МОН и Мисијата на ОБСЕ во Скопје избраа најбезбедни и најчисти училишта

Врз основа на Јавен повик за избор на „Најбезбедно и најчисто училиште” во рамки на истоимениот проект, чијашто цел е зголемување на безбедноста и хигиената во училиштата, Министерството за образование и наука во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, избраа три основни и три средни, најбезбедни и најчисти училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година. Изборот на најбезбедно и најчисто училиште го изврши стручна комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнати апликации и увид во самите училишта. За најбезбедни и најчисти основни училишта…

повеќе...

Лутфиу присуствуваше на промоцијата на проектот „Microsoft Showcase Classroom“

Министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на одбележувањето на почетокот на реализација на проектот „Microsoft Showcase Classroom“, кој се одржа во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје. Во своето обраќање, Лутфиу рече дека технолошките иновации и информатичките комуникации играат една од клучните улоги за трансформација и модернизација на квалитетот на образованието. „Почетокот на реализација на „Microsoft Showcase Classroom” е конкретен проект кој има за цел да го унапреди образованието во нашата земја, како резултат на заедничките напори на Владата, Министерството за образование и наука, Министерство за…

повеќе...

Ставена во употреба спортската сала во Косел

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски денеска ја ставија во употреба комплетно реконструираната спортска сала во рамки на подрачното Основно училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Косел. Станува збор за проект тежок околу 50 илјади евра финансиран од Владата на Р. Македонија, којшто е особено битен за правилното градење и насочување на младите кон здравите животни навики. „Претходно салата во подрачното училиште„ Ванчо Николески“ во с. Косел беше вон функција, затворена од санитарна инспекција и во неа…

повеќе...

Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ дебатираа на тема: „Образование – пат кон успехот“

Пред самиот завршеток на наставната година, денес Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид организираше дебата на темата „Образование – пат кон успехот“ во која се натпреваруваа два тима ученици од 8-мо одделение. Едниот тим ја бранеше тезата дека образованието е најважен фактор кој води кон вистинскиот успех, додека противничкиот тим не се согласуваше со дадената теза, односно го бранеше ставот дека многу други фактори се поважни и одлучувачки за успешност во современото општество. Двата тима претходно беа тренирани од страна на училишниот педагог Славица Илиќ. Дебатата се оддржа пред бројната…

повеќе...

Ристовски во посета на Математичката гимназија во Белград

Министерството за образование и наука интензивно работи на подготвителните активности за отворање специјализирана Математичка гимназија во Скопје и за таа цел заменик-министерот Спиро Ристовски денеска ја посети елитната Математичка гимназија во Белград. „Целта на посетата е да се увиди моделот на организација, начинот на функционирање и предизвиците при работата на оваа високо ценета образовна институција која е формирана во далечната 1966 година. Ристовски оствари средба со директорот на Математичката гимназија Срѓан Огњановиќ, кој изрази подготвеност за целосна поддршка во процесот на формирање Математичка гимназија во нашата држава“, соопшти МОН. Министерството…

повеќе...

Започна полагањето државна матура

Државната матура денеска се спроведува во сите средни училишта без никакви проблеми. Матурата почна во предвидениот термин и се одвива согласно планот и динамиката, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, при посетата на Гимназијата „Јосип Броз-Тито“. Тој информираше дека резултатите од државната матура ќе бидат обезбедени триесет дена по завршување на последниот испит. Инаку денес матурантите полагаат мајчин јазик (македонски, албански и турски) и литература, кој е задолжителен за сите пријавени кандидати. За македонски јазик и литература се пријавени 10.730 кандидати, албански јазик и литература 5.424, а…

повеќе...

МОН го објави распоредот за екстерно тестирање на учениците

Министерството за образование објави кои предмети учениците од основните и од средните училишта ќе ги полагаат за екстерното тестирање што ќе се одржи на 7 јуни. За вториот дел од екстерното тестирање, што ќе се одржи на 10 јуни, распоредот ќе биде објавен во вторник. На следниот линк учениците можат да проверат кој предмет ќе го полагаат на 7 јуни. Извор: meta.mk

повеќе...

Ристовски на конференција за спортот во образовниот процес

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денес се обрати на отворањето на дводневната Меѓународна научна конференција „Истражувања во физичкото образование, спортот и здравјето“, која по втор пат се одржува во организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј“ – Скопје. Во своето обраќање тој истакна дека во Република Македонија изминатите години се посветува исклучително големо внимание на подобрување на условите за професионалниот спорт, но и за спортот во образовниот процес. Ристовски притоа посочи на зголемувањето на часовите по физичко образование кое придонесува…

повеќе...

МОН ќе отвори Национална канцеларија за трансфер на технологии

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска најави дека наскоро ќе се отвори Национална канцеларија за трансфер на технологии во која сите заинтересирани на едно место ќе можат да ги добијат сите неопходни информации за примена на нови технологии и иновации.Со отворањето на Канцеларијата се очекува значително да се подобрат технолошките капацитети на домашната индустрија преку намалувањето на јазот помеѓу знаењето и достигнувањата достапни на глобално ниво и во нашата држава. „Се работи за проект на кој министерството интензивно работи и кој е дел од нашите програмски определби…

повеќе...

Министерот Лутфиу на доделувањето на дипломи на Универзитетот на Југоисточна Европа

Министерот за образование и наука м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на доделувањето на дипломите на дипломираните студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа. „Денес се чувствувам привилегиран, бидејќи имам можност да се обратам пред дипломираните студентите од универзитетот на еден од најдобрите рангирани високообразовни установи во земјата и во регионот. Овој универзитет е промотор на промени и прогресивни идеи за подобрување на квалитетот на високото образование. Промотор на национално и на демократските вредности. Центар за стекнување на знаење и арена на конкуренција за повеќе квалитет“, истакна во своето обраќање пред дипломираните…

повеќе...