ градот

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска изведува градежни активности на неколку локации низ градот. На улицата „Коста Абраш“ се врши нивелирање на калдрмата. Се поставува тампон подлога и се прередуваат камените коцки. На улицата „Никола Карев“ кај Историски архив се поставува бехатон подлога на тротоарот, додека на ул. „Кузан Јосифоски – Питу“ се врши санација и нивелирање на шахтите од мрежата за одведување на отпадни води. Покрај овие активноси ЈП „Нискоградба“, врши контрола и прочистување на пумпните станици „Канео“, „Мал плоштад“ и пумпната станица „Рача“.

повеќе...

Продолжува санацијата на ударните дупки

Санацијата на ударните дупките на коловозите, кои настанаа како резултат на неодамнешните временски неприлики, продолжува и во наредниот период. Санација, денес се врши на оштетениот коловоз на улицата „Абас Емин“ и на дел од коловозот на ул. „Даме Груев“. Санирањто го изведува градежната оператива на Јавното претпријатие „Нискоградба“.

повеќе...

Надлежните служби ги пополнуваат ударните дупки низ охридските улици

Надлежните служби од општина Охрид и на ниски температури интензивно работат на санирање на штетите и пополнување на ударните дупки низ охридските улици по снежното невреме во Охрид. Оперативните екипи на ЈП „Нискоградба“, вчера и во текот на денешниот ден работат на санација на ударните дупки на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улица „Стив Наумов“. Опсежната и интензивна акција за санација на штетите низ охридските улици ќе продолжи со несмалено темпо и со уште посилен интензитет во наредниов период.

повеќе...

Се санираат ударните дупки низ Охрид

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, а по претходно утврден план и динамика за работа, теренски екипи на ЈП „Нискоградба“ започнаа со санација на ударните дупки низ улиците по целата територија на општина Охрид. Деновиве, ударни дупки се санираа на улиците „7-ми Ноември“, „Кленоец“ и „Питу Гули“, а откако ќе дозволат временските услови градежните активности ќе продолжат по должината на улиците „Егејска“, „Туристичка“, „Даме Груев“, „Димитар Влахов“, „Марко Цепенков“, „Пере Тошев“ и уште некои помали улици на периферијата од општината. По гребењето на асфалтот…

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ ја прочистува канализационата мрежа на неколку улици во градот

Јавното претпријатие „Нискоградба“ во рамки на своите активности покрај редовните, а поради најавите за зголемена циклонска активност проследена со обилни врнежи деновиве презема активности за контрола и прочистување-миење на цефководите на улиците „7-ми Ноември’’ и „Питу Гули’’, „Сирма Војвода’’ ул. „Богомилска’’ и Градски Пазар. Профилактиката на цефководите ќе продолжи и во наредниот период каде што ќе бидат опфатени и другите улици во градот.

повеќе...

ЈП „Нискоградба“ со активности на улица „Питу Гули“

Јавното претпријатие „НИСКОГРАДБА“ секојдневно презема активности за одржување на канализациониот систем и цевководите на градот. На улица „Питу Гули“ во тек е активност за преприклучување на фекалните приклучоци во мрежата за фекална канализација и уличните сливници во атмосферската канализација. До сега нивната функционалност беше оневозможена од приклучување на фекални води во атмосферската канализација и обратно. Со оваа активност на Јавното претпријатие ќе се изврши одвојување на фекалната од атмосферската канализација и ќе се постигне зголемена функционалност и на двете линии.

повеќе...

Со несмален интензитет продолжува расчистувањето на Охрид

Екипи на сите јавни претпријатија активно учествуваат во расчистување на улиците и тротоарите низ Општина Охрид. Екипи на ЈП „Нискоградба„ и ЈП „Водовод„ во текот на денешниот ден засилено и со несмален интензитет работат на расчистување на улиците, „Димитар Влахов“,„Мите Богоевски“ и дел од улицата „Даме Груев“. При работата освен физичката сила се користи и полесна механизација. Освен улиците се чистат и тротоарите и пристапните патеки што водат до куќите и станбените згради на овие улици. Екипи на ЈП „Градски Гробишта“ и ЈП „Градски Пазар“ активно работата на расчистување на…

повеќе...