Учениците од ОУ „Братство Единство“ се обучуваа за противпожарна заштита

Во Основното училиште „ Братство Единство“ , во централната и во зградата во населбата Лескајца, за учениците од трето до петто одделение беше спроведена обука за ракување со противпожарни апарати. Обуката ја спроведуваа припадници на Територијалната противпожарна единица кои во училиштето дојдоа со противпожарно возило и опрема. Обуката на учениците за противпожарна заштита е дел од програмата на градоначалникот Никола Бакрачески, според која во овој месец вакви обуки ќе се реализираат во сите основни училишта на територијата на општина Охрид. Целта е најмладите да се запознаат со основните постапки и…

повеќе...

Бесплатни курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица

БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ , ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И ИНФОРМАТИКА ЗА СТУДЕНТИ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА Во рамки на Стратегијата за помош на социјално ранливите категории граѓани , што во континуитет се реализира веќе 18 месеци, Општина Охрид периодов спроведува два крупни социјални проекти кои се однесуваат на ранливите категории луѓе. Едниот проект се однесува на бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика а вториот проект се однесува на субвенционирање на дел од трошоците за комуналните услуги. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска на прес конференција ги обелодени деталите за двата…

повеќе...

Обука за 40 доктори од трауматологија

Четириесет лекари од одделенијата за трауматологија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезиологија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар, Специјалната болница по хируршки болести „Св.Наум Охридски“, Клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, Општата болница во Охрид и други ќе бидат обучувани за спасување на живот, односно животнозагрижувачка здравствена состојба од шест лекари специјалисти од САД . Министерот за здравство Никола Тодоров, кој присуствуваше на првото предавање од оваа обука во Центарот за континуирана медицинска едукација, појасни дека обуката која ја спроведуваат докторите од САД, од бласта на трауматологија, е…

повеќе...

Одржани практични обуки за наставниците по физичко образование

Под покровителство на Агенцијата за млади и спорт денеска на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ се одржа финалниот дел од проектот „Континуирана едукација на наставниците и професорите по физичко“. Досега беа одржани обуки низ целата држава поделени на три региони: Скопје, Исток и Запад, но обуките во континуитет ќе продолжат и во следниот период. Носител на проектот е Агенцијата за млади и спорт, Министерство за образование и наука- Биро за развој на образованието и Факултет за физичка култура во Скопје, а главен покровител е Агенцијата за…

повеќе...

Доделени CAF сертификати за обучувачи

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Европскиот институт за јавна администрација ја спроведе втората CAF обука за обучувачи за државни службеници. По тој повод, денес беа доделени сертификати на учесниците за успешно завршување на CAF обуката за обучувачи наменета за државни службеници од Република Македонија. Потребата да се подобрат услугите што владините институции ги нудат со изградба на ефикасен, модерен и транспарентен граѓански сервис што ќе обезбеди висок квалитет на работа, претставува еден од главните приоритети на Владата на Република Македонија.…

повеќе...

Практична сообраќајна обука за идните полициски службеници

Од утре (22.09.) па во наредните неколку дена кандидатите за полицајци кои што на почетокот на годнава ја започнаа едногодишната обука, во рамки на вториот образовен модул од истата посветен на сообраќајот, ќе имаат практична обука на неколку скопски сообраќајници. Притоа, според програмата, предвидено е идните полицајци во периодот од 09 до 13 часот да се обучуваат во регулација на сообраќајот на крстосниците кај Скопски саем, кај Стара рампа (Кисела Вода), потоа кај Црвен крст, како и на крстосницата кај Народна банка на РМ. Кандидатите ќе бидат распределени во седум…

повеќе...

Размена на искуства и соработка за поквалитетна основна полициска обука

„Полицијата секогаш да биде во чекор со динамиката, потребите и со нормативните специфики на системот притоа имајќи секогаш соодветен одговор кон сите видови криминални закани“ истакна Земри Ќамили-заменик министер за внатрешни работи на Република Македонија, на денешното отворање на Регионалната конференција посветена на темата “Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“. Говорејќи за суштината на полициската обука, заменик министерот рече дека едукацијата на полициските службеници е еден од клучните механизми за компетентно и професионално извршување на полициските задачи и дека нашата полициска обука се темели на програми кои…

повеќе...

Охрид од утре домаќин на регионална конференција „Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“

Од утре(17-ти септември) во Охрид, па до петок (19-ти септември), Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ќе биде домаќин на Регионалната конференција посветена на темата „Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“, на која што претставници на полициите на земјите од регионот ќе презенетираат и разменат искуства од оваа област. Предвидено е утре на конференцијата свое поздравно обраќање да има директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков.

повеќе...

Обука на тема – „Мешовити патроли за граничен надзор“

Деновиве во Охрид заврши реализацијата на проектот „Градење на капацитетите и јакнење на соработката помеѓу агенциите за спроведување на законите на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Република Србија“. Проектот беше во организација на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) а се спроведуваше во соработка со граничните полиции од овие земји. Целта на проектот беше да се подобри борбата против илегалната миграција и прекуграничниот криминал на границите на западниот Балкан и директно зголемувањето на степенот на безбедноста како на земјите од западниот Балкан така и во западна…

повеќе...

Започна спроведувањето на теренско-тактичка обука на новите кандидати за полициски службеници

Денес  во Центарот за обука во Идризово, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска присуствуваше на спроведувањето на Полициско теренско-тактичка обука (логорување) на новите кандидати за полициски службеници. На 15.01.2014 година започна основната обука за кандидат за полициски службеник. Од 440 кандидати кои ја започнаа обуката моментално обуката ја посетуваат 438, еден кандидат на сопствено барање ја прекина обуката, а на еден кандидат му беше прекинат договорот по основ на неисполнети резултати, останатите кандидати успечно го завршија првиот модул “Заштита на јавен ред и мир”. Моментално во фаза на спроведување…

повеќе...