Претставата „Магбет“ наместо на Долни Сарај ќе се игра во ЦК „Григор Прличев“

Претставата „Магбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Диана Добрева, во изведба НУ Албански театар – Скопје, Р.Македонија, која е на програмата на Охридско лето четврток (11.08.2016 година) од 21 часот поради временските неприлики и најавите за можни врнежи наместо на Долни Сарај ќе се игра на сцената во Центарот за култура.

повеќе...

Бакрачески: Св.Климент е наша духовна, културна и национална инспирација

Со низа културни и научни содржини на највисоко државно ниво Охрид и Р. Македонија ги одбележаа 1 100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски – Патрон на градот Охрид. Одбележувањето на јубилејот заврши со Свечена Академија што синоќа се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . Во своето обраќање градоначалникот Никола Бакрачески, истакна: „Дозволете да ја искажам целата моја почит и почитта на моите охриѓани кон нашиот духовен заштитник и патрон на градот Охрид- св. Климент Охридски.1.100 години од смртта на Светителот и исто толку години од духовното раѓање на неговите…

повеќе...

Проекција на филмот „Црвениот коњ“

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има проекција на филмот „Црвениот коњ“, во режија на Стојан Попов – Столе, по сценарио на Ташко Георгиевски, во продукција на Вардар Филм-Скопје. Филмот е снимен во 1981 година и е со времетраење од 127 минути. Главните улоги ги толкуваат: Ацо Јовановски, Велимир Живоиновиќ – Бата, Данчо Чевревски, Душан Јаниќиевиќ, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Коле Ангеловски, Лиле Георгиева, Мето Јовановски, Радмила Живковиќ, Ристо Шишков, Столе Аранѓеловиќ и Владимир Светиев. Филмот е добитник…

повеќе...

Свечената академија за Св. Климент утре во Центарот за култура – Охрид

Свечената академија по повод 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, на Македонската академија на науките и уметностите под наслов „Корените на словенската цивилизација“, која требаше да се одржи вечерва на Антички театар во Охрид, во рамките на „Охридско лето“ поради трагичните настани со човечки жртви кои се случија во главниот град на Р. Македонија, Скопје и скопскиот регион за што е прогласен и ден на жалост ќе се одржи утре со почеток од 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Свеченоста ќе биде збогатена со настап на…

повеќе...

Концертот на Артуро Сандовал од САД презакажан за вечерва

Од фестивалот „Охридско лето“ информираат дека концертот на Артуро Сандовал кој синоќа за жал беше откажан поради невремето кое го зафати Охрид, е презакажан за денес (7-ми август 2016) и ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. „Имено, бидејќи капацитетот на овој концертен простор е ограничен и помал во споредба со оној на Античкиот театар, во недела ќе се одржат два концерти, а по барање на публиката која само овој викенд и специјално за овој концерт е во Охрид, термините ќе бидат во доцните попладневни часови. Концертот…

повеќе...

Виолинистката Арета Зула и пијанистката Мерита Реџа Тершана вечерва на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот Охридско лето, вечерва во Црквата Св.Софија, во 21 часот ќе настапат Виолинистката Арета Зула и пијанистката Мерита Реџа Тершана, двете од Албанија. На програмата ќе бидат изведени дела од Шнитке, Блох, Дебиси, Григ и Равел. Арета Зула својата кариера ја започнува во Албанија, а набрзо потоа се појавува и на музичките сцени во останатите земји во Европа, Соединетите Американски Држави, Канада и Азија. Како солист и како камерен изведувач соработувала со голем број значајни оркестри, ансамбли, диригенти и изведувачи. Зула работи како професор, а често…

повеќе...

Фејсбук страница го злоупотребува името на фестивалот „Охридско лето“

Пред неполн час на фејсбук е направена страница со името Ohrid Summer Festival – Фестивал Охридско Лето и веднаш на истата се напишани неколку статуси во саркастичен стил. Очигледно некои луѓе немаат попаметна работа, па ситуацијата со невремето во Охрид и откажувањето на концертот на Артуро Сандовал ја злоупотребиле за лична корист. Пред неполн час на фејсбук е направена страница со името Ohrid Summer Festival – Фестивал Охридско Лето и веднаш на истата се напишани неколку статуси во саркастичен стил: „Почитувани, пари не враќаме, да си знајте! Ви благодариме на…

повеќе...

Концерт на „Артуро Сандовал“ од САД вечерва на Охридско лето

Легендарниот џез-трубач Артуро Сандовал од Куба, кој денес важи за еден од најценетите чувари на џезот, но и за реномиран класичен музичар, пијанист и композитор ќе настапи вечерва, во 20:30 часот на  Античкиот театар во рамки на „Охридско лето“. На програма ќе бидат изведени повеќе дела од џез-музиката. Артуро Сандовал е еден од најдинамичните и најенергичните музичари на денешнинава. Добитник е на 10 Греми награди, 6 Билборд награди и една Еми награда. Редовно настапува со водечките симфониски оркестри низ светот, а соработката со некои од најголемите музички ѕвезди денес резултирала со…

повеќе...

Охридско лето прослави 56 успешни години

Со торта, роденденската „happy birthday“ и концерт на Дамјан Пејчиновски трио, Фестивалот „Охридско лето“ синоќа во прекрасна атмосфера на плажата Куба Либре го прослави својот 56-ти роденден. Пред бројните љубители на уметноста, пријатели на Фестивалот, директорот на најголемата музичко сценска манифестација, Оливер Арсовски потенцира дека „Охридско лето“ испишува уште една успешна година во богатата фестивалска историја. Заблагодарувајќи се на сите кои ја помагаат манифестацијата, медиумите како и на тимот кој работи на реализација на програмата, Арсовски рече дека „Охридско лето“ ќе биде празник на уметноста и во изданијата кои следат.…

повеќе...

Концерт на пијанистката Ана Виницкаја од Русија вечерва на „Охридско лето“

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 21 часот, во црквата „Св. Софија“, концерт ќе одржи пијанистката Ана Виницкаја од Русија. На програмата ќе бидат дела од Р. Шуман, Ј. Брамс и Ф. Шопен. Со своите многубројни концерти низ св етот, пијанистка Ана Виницкаја стекнала углед на исклучителен пијанист. Своето образование го започнува под менторство на своите родители-пијанисти, а подоцна се запишува на Конзерваториумот „Сергеј Рахмањинов“ кај видни професори од оваа област, меѓу кои и познатиот руски пијанист – Евгениј Королиов. Како солист редовно настапува со некои од најреномираните…

повеќе...