Продолжува проектот за бесплатен одмор на децата од социјални семејства

Проектот за бесплатен одмор на децата од семејства приметели на социјална помош ќе продолжи и во иднина, информира денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања во рамките на посетата на охридскиот регион. Проектот, потсети премиерот, почна да се реализира во 2012 година и се одвива полни три години со успех. Досега заклучно со последниот зимски одмор околу девет илјади деца беа на летување или зимување, а ова лето предвидени се нови две илјади деца од кои 1.500 досега веќе беа и уште 500 треба да одат до крајот на…

повеќе...

Замина првата група деца на бесплатен одмор во Струга

Првата група деца од семејства од социјален ризик денеска заминаа на бесплатен летен одмор во Струга. Во рамки на проектот на Владата, што го реализира од 2012 година, годинава ќе заминат 2.000 деца на бесплатен летен одмор. За одморот да помине во најдобар ред ќе се грижат волонтери на Црвениот крст на Република Македонија. „Продолжуваме со реализација на проектот. Денеска ја испраќаме првата група од 100-тина деца од Скопје и Куманово. И на секои седум дена се до крајот на август ќе се реализира овој преокт со што ќе се…

повеќе...

Стапи на сила владината одлука за едномесечен зелен картон

Граѓаните кои планираат да патуваат во странство, од денеска ќе можат да извадат едномесечен зелен картон. Стапува на сила одлуката на Владата за воведување едномесечен зелен картон, која премиерот Никола Груевски ја најави пред неколку дена. Осигурителните компании од денеска почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената на едномесечен зелен картон изнесува 30 евра за возила до 66 киловати, односно 50 евра за возила над 66 киловати. Од осигурителните компании оценуваат дека оваа промена ќе биде добра можност за граѓаните, а ќе влијае и врз раст на бизнисот. Со оваа…

повеќе...

Министерот Адеми им го честиташе завршувањето на учебната година на сите ученици

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на сите ученици им го честиташе завршувањето на учебната 2014/2015 година. Тој им посака да го поминат летниот распуст во добро расположение. На учениците кои завршија со основното образование им посака успех при уписот во средните училишта, а на средношколците од завршните години во средните училишта им посака да се запишат на факултетите на кои ќе можат да постигнат најдобри резултати. „Денес е последниот ден од учебната 2014/2015 година, по овој повод од училиштето „ Јашар бег – Шкупи “ на сите ученици…

повеќе...

Бесплатен одмор за 2.000 деца во социјален ризик

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информираше за Проектот “Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик”. Спасов информираше дека е објавен јавниот повик за користење на услугата бесплатен летен одмор за децата од семејствата во социјален ризик, децата од семејствата приматели на социјална парична помош, децата без родители и родителска грижа како и децата со пречки во развојот од петто до деветто одделение. „Имено станува збор за реализација на проектот од програмата од Владата на Република Македонија, проект што е даден како ветување пред…

повеќе...

Пензионерите задоволни од проектот „Бесплатен туристички викенд“

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов, денес ги посетија пензионерите кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во рамки на истоимениот владин проект во Дојран, хотел Полин. „Би сакал да истакнам дека грижата за пензионерите е наша обврска и должност, меѓутоа во исто време и наша заложба и задоволство едноставно достоинствениот живот на пензионерите, квалитетниот живот во третото доба е наша определба како Влада на Р.Македонија. Со реализација на низа проекти…

повеќе...

Од март нови 5.000 пензионери бесплатно на бања

Во рамките на своето дејствување, една од темелните политики на Владата на Република Македонија е и политиката за обезбедување на повисок степен на задоволување на потребите на категоријата повозрасни граѓани. „Таа наша заложба се реализира преку една поширока палета на мерки и активности, како што се зголемувањето на пензиите, определени поволности кои оваа категорија граѓани ги добива во здравството или пак поволности во определени услуги кои се добиваат од државата, како и низ други проекти. Денес сакаме да информираме дека Владата на Република Македонија ја усвои Програмата за користење на…

повеќе...

Започна зимскиот распуст за учениците

Од вчера за сите ученици од основните и средните училишта, започна тринеделниот зимски распуст. Учениците ќе се вратат на настава на 20-ти јануари, во вторник, кога почнува второто полугодие.

повеќе...

Отворен повикот за деца од семејства во социјален ризик

Министерството за труд и социјална политика и понатака продолжува со реализација на Проектот за користење услуга за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и корисници на посебен и детски додаток. Согласно Програмата, правото на бесплатен одмор за време на зимскиот распуст за 2015 година имаат децата од семејствата во социјален ризик (корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток или посебен додаток, и деца без родители и родителска грижа) кои се родени во периодот од 2000 година до 2004 година или деца кои…

повеќе...

Илјада деца од семејства во социјален ризик на бесплатен зимски одмор

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на прес конференција за медиумите информираше за Проектот Бесплатен одмор и рекреација на децата од семејства во социјален ризик. Овој проект започна да се реализира од летото 2012 година и досега можност да ја користат оваа бесплатна услуга имаа 8000 лица, односно 6.000 дечиња имаа можност да заминат на бесплатен летен одмор, а 2.000 на бесплатен зимски одмор. „Би сакал да информирам дека утре, 19.12.2014, петок, излегува јавниот повик за бесплатно зимување, на кој сите заинтересирани родители кои користат социјална парична помош,…

повеќе...