Денот на Охридското Езеро годинава ќе се одбележува во Поградец

Делегација од Општина Охрид утре ќе учествува на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро – 21 јуни, што годинава се одржува во Поградец, Република Албанија.  Гостите од Охрид во Алнабија ќе  пристигнат во 10 часот а еден час подоцна ќе го посетат саемот на традиционаллни производи, по што ќе ги проследат и културните и спортски манифестации. По повод денот на езерото,  утре во албанскиот град Поградец свечено ќе бидат отворени два хотелски капацитети. Инаку, почнувајки од 2 000 година на 21 јуни со различни активности се одбележува Денот на Охридското…

повеќе...

Финците ги занеме сјајот на Охридскиот бисер

Работиме напорно процентот на задоволни туристи од посетата на Република Македонија да надмине 90%.  Директните средби со бизнис и туристичката елита при посетата на Хелсинки, Финска се мал дел од тие напори, појасни  Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ),  Кристијан Џамбазовски. „Агенцијата одржа низа средби со клучните играчи од туризмот од претходно таргетираните држави. Се среќаваме со тамошните туристички агенции, тур оператори и новинари, ја презентираме Македонија со сиот нејзин потенцијал во најубаво светло, подготвуваме дегустација на македонска храна и вино и организираме информативни патувања низ…

повеќе...

Бесплатен летен одмор за 2000 деца во социјален ризик

Министерoт за труд и социјална политика, Диме Спасов информираше за новиот јавен повик за „Проектот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик“. „Поаѓајки пак од универзалното право дека секое дете има право на социјална сигурност, рекреација и животен стандард сакам да истакнам дека и оваа година ќе се реализира “Проектот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик”, рече Спасов. Спасов истакна дека  ова лето ќе се овозможи бесплатно летување за 2000 деца коишто се наоѓаат во понеповолна положба и дека…

повеќе...

Едриличарскиот клуб „Бофор“ врши упис на нови членови

Едриличарскиот клуб „Бофор“ врши упис на нови членови на возраст од 8 до 12 години во школата за едрење која започнува утре, 16-ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето. Уписите  ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа до мостот на каналот Студенчишта, од 9-13 часот од 16-ти до 19-ти јуни 2014 година. Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен. Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски принципи и однесување на вода, како…

повеќе...

Точков: Водата во Охридското Езеро преку 90% е од прва и втора класа, јавните чешми безбедни за пиење

Центарот за јавно здравје Охрид, согласно својата програма и процедури за работа пред секоја летна туристичка сезона врши комплетна контрола на квалитетот на површинската вода во Охридското Езеро од македонска страна, но и на сите оние водотеци или реки кои што се вливаат во Охридското Езеро. Редовно се следи состојбата и со квалитетот на водата за пиење и со квалитетот на водата од јавните или артески чешми кои што ги користат граѓаните и туристите во овој летен период, информира на денешната прес конференција Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија и броматологија…

повеќе...

Три малолетни лица безбедно се извлечени од водите на Охридското Езеро

Три малолетни лица безбедно се извлечени од водите на Охридското Езеро и вратени на копно во акцијата на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Акцијата е  извршена вчера околу  16 часот во езерските води во близина на хотелот „Бисер“ на струшкото крајбрежје. Малолетниците се наоѓале во изнајмена педалина која невремето и силниот ветер неконтролирано ја носеле кон албанските територијални води. Езерската патрола изврши итно пребарување на езерскиот квадрант, и на околу 1,5 километри од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер“ ја забележа педалинката и трите малолетници. Поради големите бранови, тие…

повеќе...

Пред гимнзацијалците се одржа предавање за рибниот фонд во Охридското Езеро

Во рамките на проектот Амбасадори на живиот свет во охридското езеро денес 2/Јуни беше одржано предавање пред учениците на охридската Гимназија. На предавањето Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро ги запозна учениците со параметрите на Охридското Езеро и со начините за подигање на еколошката свест. Проф. Д-р Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод со илустрации ги објасна карактеристиките на видовите риби во Охридското езеро и тоа на автохтоните и алохтоните.  Радован Димитриески кој е лидер на проектот ги презентираше пред учениците риболовниот алат кој се корискти за спортски риболов.…

повеќе...

Дадена препорака и одобрение до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, да го прогласи македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа за Биосферен резерват

Стручниот Комитет на УНЕСКО разгледувајќи ја Номинационата Форма за прогласување на Охрид-Преспа за Биосферен резерват даде ПРЕПОРАКА и ОДОБРЕНИЕ до Интернационалниот Совет на УНЕСКО, ДА ГО ПРОГЛАСИ  македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа за Биосферен резерват заради неговото уникатно значење и вредности кои ги содржи. Стручниот Комитет исто така препорача во моментот штом грчката страна изрази волја да се приклучи кон Биосферниот резерват веднаш да стане дел од Прекуграничниот Биосферен резерват. „Првата вредност на оваа одлука е што Стручниот Комитет на УНЕСКО го одобрува Номинациониот Акт на кој долго…

повеќе...

Забрани за риболов на риболовен ревир „Слив на Охридско Езеро“

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид како концесионер ги известува рекреативните риболовци за забраните за риболов за време на Првомајските празници, на риболовниот ревир „Слив на Охридско Езеро“ каде спаѓаат сите реки во општините Охрид и Дебарца и Требенишко езеро. Забранети се за риболов следниве видови на риби поради мрест: – Скобуст од 15.04 до 15.05 – Писа од 15.04 до 15.05 – Клен од 01.05 до 31.05 – Мрена од 15.05 до 15.06 – Крап од 01.05 до 31.05 На рекреативната зона „Слатинско Езеро“ сеуште не…

повеќе...

Пештани ќе добие шеталиште покрај езеро

Раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски денеска беше во обиколка на градежните активности кои се одвиваат во Пештани. Досега речиси целосно е завршено покривањето со бехатон плочки на неколку улички, а потпорниот ѕид кој се гради покрај езерото на потегот од рибниот ресторан до поранешната зграда на полициската станица е во завршна фаза. Со завршувањето на изградбата на потпорниот ѕид, овој простор ќе прерасне во шеталиште кое ќе биде и хортикултурно уредено.

повеќе...