Вечерва со почеток во 21:00 во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, на програмата на „Охридско Лето“ е театарската претстава „Изгубени Германци“. „Изгубени Германци“ е целовечерна драма со современи идеи, атмосфера и амбиент кои се базираат на периодот од Втората светска војна. Настаните се случуваат во 1944 година, а гравитираат околу група Германци кои се заробени во рудник. Внатре истражуваат тајна руда, но истовремено отворајќи ги универзалните прашања за животот, смртта и општеството. Храната им ја обезбедува Американец, што претставува алузија на надежта која Македонија ја негува кон светската сила.…
повеќе...Tag: охридско лето
Ерменскиот пијанист Сергеј Бабајан вечерва на „Охридско Лето“
Вечерва во предворјето на црквата Св.Софија на програмата на Охридско лето е пијанистот од Ерменија Сергеј Бабајан,кој ќе изведе дела на Лист, Рјабов, Рахманинов/Володос и Бах. Сергеј Бабајан критичарите го сметаат за еден од најинтересните претставници на големата руска пијанистичка школа во најновиот период. Студентот на легендарните Горностаева, Наумов, Власенко, Плетњов на Конзерваториумот „Чајковски“, Бабајан меѓу првите успеал да направи светска кариера по распадот на СССР без секаква државна поддршка. Неговите успеси на меѓународните натпревари, вклучително „Кралицата Елизабета“ и „Бузони“ му овозможиле бројни концертни турнеи ширум свет. Бабајан настапува со…
повеќе...„Хамлет во пикантен сос“ премиерно на „Охридско Лето“
„Охридско Лето“ продолжува со премиерните изведби во драмскиот дел. Овојпат на фестивалската сцена, актерите од Театар Комедија, ќе ја изведат премиерата „Хамлет во пикантен сос“ од Алдо Николај, а во режија на Александра Кардалевска. Урнебесна комедија, млада екипа, нов свеж дух на младите актери. Претстава која се бави со атрактивни односи, тема која ја слави обновата на енергијата. Љубителите на театарската уметност вечерва во дворот на училиштето „Св.Климент Охридски“ со почеток од 21 часот ќе можат да го погледнат светот на дворската кујна како некој вид сензуално или невротично-весело Хамлетово…
повеќе...Концерт во чест на Ристо Аврамовски – 70 години од неговото раѓање
Денес, во црквата Света Софија, со почеток во 21:00 ч. ќе се одржи Концерт на македонски уметници по повод јубилејот, 70 години од раѓањето на Ристо Аврамовски, еден од најголемите македонски композитори, музички деец и публицист. „Аврамовски беше и ќе остане една блескава ѕвезда која светеше и не згаснува над неговата сакана земја Македонија, како што често милуваше да каже и напише, јас сум ѕвезда која на крилати коњи јава по Апокалипсата и се спушта од небото над мојата земја. Тој твореше и како врвен интелектуалец се бореше до крај…
повеќе...Мултимедијален проект „Три различни пулсирања“
Денес на „Охридско Лето“, во рамките на оф-програмата, со почеток во 20 часот, во предворјето на хотел „Палас“ ќе се одржи мултимедијален проект „Три различни пулсирања“. Проектот „Три различни пулсирања“ е спој на три различни гледишта кон природата и кон животот воопшто. Пулсот се јавува како едно врзивно средство меѓу творештвата на Ели Аиноска-Христовска – „Непознати предели“, Билјана Ангелеска – „Срцева комора“ и Стевчо Наумоски – „Пулсот на езерото“. Присутен, но на еден поинаков начин, по малку суптилен, кога посилен кога послаб, кога побрз кога побавен, но сепак алудирајќи на…
повеќе...Светскиот виолончелист Антонио Менезес вечерва на „Охридско Лето“
На програмата на Охридско лето денес со почеток во 21:00 ч. во Света Софија, концерт на светскиот виолончелист Антонио Менезес кој заедно со Олга Задо, една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација ќе изведат дела на Шуман, Брамс, Франк. „Во изминатите неколку фестивалски изданија во црквата Света Софија настапија најелитните челисти на денешницата. Во фестивалската историја се запишаа имињата на Александар Рудин, Наталија Гутман, Давид Герингас, Миша Мајски, Моника Лесковар, Ксенија Јанковиќ. Минатогодишното фестивалско издание беше затворено со настапот на изворедниот Енрико Диндо, кој зад себе остави концерт за паметење.…
повеќе...„Охридско Лето“ денес започнува со драмските премиери – „Мизантроп“ во предворјето на Св.Софија
Денеска на програмата на „Охридско Лето“ вечерва со почеток од 21 часот во Предворјето на Св Софија ќе биде прикажана театарската претстава „Мизантроп“ на текст од Жан Батист Поклен-Молиер, а во изведба на Турскиот театар од Скопје. Ова е прва од вкупно шесте премиери што ќе бидат прикажани во рамките на фестивалот. За режисерката на претставата Драгана Милошевска-Попова „Мизантроп“ е нејзин трет проект во Турскиот театар. Вели, темата на Молиер ја познава одлично како резултат на тоа што со неа се занимавала цели три години. „Она што посебно ме фасцинира…
повеќе...Познатиот руски виолинист Сергеј Малов, вечерва на „Охридско Лето“
Сергеј Малов познатиот руски виолинист вечерва во 21:00 часот ќе има настап во Црквата Света Софија, како дел од програмата на фестивалот “Охридско Лето” со изведба на програма од Бах и Барток. Покрај виолина и виола, Сергеј Малов активно свири на виолончело da Spalla направено специјално за него од Д. Бадјаров. Добитник на првата награда на меѓународните натпревари “Michael Hill“ (Нов Зеланд), “Mozart” (Салцбург), “Jasha Heifetz” (Вилнус), како и на Меѓународниот натпревар по виола во Токио, Сергеј Малов успешно се претставил на двата натпревара „Паганини“ (во Џенова и во Москва)…
повеќе...Дуо Корољов: Радоста на музиката ќе ја пренесеме на публиката
Музичката вечер на Охридско лето, по спектакуларниот концерт на Дмитри Хворостовски вечерва продолжува во „Света Софија“ со Пијано дуото Корољов . Во катедралната црква Света Софија во 21 часот во знакот на пијаното, уметничкиот тандем Љупка Хаџигеоргиева и Евгени Корољов ќе изведуваат популарни композиции на Јоханес Брамс, Антонин Дворжак, Морис Равел. Хаџигеоргиева не ја криеше својата возбуда за вечерашниот настап, во родната Македонија. Рече дека радоста на музиката вечерва ќе ја пренесат на публиката. „Секогаш ми претставува големо задоволство да свирам во Охрид и во прекрасната црква „Света Софија“, која…
повеќе...Претставата „Кога бев мртов“ вечерва на репертоарот на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21 часот во предворјето на црква Св.Софија, на репертоарот на фестивалот „Охридско Лето“ се игра претставата „Кога бев мртов“, во режија на Диего де Бреа, Љубљана – Словенија, изведба на „Словенско Народно Гледалишче Драма“, Љубљана – Словенија. Претставата „Кога бев мртов“ е инспирирана од истоимената бурлеска од германскиот режисер Ернст Лубич од 1916 година. На словенечкиот фестивал „Денови на комедијата“ 2011 во Целје, ја доби наградата за најдобра претстава, а режисерот Диего де Бреа на тој фестивал доби награда за најдобра режија. Улогите ги толкуваат :…
повеќе...