Министерката за култура Канческа-Милевска со подароци за ѕвездите на „Охридско лето“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, пред почетокот на свеченото отвoрање на 54.тото издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оставри средба со екслузивните гости, италијанските солисти Барбара Фритоли и Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик. На средбата, Канческа-Милевска им подари реплики од надалеку познатите теракотни икони со приказ на богатото македонско културно наследство, како и примерок од ексклузивната фото-монографија „Чудесна Македонија“ во која низ фотографии и текст се претставени убавините нашата земја. Италијанските оперски ѕвезди,  сопранистка Фритоли и нејзиниот колега баритонот Нучи, заедно со диригентот од Аргентина, маестро Горелик приредија…

повеќе...

Првата генерација на „Охридско лето“ го запали фестивалскиот оган

Првата генерација со кои се градеа почетоците на најголемата музичко-сценска манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето“ , Весела Ристеска и Траиче Наумоски го запалија фестивалскиот оган  на 54.издание. „Ова е голема чест за нас како генерација која е со „Охридско лето“ уште од самите негови почетоци. Навистина е гордост да се биде 54 години активен во градењето на фестивалската историја. Ги паметиме сите подеми и падови, но горди сме што денес може да се каже дека „Охридско лето“ е најдоброто нешто што го имаат Охрид и Македонија“, велат Траиче и…

повеќе...

Четириилјадната публика со едноминутно молчење оддаде почит на загинатите пилоти

Големиот концерт на италијанските ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи со кои стартуваше годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ беше посветен на четворицата припадници на АРМ кои трагично ги загубија животите во хеликоптерската несреќа во Струмица. Со едноминутно молчење, љубителите на уметноста им оддадоа почит на големите херои, чувари на военото воздухопловство на Република Македонија. „Сочувствуваме со вас, со целата македонска нација за големата загуба на четворицата млади херои, чувари на воздухопловството“, рече маестро Луис Горелик пред почетокот на концертот.

повеќе...

Спектакуларно отворено 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“

Со спектакуларен настап на големите италијански ѕвезди, сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи вечерва на прекрасната сцена на Античкиот театар во Охрид беше отворено 54.издание на фестивалот „Охридско лето“. Тие настапија заедно со диригентот Луис Горелик од Аргентина и Македонската филхармонија која со овој гала-концерт одбележа 7 децении од своето постоење. Фритоли и Нучи изведоа дел од познатите оперски арии на Верди, како што се „Дон Карло“, „Травијата“, „Моќта на судбината“ и други. 54-тото „Охридско лето“ за отворено го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, покровител на фестивалот,…

повеќе...

Делегација од градот Чезз, Сенегал во посета на Охрид

Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески деновиве е домаќин на гости од далечниот Сенегал кои престојуваат во Охрид на негова покана.  Делегацијата од градот Чезз ја предводи градоначалникот Идриса Шек – со кого Бакрачески стапил во контакт при престојот во Каен на одбележувањето на 70 години од Денот Д. Гостите од Сенегал денес се во посета на манастирскиот комплекс Свети Наум, а синоќа имаа работна вечера со градоначалникот Бакрачески и со претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска. На вечерата беа присутни и гости од Србија, поточно Помошник градоначалникот…

повеќе...

„Носталгија во црно-бели рамки“ од Зоран Вељаноски – Летра на Охридско лето

Под наслов „Носталгија во црно-бели рамки“ на програмата на Охридско лето недела во Дирекцијата на Фестивалот  со почеток од 20 часот е изложбата на фотографии од Зоран Вељаноски – Летра.  Во овој циклус фотографии од веќе препознатливиот фото-запис на Зоран Летра се исцедува носталгијата како сон отсонуван во црнобели рамки кој постојано се преобразува, се интенвизира и дејствува со лирскиот тон на виденото, почувствуваното, запаметеното. Токму таа интензивна лирика е она што возбудува во овој исклучителен црно бел мозаик кој  отсликува  една тивка меланхолија на нашите спомени, оценува академскиот сликар…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со организаторите и уметниците кои ќе го отворат фестивалот „Охридско лето“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во „Вила Билјана” во Охрид ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето”, како и светски познатиот сопран, оперската ѕвезда од Италија,  Барбара Фритоли, италијанскиот баритон  Лео Нучи и аргентинскиот диригент Луис Горелик, со чии настапи свечено ќе биде отворено годинешното 54 –то издание на фестивалот. Во пресрет на утрешното отворање на „Охридско лето”, македонскиот претседател изрази задоволство од годинешната програма, посочувајќи дека фестивалот дава исклучителен придонес за промовирање на македонската култура во светот, како и на најзначајните светски културни достигнувања пред македонската…

повеќе...

Италијанските оперски ѕвезди Фритоли и Нучи пристигнаа во Охрид

Барбара Фритоли и Лео Нучи, италијанските оперски ѕвезди кои утре ќе го отворат 54-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ пристигнаа во Охрид. Тие следаа со приватен авион, попладнево, околу 15 часот. И двајцата уметници доаѓаат првпат во Охрид, но велат дека слушнале за убавините на градот. „Се надеваме дека нема да врне. Концертот ќе биде прекрасен. Ветуваме дека утре ќе направиме нешто специјално за вас, се гледаме утревечер на сцената“, изјави Нучи. Подготвена за утрешниот гала-концерт е и сопранистката Фритоли, која тоа го потврди веднаш по слетувањето на охридскиот аеродром.…

повеќе...

Антички подготвен за големиот концерт на оперските ѕвезди Фритоли и Нучи

Сцената на Античкиот театар е подготвена за големиот концерт, вечер на познатите арии од оперите „Дон Карло“, „Симон Боканегра“, „Бал под маски“, „Отело“, „Риголето“, „Травијата“ и „Моќта на судбината“ на големиот италијански композитор Џузепе Верди. Со концертот на големите италијански оперски ѕвезди – сопранистката Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи во сабота ќе стартува годинешното издание на најголемата музичко-сценска манифестација во земјава „Охридско лето“. Фритоли и Нучи ќе ги придружуваат музичарите од Македонската филхармонија, која со овој концерт ќе прослави 70 години од постоењето, под диригентската палка на Аргентинецот Луис…

повеќе...

Охридските пратеници се запознаа со атрактивната фестивалска програма

И годинава на фестивалот ќе имаме музички уметници од светски ранг. Врвните оперски ѕвезди, сопранистката Барбара Фритоли и славниот изведувач на улогите од Вердиевите опери Лео Нучи ќе го отворат Фестивалот. Директорката на „Охридско лето“, Елизабета Јанкуловска, вчера во рамките на посетата во Дирекцијата на Фестивалот на охридските пратеници Александар Николовски и Сашо Василевски им ја презентираше програмата и атрактивните настани кои ќе бидат дел од Охридско лето 2014.  Публиката, како што рече Јанкуловска, ќе има можност да го види концертот на светски познатиот пијанист Максим Мрвица, кого уште го…

повеќе...