22-ри март – Светски ден на водите

Светскиот ден на водите, оваа година ја прославува темата за соработка за заштита на водените ресурси фокусирајќи се на соработката и партнерството на локално, национално и прекугранично ниво. „Предизвиците се големи и мора да се фатиме во борба со нив за да ја обезбедиме иднината на водените ресурси. Успеавме заеднички  како Билатерален Секретаријат да донесеме средства за заштита на водните живеалишта, за прогласување на биосферен резерват околу езерата и поддршка од Глобалниот Еколошки Фонд за проект за Дримскиот Басен“. – истакна македонскиот претставник во Билатерален Секретаријат за сливот на Охридското…

повеќе...

Сепак ќе се испитува староста на Охридското Езеро!?

Платформата на која е монтирана и натоварена огромната дупчалка која ќе го истражува дното на Охридското Езеро, веќе е подготвена и ја чека командата на главниот кормилар – извршниот директор Крис Делахунти од американската фирма DES (DOESECC Exploration, LLC) со седиште во Солт Лејк Сити, Јута, Соединетите Американски Држави. Овој  Американец – експерт за вакви проекти и истражувања ни откри дека своите услуги ќе ги сработи за германската  специјализирана фирма ICDP, која пак во соработка со нашата  македонска Влада, Геолошкиот завод и Хидробиолошкиот завод од Охрид, земените мостри на различни…

повеќе...

Има ли нафта на дното од Охридското Езеро или можеби уште едно неоткриено езеро?!

Огромни кранови, дигалки, контејнери, метални челични цевки и огромна машина-дупчалка се само дел од „реквизитите“ кои деновиве ќе отпловат на средина на Охридското Езеро на веќе монтираната платформа донесена специјално од Англија, каде ќе се дупчи на повеќе од 2000 метри длабочина под езерото. Оваа необична активност која ја нарачал Геолошкиот Завод на Македонија, има за цел, како што кажаа затекнатите работници на проектот, да ја испита староста на Охридското Езеро. Таму, на длабочина од 2000 метри, ќе се изврши дупчење и ќе се земе одредена количина земја со чија…

повеќе...

Петрески: За полесна ориентација на политичкиот противник, за тоа каде да ги држи пресовите, решивме да им донираме „НАВИГАТОР“

„И покрај нашите постојани укажувања на ДПМНЕ, за погрешната адреса на која ги одржуваат пресовите, тие и понатаму продолжуваат со аматерски грешки да ја водат кампањата. Денес повторно одржаа прес на охридското пристаниште, место пресот да го одржат пред Министерството за транспорт и врски или пак пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, – изјави на денешната прес-конференција актуелниот градоначалик на Охрид, Александар Петрески, на градското пристаниште. Како што рече Петрески, наместо да ветуваат лажни проекти, или пак на празно да критикуваат, треба да се запрашаат зошто езерото кое е под…

повеќе...

Подигнати 40 м³ отпад од кејот

Изминативе два дена, заради временските услови проследени со силен ветер, екипите на Јавна хигиена вонредно го расчистуваа кејот и пристаништето од енормни количини отпад. Во текот на вчерашниот ден подигнати се пет тури отпад, а денес, од раните утрински часови (5:00 часот) екипите излегоа на терен и подигнати се 10 тури отпад, или вкупно 40 м³.

повеќе...

Фатени рибокрадци од Албанија

Три лица албански државјани, вчера се приведени при незаконит риболов во водите на Охридското Езеро. Во акцијата на охридската полициска станица за граничен надзор, во македонските територијални води  во близина на селото Трпејца, во незаконит риболов затекнати се: Д.Д. (20), Н.Д (20) и А.А. (44) сите од Поградец. Истите, вчера околу 13 часот нелегално ја преминале водената гранична линија на македонско-албанската државна граница и на околу 3 километри на македонска територија отпочнале незаконит риболов со ловни мрежи и метални канџи. Забележувајќи го полицискиот глисер, тројцата рибари  од нивниот пловен објект…

повеќе...

Охрид од утре домаќин на консултативна работилница за воспоставување на Биосферен резерват Охрид-Преспа

Процесот за воспоставување на Биосферен резерват Охрид-Преспа под закрила на УНЕСКО е иницијатива на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро во рамките за Заедничкиот Договор за заштита на истиот. Процесот напредна преку потпишување на меморандуми за воспоставување на резерватот на ниво на држави и на ниво на локални самоуправи во сливот. По консултациите со УНЕСКО сега се влегува во процес за изработка на апликацијата до УНЕСКО за воспоставување на Биосферен резерват Охрид Преспа во рамките на МАБ (човек и биосфера) програмата. За таа потреба, во Охрид од утре, 4-ти…

повеќе...

ВМРО-НП: Да се води грижа за водостојот на Охридското Езеро

Општинскиот комитет на  ВМРО-НП  укажува  на опасноста дека во наредниот период водостојот на Охридското Езеро уште повеќе ќе се зголемува и на последиците од таквата ситуација. „Највисоката дозволена кота на езерото е 693.75 мнв, а сега нивото на езерото е за 8 cm над максимално дозволеното ниво. За очекување е дека во наредниот период нивото на езерото уште повеќе  ќе се зголемува. Тоа се темели на фактите дека снеговите во околните планини се уште не се стопени, туку напротив во наредниов период  се очекуваат нови врнежи на дожд. Досегашните искуства…

повеќе...

Во ООН во Женева презентирани мерки за заштита на Охридското Езеро

Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро денес во Женева пред преставниците на Организацијата на Обединетите Нации изврши презентација за Дримскиот Проект во контекст на влијанието на климатските промени врз водните басени на езерата во Дримскиот басен. На презентацијата Пановски се осврна на значењето на Басенот од енергетски, еколошки и туристички аспект и ги потенцираше опасностите од суши и поплави како ризици од климатските промени. „Посебно се осврнав на драстичните промени на нивото на водите на Охридското Езеро кои се под влијание или на сушни или на влажни…

повеќе...