Со спектакуларен настап на светски познатиот баритон, оперската ѕвезда од Русија, Дмитри Хворостовски, заедно со Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет, под диригентска палка на Константин Орбелиан, синоќа во Античкиот театар во Охрид започна 53-то издание на „Охридско Лето“. Фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој традиционално се одржува под негово покровителство. „Велат, уметноста е одраз на човековата душа. И додека човекот го користи огледалото за да го види сопствениот физички одраз, ја користи уметноста за да ѕирне во душата. Фестивалот „Охридско Лето“…
повеќе...Tag: охридско лето
Со коктел во хотелот „Гарден“ најавен фестивалот „Охридско Лето“
Со пригоден коктел во х.“Гарден“, синоќа во организација на Општина Охрид и “Охридско Лето“, беше најавена годинешната програма на фестивалот и големата оперска ѕвезда Дмитри Хворостовски, со која денес се отвора 53-то издание на нашата најреномирана музичко – сценска манифестација. Ваквиот приод на менаџментот на фестивалот, ја потврдува добрата соработка со донаторите и пријателите на “Охридско Лето“, за успешна организација на вакви врвни културни настани, од кои бенефит имаат и донаторите и спонзорите на манифестацијата. Градоначалникот Бакрачески во изјава за ТВ Сител, го истакна големото значење што фестивалот го има…
повеќе...Хворостовски на прием кај претседателот Иванов
Оперската ѕвезда Дмитри Хворостовски кој со голем спектакуларен концерт утре ќе го отвори 53-то издание на фестивалот „Охридско Лето“ денес пристигна во Охрид. Заедно со синот Максим беше пречекан од диригентот и негов личен пријател Константин Орбелиан пред хотелот Инекс Горица каде ќе престојуваат наредниве два дена. Хворостовски, во придружба на првите луѓе на фестивалот директорката Елизабета Јанкуловска и селекторите на музичкиот дел Гордана Јосифова Неделковска и на драмскиот дел Ѓорѓи Иванов како и претседателот на УО Зоран Велјаноски Летра, беше примен од претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов во во…
повеќе...Успешно се одржа манифестацијата „Бело Лето“ на градскиот плоштад во Охрид
Илјадници посетители уживаа во концертот на Каролина Гочева на плоштадот „Св. Климент Охридски“, што се одржа во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со која официјално е отворена туристичката сезона во Охрид. Забавата ја збогатија Панчо и ДНК и диџеите Лефанк и Ајсберг. Присутните ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој посака успешна туристичка сезона, посочувајќи дека целта е Охрид да биде центар на забавата на Балканот. Покрај забавниот дел, гостите имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и со традиционалните занаети, кои беа изложени на посебни штандови на…
повеќе...Во куќата на Уранија ќе биде отворена изложба на завршни проекти од „Архитектурата како перформанс“
Денес со почеток во 20:00 часот во куќата на Уранија во Охрид ќе биде отворена изложбата на завршни проекти од работата на меѓународната летна архитектонска школа насловена како „Архитектурата како перформанс“. Проектот, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје НУ, а во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, се реализираше како увертира на Фестивалот Охридско лето пред свеченото отворање на 12 јули. Од околу десет идејни решенија изработени изминативе седум дена…
повеќе...Отворени вратите на Проектот: Креативен Охрид „Сега“
Од денеска па во наредните седум дена во Охрид во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје НУ, а во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, ќе се реализира меѓународната летна архитектонска школа насловена како „Архитектурата како перформанс“. Проектот КРЕАТИВЕН ОХРИД „СЕГА“ ќе опфати три локации во градот кои ќе добијат нов функционален изглед автентичен на охридската градска архитектура кои пак во иднина ќе можат да бидат и идејно решение за уредување…
повеќе...Реализирана акцијата за чистење на локалитетите од „Охридско Лето“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ веќе ја информираше јавноста дека во соработка со Н.У. „Охридско Лето“ од понеделникот започна акција за расчистување на локалитетите каде ќе се изведува уметничката програма на овој реномиран фестивал. Во рамките на акцијата се изврши етапно чистење на дворот од катедралнта црква Св.Софија, поширокиот реон од античкиот театар, летната сцена на Долни Сарај и дворот на О.У. „Св.Климент Охридски“.
повеќе...Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн – Креативен Охрид „Сега“
Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје НУ во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, НУ Охридско лето, и Општина Охрид, оваа година за прв пат ја организираат меѓународната летна архитектонска школа насловена како АРХИТЕКТУРАТА КАКО ПЕРФОРМАНС. Проектот КРЕАТИВЕН ОХРИД „СЕГА“ ќе се реализира од 01.07. 2013 год. (понеделник ) до 07.07. 2013 год (недела) во Поткровјето на ОСУ Св Климент Охридски Охрид. Меѓународната летна школа за архитектура и дизајн преставува почеток на реализацијата на заложбите Фестивалот Охридско лето да живее…
повеќе...Општина Охрид и „Охридско Лето“ заеднички за развој на културата
Општина Охрид и Националната установа Охридско Лето ќе соработуваат во областа на активностите поврзани со културата, со цел успешна реализација на Фестивалот како најголем културен настан и унапредување на условите за што поголеми уметнички дострели. Со ваква заложба денеска во Охрид директорката на најголемата музичко сценска манифестација Елизабеја Јанкуловска и градоначалникот Никола Бакрачески потпишаа Меморандум за соработка. И Јанкуловска и Бакрачески сметаат дека Охридско лето, круна на културната уметничка сцена каде се врежани имињата на најславните светски уметнички имиња е брендот на Охрид , градот кој преставува културен, духовен и…
повеќе...Се расчистуваат локалитетите каде ќе се изведува „Охридско лето“
Со цел што подостојно да се претстави Охрид пред светската јавност пред почетокот на најзначајниот културен настан „Охридско лето“, Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведува широко-опфатна акција за чистење на локалитетите во стариот дел од градот каде ќе се изведува уметничката програма. Етапно се чистат локалитетите: Долни Сарај, Антички театар, Света Софија, дворот на О.У. „Климент Охридски“, пристапните патеки и сокаци. Се расчистува отпадот, хортикултурно се средуваат зелените површини и се метат јавните површини.
повеќе...