Поради дефект прекин во водоснабдувањето во делови на општина Дебрца

Поради дефект на главната водоводна мрежа, во близина на село Горенци, од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, ги информираат жителите на с.Горенци, с.Оровник, с.Подмоље, дел од с.Требеништа, аеродром св. Апостол Павле, дека во вечерните часови, и попладневните часови утре – понеделник, ќе нема вода за пиење.

повеќе...

Делегација од Општина Дебрца утре ќе оствари средби со жители од неколку села во општината

Во текот на утрешниот ден, 4-ти октомври (сабота), градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски придружуван од секретарот на општина Дебарца, Илија Дуклески, директорот на ЈКП Дебрца, Јасмина Мицкоска, директорот на ОУ „Дебрца,“ Иван Димоски, советниците на советот на општина Дебарца од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, Нола Исмаилоска, Момчило Аврамоски, Крсто Мукоски и директорот на Пуик, Цветко Грозданов ќе се сретнат со жителите на населените места: 1. Оровник 16 часот во просториите на училиштето 2. Требеништа 17 часот во просториите на училиштето 3. Мешеишта 18 часот во поранешната општинска зграда 4. Ботун…

повеќе...

Дефект на главната водоводна мрежа во Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа

Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ испрати известување до медиумите, во кое стои: „Се известуваат жителите на населените места Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа дека поради дефект на главната водоводна мрежа, во текот на денешниот ден и ноќта, нема да има вода за пиење. Екипите на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ се на терен и во утринските часови се очекува нормализирање на водоснабдувањето.“ – известуваат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

СДСМ од охридско: Го нудиме она што на Македонија и треба – Стево Пендаровски!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во текот на денешниот ден оствари средби со жителите во Лешани, Мешеишта и Оровник, додека заменик претседателката Шекеринска оствари средби со граѓани во Струга и Радожда. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев попладнево ја продолжи посетата на населените места во охридско. Од Пештани Заев упати јасна порака дека она што и треба на Македонија, вистински Претседател, го нуди токму СДСМ. „СДСМ го нуди тоа што и треба на наша Македонија, вистински претседател, Стево Пендаровски“, рече Заев. Пендаровски секогаш е опкружен со народ, луѓето му приоѓаат и го…

повеќе...

Екипи на ЈПК Дебрца работат на отстранување на дефектот на водоводната мрежа кај Оровник

Поради дефект на водоводната мрежа, во текот на вчерашниот ден имаше прекин на водоснабдувањето во одредени делови од општината кај село Оровник, со што жителите и фирмите на тоа подрачје немаа вода за пиење. Екипите работат на отстранување на дефектот, и во најкратко време состојбата ќе се нормализира, информираат од ЈПК Дебрца.

повеќе...