Италијанските научници тврдат: Охридското Езеро е најстаро во Европа

Откако потврдија германските научници, вчера и нивните италијански колеги изјавија дека Охридското Езеро е најстаро во Европа. Албанската телевизија Топ ченел, јави за спектакуларно откритие, како што го нарече, на група италијански научници, со кое се тврди дека Охридското Езеро е најстаро езеро во Европа. „Првичните резултати се дека по првпат имаме приближно точен податок за староста на ова езеро, дека истото е најстаро во Европа. Првичните податоци ни дозволуваат да бидеме многу сигурни во тоа дека Охридското Езеро е постаро од милион години и ова е многу значајно откритие…

повеќе...

Во недела ќе се одржи 14-та Меѓународна регата во кајак на мирни води

Кајак кану клубот и мотонаутика на мирни води „Стрмец“ е основан далечната 1947 година. Како најстар клуб во Македонија ја продолжува традицијата и ја организира 14-та Меѓународна регата во кајак на мирни води „Охрид 2014“. Меѓународната регата ќе се одржи во недела (28 септември) со почеток во 8:30 часот. Свеченото отворање на регатата е во 9:00 часот на Кејот пред хотелот Палас. На регатата учество ќе земат екипите: 1. ККК „Чипилски“ од Пловдив – Бугарија 2. ККК „Бегеј“ од Зрењанин – Србија 3. ККК „Светионик“ од Подгорица – Црна Гора …

повеќе...

Започна Проектот за ставање на албанската страна околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО

Во Поградец, Албанија започна со реализација Проектот на ЕУ и УНЕСКО попознат како Проект за ставање на албанската страна на регионот околу Охридско Езеро под заштита на УНЕСКО. Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро е нотиран како основа и партнер за проектот во компонентата за зајакнување на прекуграничната соработка клучна за резултатите на Проектот. Утврден е и работен план со кој треба да се исполнат целите на Прооектот до 2017 година. Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат одржа презентација пред претставниците на УНЕСКО во која ги презентираше начинот на воспоставување…

повеќе...

УНЕСКО проект – Интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро

На 15 и 16. Септември, во Поградец на брегот на Охридско Езеро ќе стартува со имплементација Проектот за Интегрално управување со природното и културното наследство на регионот на Охридското Езеро, финанасиран од ЕУ и УНЕСКО. Проектот е дизајниран да ги посочи главните критични точки околу заштитата на природното и културното наследство во регионот. Исто така цел е да ја зајакне прекуграничната соработка во овој дел, да ги зајкне капацитeтите за заедничко управување и да поддржи интегрирано управување и прекугранична секторска соработка. Финално, целта на проектот е ставање на албанската страна…

повеќе...

Избрани петте идејни решенија за плажа на Охридското езеро во општина Дебарца

Заврши анкетата на Министерството за транспорт и врски, на која граѓаните можеа да гласаат за вкупно пет идејни решенија за плажа на Охридско Езеро во општина Дебарца, кои пристигнаа на конкурсот за изработка на идејно архитектонско – урбанистички решенија за уредување плажата, објавен од Министерството за транспорт и врски. „Согласно резултатите од електронското гласање, од вкупно 3.072 гласови, идејното решение бр.1 доби 21% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр.2 доби 14% од вкупниот број на гласови, идејното решение бр. 3 доби 56% од вкупниот број на гласови, идејното…

повеќе...

Пет години од бродската несреќа во Охридското Езеро

Денес навршуваат пет години од најголемата бродска несреќа во историјата на Охридското Езеро во која животот го загубија 15 бугарски туристи. По тој повод делегација на Општина Охрид, претставници од Бугарскиот конзулат во Македонија со седиште во Битола, членови од Ротари клубот „Пирдоп“ од Бугарија како и претставници од Здружението „5-ти септември“ и од охридската Капетанија, положија цвеќе пред спомен-плочата на жртвите на градскиот кеј во Охрид. „Денес, како и секоја година го одбележуваме овој ден во знак на почит кон сите настрадани во бродската несреќа за која најискрено жалиме.…

повеќе...

Брајан Рикеман од Белгија – победник на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон

Брајан Рикеман од Белгија е победник на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон. Рикеман успеа во драматичен финиш да триумфира пред останатите пет пливачи кои во група речиси истовремено ја минаа последната контролна точка кај Канео. Втор на целта беше Евгениј Поп Ацев, додека пак третопласиран е Јоанес Едел од Франција. Во женска конкуренција победи Силвие Рибарова од Чешка. Претседателот Ѓорге Иванов кој е и покровител на оваа манифестација, им врачи ловоров венец на победниците на пливачкиот маратон.

повеќе...

Здружение „Христо Узунов“: Ја поздравуваме иницијативата за промена на името на кејот во Охрид

Здружението „Христо Узунов“ ја поздравува иницијативата на локалните власти конечно да се промени името на кејот во Охрид и да се избрише името на диктаторот Јосип Броз Тито од мапата на нашиот Охрид. Конечно дојде денот кога најрепрезентативниот кеј во нашата држава ќе го добие името Македонија кое природно му договара, а името кое Судените за Македонија ги потсетува на Голи оток и темнината на комунизмот ќе замине на ѓубриштето на историјата, онаму каде природно припаѓа. Сите оние кои биле кодошени, угнетени, деградирани, малтретирани и уништувани затоа што се бореле…

повеќе...

Дваесет и осми пливачки маратон маратон и 60 години од првата пливачка трка во Охридското Езеро

Дваесет и двајца натпреварувачи од 14 земји ќе учествуваат на 28-от Пливачки маратон што во сабота ќе се одржи на патеката „Климе Савин“ од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид. На 30-километарската патека во водите на Охридското Езеро точно напладне ќе запливаат 16 мажи и шест жени од Македонија, Чешка, Казахстан, Бразил, Аргентина, Италија, Белгија, Франција, Германија, Хрватска, Русија, Шпанија, Традиционално по пристигнување на сите учесници на Градското пристаниште, покровителот на манифестацијата, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на тројцата најдобро пласирани во машка и женска конкуренција ќе…

повеќе...

Цветков: Да се зачува охридската пастрмка

Зачувување на охридската пастрмка што е бренд за Македонија, ќе биде еден од приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што најави ресорниот министер Михаил Цветков, по посета на риболовниот пункт на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“ ќе бидат разгледани риболовните основи за зачувување и зголемување на рибниот фонд во езерата. „Постојано слушаме дека охридската пастрмка, која е бренд за Македонија ја нема како порано. Со концесионерот разговаравме како да ја вратиме повторно во Охридското Езеро, што можеме ние како држава и Министерство да помогнеме и да…

повеќе...