Езерото празно, чека зголемување на водотеците

Охридското Езеро од ден на ден е се повеќе и повеќе празно. Искористувањето на водата за потребите на хидроелектраните по течението на реката Црн Дрим го намали водостојот повеќе од вообичаено. Топењето на снегот од околните планини, евентуални нови врнежи од снег или дожд ќе бидат можност за да се зголемат водотеците и да се покачи нивото на вода во Езерото. Во секој случај, оваа година сигурно нема да се повтори сликата од годините кога Езерото беше преполно. А, дали се претера со празнењето, останува времето да покаже! WebOhrid

повеќе...

Галеб улови крап

Повреден крап доплива кај старото пристаниште. Но, со оглед на тоа што нивото на вода на овој дел од Охридското Езеро е намалено, тој заврши како плен за галебите. И покрај тоа што крапот е релативно поголем, галебот храбро го колваше. WebOhrid

повеќе...

Писмо: Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба

Како претседател на Здружение на рекреативни риболовци „Св. Апостол Петар“ од Охрид должен сум да реагирам на Одлуката на организаторите на манифестацијата „Ден на рибарите“ со која одлучиле да на овој ден на брегот на Охридско Езеро прават рибна чорба од морска риба. Се прашувам, а и ги прашувам организаторите дали некаде во светот на места кои изобилуваат со рибен фонд и имаат вековна традиција наместо со автохтона риба, а со цел да „заштедат“ од некој си буџет купуваат замрзнат ослич и лосос кој патем можеби е и 20 години…

повеќе...

Со одбележувањето на Денот на рибарите завршија Богојавленските празнувања

Денес на Сараиште со капење во осветените води на езерото, беше одбележан „Денот на рибарите“, со што се заокружуваат Богојавленските празнувања. За големиот народен собир традиционално, Локалната самоуправа за сите присутни подготви рибна чорба, греана ракија и вино, плашици и пача. Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека и со оваа уникатна традиција Охрид станува препознатлив, а бројот на гостите што за Богојавление присустуваат во Охрид постојано расте. „Ова е ден кога граѓаните се ослободуваат од секојдневните стеги, кога можат да поразговараат во една релаксирина и весела атмосфера за нашите обичаи и…

повеќе...

Светиот крст повторно во рацете на Петар Рупески од населбата Варош

Дваесет и седумгодишниот Петар Рупески од населбата Варош беше најсреќен меѓу стотинината верници кои денес скокаа по Светиот крст во водите на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Ова е четврти пат како Петар Рупески го фаќа Чесниот крст. Црквата му подари крст, а од градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески доби икона. На оваа масовна црковно-народна манифестација, присуствуваа неколку илјади посетители, од другите градови во земјава, како и од регионот, пред се, од Бугарија, Албанија, Грција и Србија. Манифестацијата Богојавление-Водици беше во организација на Општина Охрид…

повеќе...

Црвен крст Охрид со низа активности за Водици, но и со препораки до скокачите по крстот

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната и социјално-хуманитарната дејност. И оваа година во пресрет на празникот, на 18.01.2017 (среда), традиционално Градончалникот на општина Охрид-Локалната самоуправа обезбеди и во соработка со Црвен крст Охрид ќе подели 50 хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на 50 социјално загрозени семејства од Охрид. На 18.01.2017 г. (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и…

повеќе...

Празнична свеченост по повод празникот „Богојавление“

Со промоција на документарниот филм „Танцот на пастрмката“ и изложба на подводна фотографија, што ќе се одржи на 17 јануари во Центарот за култура „Григор Прличев“, започнуваат чествувањата за претстојниот празник „Богојавление – Водици 2017“. Главната манифестација ќе се одржи на 19 јануари, каде во 10 часот на Градското пристаниште ќе започне големиот Богојавленски водосвет, а претходно во 07 часот ќе се одржи Утрена богослужба, во 08:30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија, а во 09:45 часот поаѓа литиите кон Градското пристаниште. Во 12 часот на „Сараиште“ ќе се…

повеќе...

Седум години од бродската несреќа во Охридското Езеро

По повод навршувањето на седум години од бродската несреќа во Охридското Езеро кога животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија, делегации од општина Охрид, Капетанија, Бугарскиот конзулат, Бугарскиот културен центар и членови од Здружението „8- ми Септември“ положија цвеќе пред спомен обележјето на езерскиот кеј. Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно и ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници…

повеќе...

Охридско Езеро порибено со ендемична пастрмка

Министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Михаил Цветков денеска во Охрид присуствуваше на порибувањето на Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка. „Согласно Законот за рибарство и аквакултура обврска на државата е порибување на природните езера, од што најголемо внимание посветуваме на Охридското Езеро и зачувување на охридската пастрмка“рече Цветков, истакнувајќи дека за таа намена оваа година се издвоени 10 милиони денари. Одгледувањето на подмладокот го врши Хидробиолошкиот завод, кој согласно договорот обврзан е да изврши порибување на езерото со 2,5 милиони единки охридска пастрмка. „Оваа година според…

повеќе...

Томи Стефановски е победник на 30 Охридски пливачки маратон

Томи Стефановски е овогодинешниот победник на јубилејното 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:55:18:97 часа. Второто место му припадна на Италијанецот Едоардо Сточино кој пристигна за 5:55:34:37 часа, додека пак трет на финишот пристигна Евангелиста Матеус од Бразил за 5:55:34:37 часа. „Ова е неверојатно. Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен и среќен бидејќи Охридскиот маратон е мојот омилен маратон, маратон кој што има голема репутација во…

повеќе...